Не јадам нешто премногу,ама сакам гиро,убаво ми е Во Грција дефинитивно е најубавотот гиро поготово во Ставрос,а кај нас само Гирадико се признава Сепак најубаво ми е домашното гиро на мајка ми,со тие купечки кори,по избор се полнат внатре,на пр.ние ги правиме со павлака,пилешко,краставици,патлиџани,можда некогаш пармезан,кечап ,мајонез...за еден мој роденден мајка ми направи и верувале или не 6 пакетчиња истрошивме(кори) а во нив има мислам по 8 кори значи за 8 гира...а бевме само 5-6 другарки... ептен им се допадна уште се сеќаваат и стално ми викаат еј кога ќе не викаш пак на гиро?
еве најдов нешто за рецептот на гиро прв пат пробав во бугарија и од тогаш се заљубив во него http://www.scribd.com/doc/45781030/%D0% ... 1%80%D0%BE http://boza.mk/2011/domashno-giro-neodo ... a-vechera/
Обожавам гиро со пилешко најчесто.Првпат пробав во грција на одмор,иначе во Скопје од гирадико си купувам или гиро беко
Едно од моите омилени јадења, кога сум во Грција скоро и да не ми поминува ден без него. Знам дека не е воопшто здраво,ама слабост ми е. Инаку со пилешко не го сакам баш. Тука кај нас од тоа што сум пробала, во Гирадико е најубаво.
Мх,мх...Гиро не сакам обожавам само што не смеам да јадам....Ах темава ќе прекинам да ја отварам ако нејкам да станам 200килашка
Jас со свинско го сакам, со пилешко не, ама пошто ми прави многу киселини, ретко го јадам, ептен ми тежи на стомак, ваљда од тоа зазики или шта год
Јас сум пробала само со свинско месо и не ми се допадало...можеби со пилешко ќе ми се допадне...следна прилика пробам
Убаво гиро во Грчка е релативна работа..таму сум пробала убаво и неубаво гиро, а за овде само од Гирадико сум пробала и ми се допаѓа. Го сакам во комбинација со ѕаѕики се разбира.
Гирото во Гирадико не е ни блиску до оригинално грчко гиро, прво е препуно со компири, второ питата не е мека, трето месото е екстремно жилаво и пржено во истиот зејтин 456808954 пати па има одвратен мирис, т.е. смрди. Најубаво гиро во Скопје имам јадено во Гироманија онаму кај Соборна, ич не знам дали уште постои. Тоа беше стварно убаво гиро.
Немам пробано гиро од Гироманија ама другар еднаш зема и рече дека е препресолено и не го дојаде. Како и да е Гироманија карши соборна веќе не постои (освен ако не е некаде преместена). Јас па ќе речев дека во Гирадико ептен малце компири ставаат...тоа пак се зависи од тоа кој ќе се погоди да те услужи и ќе ти го прави гирото.
Гиро од Гиро Беко - супер е. Исто во она Like до Седмица што е. Потпечено е само лепчето, не е шлапнато во зејтин, ко што знаат да го прават тоа во други гиројадачници, месото е чисто и крцкаво и не штедат на ѕаѕики. Мене од сите што сум ги пробала, тоа ми е најубаво. Гирадико на двапати сум нашла жилички и тоа во пилешко гиро, и ме изнервира тоа. Плус, питата некогаш многу ја пржат и се цеди целото. Штедат на салати а кога нема ѕаѕики, пак ми го наплаќаат 140 денари. Епа не е фер така. Гироманиа не постои, а таму гирото беше просечно, понекогаш и лошо.
Ни гирото Like кај седмица веќе не работи, а не знам какво било.. само поминувам од таму па приметив дека е затворено и тоа, а ново место беше.