Не сум била на преглед кај нејзе, така да не знам ништо за докторкава, преку познаничка знам дека примаа уште пациенти.
Одлична е докторката мене ми ја водеше бременоста, а воедно ми е и матичен гинеколог достапна во било кое време обајснува се што ќе ја прашаш смирена позитивна.
Дали и какво е вашето искуство со др. Татјана Гуржанова и др. Владимир Трајковски (и двајцата од New born), кој е подобар? До сега имам 2 спонтани абортуси и сакам да пронајдам што е причината и решението. Дали го бараат проблемот во двата партнери или се фокусираат само на женската неплодност?
И двајцата се одлични и стручни и си помагаат меѓу себе ако се работи за тежок случај, бидејќи најважно им е да бидат успешни во обидите за зачнување на бебе. Ги испитуваат и двајцата партнери за да имаат точна причина за неплодност или поради чести спонтани абортуси и да знаат како да продолжат со лекување за да се добие бебе и да се исполни желбата на партнерите.
Mene mi e maticen, ja koristam za bris, upat. Nemam nekoe iskustvo so nea. Fina doktorka. Sestrata kaj nea e zakon.
Здраво девојки, Сакам да сменам матичен гинеколог. Да ми предложите коректен доктор, по можност Аеродром или Ново Лисиче или било каде во Скопје и евентуално да не наплаќа преглед или барем да издава фискални сметки. Неколку години одам во ординација Коруновски, но време е да ги сменам. Неколку прегледи по ред ми наплаќаат ехо по 300 ден, но не издаваат фискална сметка и не дозволуваат плаќање со картица. Терминалот или им е затворен (демек доцна е 19:30 да се наплаќа со картица) или им е расипан. За 4D ултразвук 1200 ден ми наплатија, без фискална и пари на рака. Се почувствував изиграно и ограбено. Реагирам неколку пати, барам и фискална и да платам со картица, но секогаш е истиот одговор, не им работи терминалот. И порано наплаќаа 300 ден за преглед, но издаваа фискална. Се воздржувам да ги пријавам…. Има некоја членка која оди во оваа оринација? Мислење? Ви благодарам.
Добра си штом е 300, Радица мене ме соголе,,немам излезено пред да останам бремена, со помалку од 3000... "промивка на вагина" 400, не ни знам што е тоа, кога немаше такво нешто...за брис, за курирот 250, папот, џабе е матична...да ја сменам ми е едно од main goals есенва...
Не е само 300, тоа го наведов како пример. И земање брисеви и пап…..сѐ наплаќаат. Ама барем да издаваат фискална сметка. Тие на рака ги земаат парите и никаде не ги прикажуваат. Грабеж ни прават. Лута сум многу. Твојава дали барем издава фискална?
Од она што јас сум го слушнала сите исто прават со тоа што земаат и поголеми суми. Кај коруновски се најниски цените (кои не треба да ги наплаќаат) секаде е бетер.
Ако ти е матичен, д-р Филип Исијановски од Ултрамедика секогаш е достапен на телефон и ако не е нешто комплицирано дава совети и на телефон или те советува да одиш на преглед.
Јас сум кај Коруновски, но кај Др. Снежана што има посебно ординација. Јас сум презадоволна, секогаш ми давале фискална, не чекаш за преглед. И локацијата ептен ми одговара, бесплатен паркинг. И 300 ден за ехо ми е сосема океј цена. 60 ден за пап еднаш годишно, а за брисеви по 100 ден од еден брис зима и сама потоа си ги носам на клиника со упат.Супер цени имаат според мене.
Од 10 одења, на 2 дали ќе даде... таа е приказната, апаратот заглавува, нема хартија.. кога и да требало да се закаже нема мој термин, паѓа системот и смачено ми е искрено... кога не можев да останам бремена, јас сум општ лекар, сепак поограничени познавања, и очекував да ме насочи, да ми помогне, она ми викаше "уживај,има време"...
Ножие не плаќаме за услуга него за потрошен материјал, еден преглед гинекологот троши ракавица, подлога, заштита за сондата премаз дезифектант. Можеби за некој се многу и 300 денари, ама сепак тоа се 5 евра што еднаш годишно ги издвојуваме доколку нема проблем.