Jimi Hendrix, Slash, Dave Sabo, Eddie Van Halen, Carlos Santana, Steve Vai, Richie Sambora.. Ги обожавам луѓево.
Уф, луда сум. Еве неколку мои омилени emppu vuorinen- nightwish alexi laiho- cod jason becker - Човеков е најборбениот за кој што досега сум слушнала. Се разболел на околу 20-тина години и телото почнува полека дел по дел да му се парализира. Неможе да издржи да не компонира музика па му создаваат посебна компјутерска програма. Откако е онеспособен и на тој начин да се изразува, тој денес разговара со неговите блиски со помош на очите, татко му го пишува она што тој го сака.
Јас обожувам гитари, но сепак немам омилен гитарист. И воопшто не ни знам некој таков. Но би сакала да знам да свирам на гитара како една моја другарка. Всушност можеби таа е мојот идол. Си купив гитара па наскоро ќе ме учи.
Обожавам гитари...Од мала сум ги сакала ме привлекувале особено електричните...Свирам на акустична а планирам за 2год и елек. да си купам.Еве ги омилените гитаристи:
Да бидам искрена, не сум баш запозната со светски познатите гитаристи, и не можам да кажам омилен или неомилен, ама од нашиве Влатко Стефановски морам да го издвојам. Ова посебно ме релаксира и често го слушам http://www.youtube.com/watch?v=jJwrxJiEzyg