Здраво, јас одам во Промедика, др. Ана Матовска ми е матична. Еве веќе неколку години мене денар ми немаат наплатено. Моментално сум на патолошка, навремени се, достапни се, задоволна сум. Зошто ви наплаќаат ако ви се матични?!
Aaa dobra si ti @Natashka1988 pokraj uzivaj ima vreme mi reche pushti si pornichi i gledaj si da se opushtish Carica e vo treskanje gluposti.
Снежана е професионалец. И мене ми беше матична, но кога ја преместија на друга локација, морав да сменам матичен. Инаку, кај Кориновски матичниот само е на хартија, а си одиш кај кој доктор сакаш. Каде поточно е др. Снежана? Работи само прва смена, така? До лани даваа фискална, последниве 4-5 месеци откако почнав да одам бидејќи ќе правам ивф, не издаваат фискална. Ти кога имаш отидено последен пат? А, цените се тие и во мвр.. Дали се супер, не знам. 4 бриса се 400 ден и 350 ден на микробиологија, значи вкупно 750 ден. + 300 ден ехо, ете повеќе од 1000ка. Ако си во постапка за ивф, овие анализи се прават два пати во годината и гледаш барем на нешто да скратиш трошок. Па, Хормони….итн…така што не е баш дека им се “супер” цените. На специјалист на клиника на пр. плаќаш 40 или 80 ден. А овде треба да биде бесплатно. Тие добиваат пари од фондот за секоја пациентка. И општ матичен има трошок за ракавици, стапчиња за грло, алкохол, итн., па не наплаќа преглед. Зборувано е на темава и друг пат. Ги толерираат очигледно. Дали некој има досега пријавено? Дали би реагирале институциите по добиена пријава?
И да ги пријавиш 10 000 евра е казната ама немаат забрана за работа, а Коруновски има пари да плати затоа и ја направија како подружница ординацијата во Ново Лисиче. Снежана ти е еби ветар на мои 2 мисед ми рече епа божја воља е. Снежана има 4500 пациенти, 100 да се бремени она не може за секоја да знае(иако треба) и прави фатални утки едноставно не се замара си зема плата редовно и си ја лади.Баш имаше друга членка пишано дека и кажала дека е бремена, а уствари врска немало е до толку не ја бива.
Можно е, ти верувам. Односот и беше, ај пак да речам, професионален со мене, па и со “вие” ми се обраќаше, ама одев за најобични прегледи кога собирав документи за ивф. Верувај, и новите што им се примени не ги бива баш. ИВФ доктор ми кажува: почнуваме со стимулации, ок се хормоните, очекувани резултати, а матичнава вика: многу лоши резултатите, џабе ќе примаш стимулации. Односов катастрофа. Па не е ниту стручна за таа проблематика. Каде да се бара добар гинеколог? Барем за основни рутински прегледи да си ја знае работата.
Др. Филип е врв. Пристап, комуникација ,во секое време достапен. Јас сега се префрлив кај него. Претходниот ме советуваше рано ми е за бременост, не требало да се грижам. А веќе сум 38 . Со мерак ви го препорачувам Др. Филип
Добро е што е достапен и пристапен, но малку ми е чудно што не зборува, не објаснува додека трае прегледот, можеби и сум навикната од претходната докторка кај што одев 5 години на приватно и ми објаснуваше се како на учениче, а кај Филип малку треба за се' да потпрашувам за да каже, само тоа би го кажала како маана. Знам дека него се му е нормално, ама мене ми е прва бременост и сакам детално се да знам, ама па за тоа повремено си одам на преглед и кај претходната докторка на приватно, бар да смирам мисли
И мене ми е прв обид за бременост. Правев инсеминација таму и пре пре презадоволна сум од пристапот. Толку отворен и близок однос спрема пациент има , што немам зборови. После инсеминација ме фати стомачен вирус, три пати во ден ми пишуваше да види како сум. Мене ми беше важно тој пристап кон пациент ,што за разлика од претходно го немав
Изгледа ќе морам да правам хистероскопија заради сомнеж за преграда во матката и 2 спонтани. Кој доктор би ми го препорачале на државно, а кој на приватно? (Не само за дијагностичка, туку и оперативна хистероскопија зошто доколку има потреба би сакала да се заврши работата одеднаш) Ве молам за совет и искуство
I jas isto ne sum zadovolna od niv. Od kako im se promeni timot mnogu se drski i bezobrazni. Za cekanje pregled ic da ne zboram
Go delam tvoeto mislenje novite vrska nemaat apsolutno so nishto. Taa novata sestra nezz dali ste ja zateknale bremena bese mislam do 12 site gi mrzi posle 12 sama se mrzi
Сестрите се посебна приказна. Да ти е страв нешто да прашаш….. ја видов бремената, да …..да кај ги наоѓаат сите исти
Во принцип, не ни треба да знаеш сѐ детално, секако ако те интересира нешто си прашуваш. Доктор е важно да ти каже дека сѐ е во ред, и верувај ако има нешто сомнително, Филип нема да те остави на цедило Веројатно докторките како и секоја жена, имаат особина повеќе да зборуваат и објаснуваат, мажите не го тупат толку, они се практични До сега само кај мажи гинеколози сум одела, сите се исти
Матичната пред некој ден ми мереше грло на матка , стави ракавици. Воопшто не сум ја видела без ралавици откако е панддемијата. И во претходната бременост кога требаше да се користи кондом, ставаше прво ракавици
Втора бременост ми води, супер е, стручна, објаснува се. Порано се правеше повеќњ гужва пред ординација, сега се ппчотуваат термините и не се чека
дали знаете кој гинеколог во центар по можност или карпош што би примил нови пациенти сега? кај кокороманова се јавив ми кажаа тек наредни месеци да се јавам некој друг да предложите