И тоа го имам доживеано таму зборењето гласно сите да разберат. Минатата година кога правев ПАП ( приватно) ми се јавува сестрата ми вика стигна резултатот имаш хпв вирус да дојдеш со Др. да се видиш. Јас палам патиките за 5 мин сум кај нив испаничена влегувам таму гужва, сестрата стои на крај од ординацијата кај другиот пулт и од таму се дере кажиии што ти треба. Викам ми се јавивте за пап да дојдам и пак од таму се дере " аааа ти беше таа со хпв вирусот" мислам дека до УЈП ја слушнаа вработените. Нормално сите се вртат те гледаат како шуга да имаш јас пропаѓам во земја. Си направив типизација испадна нема ништо му благодарам на господ ама затоа таму се научив дека треба да се довикуваме ако сакаме да искомуницираме. Таму одам ептен дека ми е блиску, нивните услуги ги користам само за упат, пап и брисеви.
Како сте задовочни за водење бременост? Ми одговара оти ми е во близина, а од Коруноски сакам да ги сменам.
Да споделам мислење можеби ќе се најдеме со некоја членка кај ист доктор. Јас сум кај Лолита во поликлиника Ѓорче, малку ми е далеку ама ми ја препорачаа,.. е сега не знам дали само со мене така функционира женава или и со др пациенти. Моментот беше кога ми ја утна неделата за приска, и ме напраи будала зашо на клиника веќе не ме боцнале, а јас прва бременост па не знаев кога се праи таа приска, мислам не сум информирана за ништо од нејзина страна, следно кога побарав упат за ендокринолог за висок скриен шеќер ме одби да ми даде со изговор чим имаш вика човек на клиника на ГАК тогаш нека ти среди таа личност. Барам крвна слика да правам, вели немора секој месец, едвај и тоа ми даде упат (иако не наведува на упатот дека станува збор за трудница па морам да кажувам секој пат кога идам да се боцкам, за да малку имам корист од здравствово и барем да не плаќам за обична крвна слика, пошо по закон трудниците се ослободени) следно, секој муабет секој преглед ме напнува со тоа дали таа докторка што ја познавам од ГАК ќе ме пораѓа, дали вака дали така. Последно сега што ми го качи притисокот беше кога ми рече дека не морам да правам 3 скрининг а докторката од ГАК вика дојди во текот на 32нед да го направиме, не за џабе го стаиле и тој 3скрининг како битен. Искрено до сега, јас морам да бидам пациент кој мора све да праша со претходно листање и читање на интернет кога се се прави и како и што, за брисеви кога за ова за она кога, она си е така ладнокрвна, шо немам коментар. Секој пат кога одам на контрола, чекам, по 40минути за да влезам пошо пушта преку ред пациенти и се задржува повеќе со секој пациент. (со мене завршува за 20-25мин) Извинете на долгиот пост меѓутоа сакав да споделам дел од тоа како мојата матична е нели ''секогаш заинтересирана'' за мојата бременост, а на телефон да ја побарам никаде ја нема, на порака пишана враќа после 3 дена.
Батали што ти ја препорачале, чим се осеќаш дека не е доволно компетентна да ти ја води бременоста, не оди веќе кај неа. Нема потреба да си правиш стрес за вакви работи, ако можеш оди приватно, ако не префрли се кај друг доктор да ти биде матичен. Не значи дека приватно ќе ти објаснуваат повеќе автоматски, ама барем имаат попрофесионален пристап и одговараат на секое прашање без да те прават будала (не важи за секој доктор нели, ама по големиве болници е така барем од мое искуство). А ако веќе одиш во Ѓорче за матичен гинеколог, сум слушнала за д-р Билјана од истата поликлиника, мислам дека имаше некои членки што ја фалеа за водење бременост, ако не се лажам тоа е истата докторка што ја спомнуваат членките неколку коментари погоре.
Смени ја после бременост да не ти направат проблем за породилно мислам дека и за тоа требада си 6 месеци кај еден гинеколог за да ти следи породилно. Ако можеш приватно истерај бременост и после тоа смени си ја. Среќа што имаш уредна бременост па се во ред и не се замара. И кај биљана било гужва и знаела да касни по саат време така читав. Ја фалат Вероника Кокороманова во центар. За приска и подобро што не си отишла зошто тоа е некоја математичка пресметка и не ми е веродостојна ама баш ич.
Дали информацијава за промена на матичен гинеколог ти е проверена? Јас колку што знам условот е само да имаш минимум 6 месеци непрекинат работен однос. Ама за ова со промена на гинеколог прв пат слушам и баш барав ама не најдов ниедна статија или закон што го потврдува тоа.
Пишуваа во труднички ако не се лажам пред една година зошто и јас сакав да ја сменам ама ја оставив за боледување матичната. Немам време да пребарам на лупата ако имаш време ти ѕирни. Секако фајде од матичните нема се натпреваруваат во утнати дијагнози и дрско однесување.
И мене ме интересира баш. Ми го спомнаа, мислам дека е млад доктор. Знам дека мајка му е јак гинеколог и него го фалат. Ако успеам да се видам со него ќе пишам искуства.
Nadica geroska od mama bese na odmor tanja i bese zamena, mislm deka nadica i e zamena na tanja isto…
Баш прашав за ова пред некој ден во темата Породилно отсуство и врати една членка дека има сменето матичен неколку месеци пред пораѓање, не и направиле проблем после тоа. Оваа година било. Така да ваљда не е проблем за сите.
девојки да не има некоја што се префрлила кај др Радица Бојчева во Цнетар сега брзо? ми кажаа месецов ако некој откаже може ке прима нови пациентии, а сестрата е страшно нељубезна 2 пати што се јавив ко луда се дереше, такво и е однесувањето секогаш или какви искуства имате со нив?