Сигурно многу од вас биле во ресторанот во Гиновци, па кажете дали ви се допаѓа? Мене местото ми е убаво, убава храна, не е скапо, убава природа. ЕЕЕ колку убави места има во оваа наша мала Македонија. Има многу што да се види, само треба авантуристички дух и малку пари во џеб.
многуу убаво место ептен пријатно.сум била еднаш до сега се надевам дека пак ќе одам само нека се затопли времево релаксирачко е многу,храна имаат одлична и луѓето се пријатни па и што убаво е средено и езерце мх мх
Дај дадете повеќе детали околу местово? Како се оди? Каде се наоѓа? освен ресторан (колку што сватив) што има друго, дали има плажа? што можеш да видиш?
WomenInRed, еве линк од профилот на ресторанот https://www.facebook.com/park.ginovci?fref=ts Местово се наоѓа на магистралниот пат Скопје-Крива Паланка. Инаку, местото како место е во ред. Има мало езерце, и два лебеди што дополнително додава шмек. Има како сплав на езерото, и од околу маси. Детско игралиште, кое навистина е убаво уредено. Минимална зоолошка, со неколку животни, и тоа е во главно. Има бунгалови за престој/преноќување. Нема некои посебни знаменитости за видување, туку како место е фино уредено, и има пријатен амбиент. Храната е убава, и е по пристапни цени. За неделен одмор со најблиските, го препорачувам местово.