Мене ме пораѓаше дотичниот д-р и благодарение на него завршив на царски.Човекот нема никаков пристап со пациентите,арогантен и без култура.А за раната да не ви кажувам,мајка ми дома да ме шиеше поарно ке ме сошиеше.
За ова ви зборувам, дека ликов поима нема што работи, крајно е дрзок и безобразен, без никакви допирни точки со етика, посебно не лекарска, а како потврда за неговата нестручност ми беше контрплниот преглед веднаш по неговит, на кој се залкучи дека скоро сите мерки ги утнал. Доколку не има повеке, доволно гневни на него, јас сум за тоа да се пријави, ако ништо друго барем да не малтретира други. Мислење?
И јас се паднав на скрининг во 22 недела кај Др. Горан Кочоски, прво за преглед каснеше 1,5 саат зошто го викнале на породување, и после набрзинка не прегледа тие 4 што бевме останати.. Не е нешто речит, ќути и гледа, јас го потпрашував и ми одговараше кратко, и мене на крај ми ја кажа истава реченица - па сега за сега се ми изгледа во ред и не гледам аномалии, но незнаеме за понатаму дали ќе има.. И јас се сецнав кога ми кажа така, ама ете очигледно човеков таа реченица на секој ја кажува и си се оградува од одговорност... Бев и заборавила на ова, сега ме потсетивте.. Ова ми е класичен пример на доктор чие мислење нема вредност..
Decki zdravo. Dali nekoj imal iskustvo so Dr Stojkovska od Remedika? Jas sum strasno razocarana od nea. Posle in vitroto koe go pravevme kraj na april , trebase da pravime kontrola vcera. No gospogjata doktorka ja nema ziva, niti kreva na telefon, nitu odgovara na poraki . Vekje 3 dena ja baram i ne mozam da ja dobijam . Razmisluvam da se prefrlam vo Sistina no prethodno da napisam prigovor za neprofesionalno odnesuvanje... Mislam, prva bremenost mi e ,plus vestacko oploduvanje , imavme stres golem , plativme 3000 eu i na kraj gospogata ne moze da krene telefon! Sramota
Sakas da kazes deka site treba da pravat amniosinteza????? Kolku sto znam so low risk nikogo ne go prakaat na amniosinteza plus normalni vrednosti na eho. A ako ima potreba za nea, togas da, vredi da se cekaat rezultatite. Vo pogorniot post muabetot bese deka kocoski so nizok rizik prakal na amniosinteza
Мила темата тука не е за Приска туку односот на докторот кој работи со трудници и стварно не е како што треба,ама веќе кога те интересира зошто сум револтирана да ти кажам како прво може ми е прва бременост,ама доволно сум информирана за да знам дека со LOW RISK никој не праќаат на амниоцентеза со среден или висок да,и да ако требало се ќе сум направела за моето бебе ама со моето бебе се си во ред,според нухален набор и носна коска резултати си се супер,бев и кај Димчев и кај Коруноски значи плус две мислења имам дури Димчев се чудеше како може да не види нухален набор и се друго сепак вика колега ми е го знам работи долго време во државна,би требало да знае што да мери и да провери има исто и Приска 2 не одма за Дотичниот секое бебе може да има некоја аномалија и да напоменам дека прегледот беше хаос стиска притиска со лакт со гел хаоси затоа сум револтирана,ако незнае да си ја работи работата има други што чекаат за таа работа и знаат да се однесуваат со пациентите како што треба не ваков Ајван Доктор ама да на жалост тоа е мојата Чудесна Земја на жалост!!!
Може ли да ми кажите, тие што сте од прилеп, кој/а ве пораѓаше и како сте задоволни, треба да одберам и несум сигурна кој доктор да го одберам.. Фала
знае ли некоја од вас подетално што се случува со гинеколошкото одделение во прилеп?? вистина ли е дека сите трудници ќе се праќаат во битола?
јас 2 пати бев на скрининг во 12 недела еднаш кај Димчев и наредниот ден кај мојот матичен Коруновски. И двајцата ми кажаа нема место за паника. Димчев дури и ми кажа не се замарај, не читај и не слушај други жени секој си е засебен случај. Коруновски, иако резултатите беа ок ме прати на Приска, Приската покажува low risk.Немам намера да правам аминоцинтеза, дополнителни стресови ми се тоа. А што се однесува до Др. Горан Кочоски јас би го пријавила, не смее така дрско да се однесува со пациенти.
Бебето93, јас сум 9ти месец и ништо не се знае за породилно,вршат само прегледи, и тоа ако имаш време и нерви да чекаш ден и повеќе, на смена има само по еден доктор, кој има задача и да пораѓа, и да прави операции и да оди на визита. Јас ја прашав матичната, и таа ми рече дека 80% ќе не праќаат Битола, не знам колку е сигурно само еден доктор да е присутен на смена, треба упат да имаш претходно, зашто Битола без упат не те примаат ни за жива глава. А ова за бирањето на доктор, тоа мислам дека во Прилеп го немаш(освен ако с епораѓаш со царски на закажано) инаку те пораѓа доктрот што е на смена. Е сега, прибидејќи кај нас се останати само двајца доктори кои си ја вршат работата,немаш многу голем избор да бираш
мене бременоста ми ја води Митко Ивановски од Систина, и јас правев ПРИСКА и покажа low risk. Разговарав за ова и со лекарот и со мојот матичен Коруновски (како второ мислење), и независно и од двете страни ми беше кажано дека доколку покаже low risk, тоа значи дека нема потреба од аминоцинтеза, во спротивно се препорачува аминоцинтезата како следна варијанта .Инаку сите што правеле приска знаат дека тоа воопшто не е стресно испитување или слично. Јас аминоцинтеза не сум правела но било малку стресно и за мајката и за плодот, и затоа е дадена приската како прв филтер од овој тип на анализи. Јас така го имам сватено според две независни стручни мислења. Дополнително ми е олеснување што д р Ивановски е тип на доктор што не ги остава работите на случајности.
За овде знам дека само Моника е останата, началничкава, друг кој има?? Наводно сега се вратиле битолчаниве, ама до кога бог знае... ТИ што направи? До каде си? Може и породена да си до сега хехехе. Јас многу рано ти враќам...
Одам во гин.ординација МАМА, претежно бидејќи гинекологот е жена. Иначе, не ми се допаѓа што сестрата на пултот ти кажува ИМАТЕ 15 МИНУТИ - мислам што ако ги пречекорам тие 15 минути, ќе ми наплатат? Како малку да плаќаме за прегледите...
А јас уште порано да видам дека си ме прашала нешто .Моментално одам кај Моника, но сите доктори комплет се тука, вклучувајќи ги и Битолчаните(и тие пораѓаат и држат смена, т.е. се дежурни). Не сум сеуште породена, бебчо ужива да ми преместува ребра, желудник, стомак. Ете сега баш имало некој добар и искусен млад гинеколог, прилично нов, кој е и како се вика не знам. Немам одбрано кој ќе ме пораѓа, кој се погоди тој, здравје само да сме ние со бебчо здрави и живи.
Да да, и јас слушнав за тој новиот, незнам ни јас кој е.. А задоволна си од моника? Имам пријателки што ми кажуваат дека била дрска и сличноо.. една од нив сакаше царски да оди, а ова не и дозволуваше во никој случај.. на крај го најде русе и тој ја праеше царски.. Кога да почнам да одам на болница ? и зошто се оди воопшто кај друг гинеколог, кога веќе Мимоза мене ми ја води бременоста, сега за сега е супер... 32 недела влегувам денеска..