Јас имам скриен шеќер и ако не испитував во првата бременост (кај друг матичен беше тоа) немаше ни да знам, никогаш не ми кажа дека се испитува тоа, кога барав кај Снежана никогаш не ми даде упат да испитам ми викаше оди кај општ лекар да ти даде упат ама подобро приватно оди не ти е скапо... Д-димери барам да испитам вика ако имаш индикации сега немаш потреба (а кои индикации жити се, да чекаш да залегнеш за да испиташ, а секаде пишува дека треба да се испитат во бременост). Намалено железо имав, вика во ред е крвната слика, на следна крвна слика по еден месец веќе на граница железото, со денови чекав да ми врати и ми вика препарат за железо треба да земеш или од нас или од општ лекар оди за упат... Некако ептен ме разочара незаинтересираноста.
Мила зошто да заминеш кај друг доктор замена и е др.Биљана и е доста стручна и добра во работата мене ми е матична др Марија а бременоста ми ја води др. Биљана замената и сум задоволна
За д-димерите се гледа и по постелката на ехо дали има промена. Јас испитав само кога дозмав дека сум бремена,заради претходна биохемиска бременост. Потоа од 20 до 30та недела лежев заради скратен цервикс,никој не рече да испитам димери,кај 3ца доктори бев во тој период. На крај се беше уредно.
Може е така, да. Мене ме изнервира сестрата што на врата ме откачи како оди си на приватно за скриен шеќер а за д димер нема термини и тоа можеш на приватно. Јас како што сум таква ако ми речат нешто не запрашувам, не ни споменав дека за во друг град ми треба а не во Скопје, каде патем се јавив во лабораторија и има термини
Јас скриен шеќер правев во Ск на приватно во Генеа, а за ддимери почекав 2 недели за термин за во друг град. Не искачај од таму додека не ти дадат упат.
За скриен закажав веќе во Авицена, во петок сум на контрола па пак ќе им барам упат, штом од амбулантата ми кажа дека имаат термини не би требало да е проблем да ми дадат. А инаку општ матичен дали може да ми даде упат за д димери?
Не може општ матичен за ддмери. Јас следам на мој термин штом пуштат за трансфузија звонам кај мат гин да ми фатат термин. А скриен шеќер преку општ матичен може.
Може мила, мене општ матичен ми даде, само што со тој упат се плаќа, а со упат од матичен гинеколог е бесплатно
Се мислам каде да одам дали во Коруноски или Дијагностички центар. Може препорака? Ми треба матичен гинеколог.
Решив да и дадам шанса на Д-р Билјана, следна недела треба да се видам се надевам и моето искуство ќе е како и твоето
Јас сум навистина задоволна бидејќи и јас барав некој добар доктор долго време така да мислам дека би била задоволна ако ти е матична Марија замена и е Биљана така да нема да мењаш матичен доктор. Поздрав и се нај убаво
Не се спгласувам за да си бараме сами, ако ти е прва бременост од кај знаеш што треба да бараш? Нели матичен гинеколог и за тоа е, ти ја води бременоста, треба да ти каже што се се испитува во бременост, а не ти сама да се информираш што треба да испитуваш и сама да си бараш упати. А они само ехо да ти закажуват.
За жал повеќето тоа прават. Ништо не се замараат. Само ехо мерките...расте и тоа е. Не ни паметат ниту се замраат со терапија.
Прва ми е, мојот матичен е супер, пак си барам. Нема останато доктори во државава, а не па добри. Барај за да не луташ. И не само во бременост, пред бременост е побитно да си бараш секакви испитувања.
Доколку имаш нормална бременост не се замараат толку , мојава а е таква ама ја не се лутам што ме интересира ја прашувам и си барам лош коментар или понашање не сум добила буквално за се тука се информирам , лошо е ако има индикации а тие да си молчат …