Јас пред сестра ми да стане гинеколог(има своја приватна гинеколошка ординација во Центар) бев кај Зоранчо Петановски во Ре-Медика и неможам да кажам лошо мислење за докторот.
Ептен супер искуство. Откако кај матичната имав многу лошо искуство си закажав кај женава платив околу 6500 целосен преглед и не жалам затоа што ме опушти и воопшто не ме болеше. Ја препорачувам
Здраво девојки пред се срекни празници и се најубаво во новава година. Сакам да прашам за добар гинеколог во Струмица 5 недела сум и некој ден пауште малку време ми е да одам на преглед. Но не ги знам гинеколозите кој се и како се. Ако може некој предлог
Мила доколку го имаш бројот на др Билјана те молам може ли да ми го пратиш во порака. Итно ми е за консултација, а не се сетив да и побарам број.
Извини мила дури сега гледам дали го најде бројот не можам да ти пишам за да ти го пуштам во порака има забрана..
Искуства со Јане Стојковски и Јован Ефремовски од Ремедика? Ми треба за комплицирана бременост и можни компликации при породување. Сакам да одберам еден од нив.
Кај Јане Стојковски идев на прегледи и тој ме породи пред месец дена. Имав ризична бременост. Задоволна сум од докторот. Смирен, сталожен, темелен.
Здраво. Знае ли некој дали Др. Зоран Илиевски прима пациенти? Имам лошо искуство со претходниот матичен, слушнав многу пофалби за Др. Зоран, па сакам најбрзо што може да се префрлам кај него.
Јас имам лошо искуство со нивните доктори. На првото ехо 7 недела бременост Елма вика ова ќе биде убава бременост во 17 недела почнуваат проблемите со грчеви дава прогестеронска подршка, 20+5 дава дозвола за патување од што се е во ред, на 22+1 бебето веќе не е живо со промени на постелка кои се гледале и на 21+5. Кога дозна за абортусот одговорот и беше можда е од уроци. Адамова задоволна сум али она повеќе работи скрининзи ми се чини. Другарка одеше кај Славјанка во бременост ниту еднаш не и измери притисок, кога отиде на породување во Чаир утврдено е дека има висок притисок и кога ја прашале каков бил на прегледите девојчето се чудело не знаела колку и бил. Од каде да знае дека треба и притисок да и мери гинеколог прва бременост.