Малку не пишуваш како што треба. Овие цени што си ги напишала, се цени за приватен преглед, доколку не ти е избрана докторката за матичен мекар. Каде и да одиш ако се прегледуваш приватно,толку ќе платиш. Второ, размисли зошто имаат толку гужва и си чекала саат време? Изгледа не знаеш да процениш квалитетен доктор и квалитетни здравствени услуги. Затоа остани си кај старата матична, не зафаќај простор на некој што бара навистина знаење и квалитет, бидејќи и онака се преполни со пациенти.
Јас одам во Деметра кај др. Оливера,и сум презадоволна не би ја мењала никогаш. Треба да почне со фонд да работи кај и да е,пред две недели кога бев ми рече на почеток на август дека ке може да биде матичен доктор. Нема да згрешиш ако идеш кај нејзе.
Моето лично искуство со др. Ема е одлично. Јас кај татко и одам веќе долги години на редовни контроли ама она ме гледала повеќе пати кога татко и бил отсутен и сум многу задоволна од пристапот, стручноста и достапноста телефонски. Кога ќе се пензионира татко и јас ќе се префрлам кај нејзе.
Пиши и на социјалните мрежи. Или на сестра објасни и ја ситуацијата па нека ја повикаат. Те чекаме да пишеш што си направила.
Здраво женски , бремена сум 30 недела имам матична ама сакам второ мислење да одам кај некој друг на еден преглед , да ми препорачате некој добар со бременост со инфекции?
Има ли некој со матичен кај Ложанковски, кај докторките? Знаете ли работно време во петок до колку им е? Пола саат вртам неможам да ги добијам и дали знаете случајно д-р Марија дали е вратена од породилно?
Марија е на породилно до 21 септември, а Билјана е неколку дена на одмор ама ќе се врати при крај на следнава работна недела. Мислам дека сестрите на Ложанковски може да ти средат работа за рецепти и упати, а за преглед не знам како оди кај него.
Можно е да се на одмор па затоа не креваат. Иначе кога бев средината на јули ми рече за две недели ке биде средено се со фондот и ке почне да работи ко матична. До сега битребало веке да е почната,само ти викам можно е да се на одмор. Кога бев пред 10тина дена имаше на вратата залепено дека ке бидат на одмор ама не ми текнува до кој датум пишуваше.
Дали знаете за доктор Снежана од ПЗУ Коруновски дали сеуште работи во ординацијата во Ново лисиче? И на кој број може да се закаже?
Би сакала да ми препорачате гинеколог за водење на бременост, приватно. Исто така гинекологот што ќе ми ја води бременоста да може да ми е достапен во било кое време, на телефон. Исто така гинеколог за скрининзи. Благодарам!