Грчкото гиро е незаменливо, најубаво е дефинитивно. А, и сенфот им е многу квалитетен и вкусен. Обавезно си нарачувам и грчка или грин салата со гирото.
Се согласувам дека грчкото гиро е најубаво. Но, последново лето изедов 4-5 гира и сега мислам дека нема да јадам 2 години. Ми се лоши од самата помисла.
Мене ме интересира дали во домашни услови може да се направи гиро , пробала некоја тоа месото да го направи со приближен вкус како она огромното што се врти ?
Кај ја видов темава, баш ми се пријаде сега. Грчкото гиро ми е најубаво, тука приближно да е нешто и јас сум барала на вкус, но шознам не ми било баш така ко тоа. Не знам, повеќе ме асоцира да јадам гиро покрај море, тука не ми е таа атмосфера, можда затоа.