Имам матичен гинеколог на државно, но сакам бременоста да ја водам на приватно. Предлог за добар гинеколог во приватниве болници? Повеќе препораки слушнав од блиски, сакам да видам и вака од непознати на форумов, за да одлучам.
Doktor Simonida Kotlarova Poposka vo Remedika. Topla preporaka za doktorkata, ljubezna e i profesionalec vo svojata rabota!
Здраво Предложете ми добар матичен гинеколог за после два спонтани, кој што би дал се од себе и би ме упатувал за се? Со генетски мутации сум. И дали и кој специјалист би го предложиле?
Митановски во Ѓорче доста упатен е со мутациите па малце е по ангажиран. И јас сум со мутации па затоа и ти го препорачувам, за разлика од Снежана од Коруновски што појма си нема и ги игнорира специјалистите и нивното мислење.
Имам предходно пишувано за нејзе 2 мисед од кои после првиот не ни сакаше да ме прати на испитување али отидов преку матичен општ, а вториот се случи ради нејзе пишуваше од Јани на извештајот клексан од прв ден на позитивен тест а она после 10 дена ми кажа епа почни сега да се боцкаш и ништо пак мисед беше. Трета бременост кај Гордана Систина ја водев и успешно заввршена Многу ми се хаотични кај нејзе бев за да ми прекине патолошка бременост ми обесуваше како не смеело па не можело и на крај испадна дека може. Немам искуство со нејзе али и другите што раотеаво Коруновски не беа нај нај доктори.
Амбуланта 2, соба 11 на ГАК кој гинеколог е? Не сум од Ск, имам упат за таму на преглед ама не го пишува името. Матичниов ми спомна Анета или така нешто, не запамтив... Да знам кај одам.
Не сум била во таа амбуланта, не знам заради која причина одиш ама докторите имаат распоред и во различен период/ден има различен доктор, зависно кој е на смена.
Тогаш ќе видиме. Фала на одговор. Баш бараше термин да ми даде кога ќе е таа некоја на А и' беше името... рече поприступачна била, подобро ќе ми обрне внимание... Како и да е, битно да завршам работа, за ендометриоза треба да добијам мислење, две цисти имам. Само на добро нека е, има лек за се'.
Ама ова нешто застарено да не им е. Горе како да читам Ноември.2021 Од ГАК мене само на Анета Сима ми текнува и она беше на 4 спрат на асистирана последно кога јас бев. Додуша долу прво на амбуланта примаа па препраќаа, ама не ми текнува која амбуланта беше.
Онака само ми падна во око. Може еве сега си враќам назад јас последно черврток бев во 36 кај Јоксимовиќ