^^ Да се надоврзам, мене тој скрининг во 22ра недела кај Димчев ме кошташе 3500ден. Тоа беше пред 2 месеца.
девојки митко ивановски е на одделот за инвитро лечи стерилитет не е за водење бременост едино води нс оние кои им помогнал да забременат. павле димчев е најдобар за бременост исто и гордана петровска е мн добра
За Обедниковски имам слушнато само убави работи... не сум била кај него но навистина верувам дека е многу добар мило ми е што имаш и ти убаво искуство со него
Мамички јас ви ја препорачува м-р др.Адела Стефанија од ГАК.Подобра докторка немало и нит ќе има.Закон е!Многу е професионална,многу е блиска со своите пациентки.Лично моето искуство и на неколку другарки ни беше топ со докторката!Ви ја препорачувам
Др. Кристинка од Плодност, прекрасен доктор и прекрасна личност, а се придржувам и на пофалбите на Др. Обедниковски се нај од срце и најискрено....
здраво сакам да прашам дали знаете на др сандица од кочани во колку часот и завршува прва смена. фала мн позз
Здраво на сите би сакала да ми препорачате некој матичен добар гинеколог од Скопје затоа што мојот не работи со плави картони,а ќе имам потреба заради упут. Ви благодарам на сите однапред
Од се срце ги препорачувам сите доктори од ординација Ложанковски, фантастични специалисти, а и за сестрите немам коментар, за таков третман и услуга сеуште не сум чула, или јас претходно имав многу лошо искуство со матични лекари
Во вторникот имав ужасно искуство со др. горан кочовски и сестрата некултурна што е кај него. Прво на закажан термин чекав саат ипол во неклиматизирана просторија без место за седење(зафатени беа сите) и со страшно усмрден тоалет во кој не се влегува. Откако поминаа петнаесетина минути од терминот влегов кај сестрата да прашам зошто сеуште не ме викаат, а таа дрско се развика :"Седи таму додека да те викнам" и ја тресна вратата, нормално дека не и прекутев ама тоа не го убрза чекањето. После многу долго време влегов кај докторот и почна вистинскиот хорор. За време на прегледот цел беше потпрен врз мене а со лактот ме стискаше на дијафрагмата и нормално дека неможев да дишам, господинот доктор уште и ми се развика дека немало да ме убие со тоа (дека ние сите отидени на смртна пресуда таму). И јаготката на шлагот за крај, бидејки ништо не коментираше туку само некои фаци правеше го прашав дали е се во ред, одговорот беше, цитирам: "Вакаааа сегаааа за сегааааа не гледам некои деформитети и аномалии, што не значи дека покасно ке ги нема " Мислам дека понатаму коментар не е потребен. Се извинувам за долгиот пост ама морав да ви доловам зошто во никој случај да не одите кај него. Јас лично ја бришам ГАК од мојата мапа на градот, уште 200 години реформи малку ке им бидат.
значи што стока од народ сме бре...јас би го пријавила и ич око не би ми трепнало..и ќе терам докрај,вака се понашаат дека законот не проработел,да работел пиперевка сите до еден би играле.
Кај кого ке пријавиш, кого го итересира? Се се тоа кланови, фамилии како црева се, ке се замараат они со обични смртници, мислат дека се богови ..... само приватни клиники се решение, нормално кој може да си дозволи
Руси Мила што не си кажала дека треба да идеш кај него одма ќе ти кажев јас со него го имав најлошото искуство за Приската мојата матична ме прати кај него за мислење за Приската Март месец беше ми ставиле некој слаб ризик и као овој постручен да ме види пријател и бил,и поодвратен поарогентен човек не сум видела не па доктор што треба да работи со пациенти особено со трудници дотичниот го чекав 1 час,во породилна сала бил не се ни извини туку ајде да те видам,немаш ништо на ехо ама тоа не значи дека се е во ред со бебето најдобро аминоцентиза да правиш најсигурно ти е тоа ќе знаеш на што си така,цела вечер око не склопив ради тој идиот и по 3 дена одма кај Димчев во Систина закажав,и на него му кажував за случајот со дотичниот Кочовски и он се чудеше како може така да ми каже на здраво бебе ради него ја замразив таа државна и не стапнувам таму да си кажела дека ќе идеш кај него за да не го доживееш тоа непријатно чуство со тој гаден доктор ама веќе биднало уживај бебчо ти е супер тој доктор е забеган терај си свиркај си
и да мислам дека треба да се преземат некои мерки за тој да не работи таму,само ги плаши трудниците искомплексиран доктор ама во право си во оваа наша држава ништо не вреди се е со врски,и он сигурно е со врски штом работи таму таков ајван доктор сигурно не го примиле од што многу знае,сигурно има јаки врски на кој и да кажеме џабе е жално за тие што треба да идат кај него ќе ги извади од памет,како нас државна нема ни да се оправи за 500 години тоа е....
Мила, знам дека има јаки врски и дека можеби не му можеме ништо, ама идејата за постот ми беше што повеке трудници и воопшто жени, да сватат дека е штетно по здравје да се оди на преглед кај него. Жени ширете ја оваа информација, навистина не би сакала никој друг да помине низ тоа што јас поминав, а еве и Тигарче има исто искуство.
реално од постот на тигарче, можам да кажам дека секој гинеколог истото би го препорачал,за единствени најточни резултати дава само амниоцентезата,не ја гледам причината за револтот што го има тигарче према докторов..мене баш ми се допаѓаат стручни лица да те советуваат или предложат во врска со тестови кои што може да се извлече најдоброто,повеќе би се замислила да не ме информира,поточно да се преќути..за нешто не дај боже да немам моја одлука за што понатаму..да не биде ко гром од ведро небо во поодмината бременост.
Да, добри се докторите кои знаат да насочат на подобри испитувања ама не и ако нема потреба. На пример амносинтезата не е без ризик за плодот а да не зборам за стресот на мајката додека три недели ги чека резултатите, што исто така лошо ќе влијае на бебето и сето тоа поради низок ризик на приската и несоодветно тумачење на ехото со резултатот од докторот.
па не би рекла дека е безпотребно амниоцентезата...знаејќи дека приската и не секогаш дава точни резултати,не секогаш димензиите на плодот можат да се правилно измерени,не секогаш бебето е свртено за време на мерењето за носната коска,а знаеме колку е битна таа носна коска во моментот да се види и измери и итн..за амниоцентезата може потпишуваш за тој 1% ризик,чисто колку законски да се заштитат самите тие,ама и не постои ризик,ако стручно лице ја изведе постапката(значи не може било кое медицинско лице да изиграва експерт за амниоцентеза и да се фати за иглата).A за стресот подобро да чекам три недели за толку битни резултати,отколку девет месеци да мозгам,ако е све ок или не.