Јас одам после спонтан за упат за испитувања, за разговор едноставно што се вика, он така, како ништо да не се случило, ај бе ќе има пак ми вика, ова не го бивало.Може за него ова не е ново и е доктор ,навикнат е, ама мене не ми беше сеедно што тоа ми се случи. После почна да ми збори, маж ми имал неквалитетна сперма, да пиел нешто за стимулација. Како он заклучи каква сперма има маж ми само не знам. Па ми кажуваше он дека млад станал татко, ама дека станал млад татко пошо ја напумпал жена му, божем мене ме интересираше многу тоа. Го прашувам, што би препорачале за испитување, одговоров : абе еден спонтан е, не се потресувај. Имаш едно родено?-имаш, ееепа што тогаш, ќе има пак. Јас на овој коментар, со тие хормони не знаев дали да станам да си заминам, или да му го превртам бирото врз глава. А, и јас тука разговарам со него, вратата од кај сестрата отворена, све слуша, нема кај да оди жената. Па и да ја затвори пак се ќе слуша, гз место и е собичето.
Дали имате искуство со др.Мира од Дијагностички Центар? Ваше мислење за матичен гинеколог во центар или околината?
Јас денес прв пат отидов, бев запрепастена од првичниот однос. После тоа па професионално си ја истера работата. Не знам што да мислам, затоа реков да прашам за ваши искуства. Може да пишеш подетално, секако може и во лична порака
Здраво Феминки ♀️ Јас сум нов член, Добро ве најдов... Пациент сум кај Др Марија од Ложанковски, денес цел ден вртам кај нив никој не се јавува ♀️...Да не знаете да не ги имаат променето телефонските броеви или да не има некој некоја информација?
Devojki, dali matichniot genikolog vi naplakja 500 denari za eho vo bremenost, redovna kontrola na tri nedeli.
Здраво, и јас одам кај Марија. Истиот број е. Можеби биле втора смена ако си вртела од сабајле, или обратно. Последен пат ги добив дури накај 14 часот, а сабајлето никој не креваше.
Мене ми е матична, еднаш имам отидено и никогаш повеќе. Си одам на приватно оваа само проформа ми е и во најскоро време ќе ја сменам.