1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гијом Мисо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Monna.Monna, 25 март 2014.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е еден од попознатите и поуспешните автори на денешницата. :)
    За неговата возраст има напишано доста книги и ПРЕДОБРИ се!
    Еве целосна биографија:http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B8%D1%98%D0%BE%D0%BC_%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%BE
    Јас го обожавам човеков, му ги имам прочитано повеќето книги (ги немам 7 години подоцна, Спаси ме и Skidamarink) сите имаат слична тематика но сепак многу различни приказни, мислам дека можам од соба да не излезам само да ги читам, и стилот многу ми се допаѓа во книгите - брутално реален.
    Би ги издвоила „Ангелски повик“ и „Затоа што те љубам“ како подобри.
    Има уште некој што е воодушевен од него? :wasntme:
     
  2. kimii

    kimii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Гијом Мисо е еден од моите омилени писатели
    неговиот стил го обожавам, од целата таа мистичност и таинственост има денови кога не излегувам од соба :inlove: :inlove:
    повеќето негови книги ги имам прочитано а последната Седум години подоцна почнав да ја читам но поради школо ја оставив на пола и од утре ќе ја продолжам :inlove:
     
  3. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Единствен ми е, заљубена сум во човекот. :)
    1. Затоа што те љубам
    2. Врати ми се
    3. А потоа
    4. Ангелски повик
    5. Дали ме чекаш
    6. Што би правел јас без тебе
    7. Девојката од хартија
    8. Седум година подоцна
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Ги има прочитано скоро сите, од на Донаалиа списокот уште 6, 7 и 8 ми се останати, тоа што имам во библиотека не оставам. Ми се свиѓа стилот на писателот, заедно со Нора Робертс ми се едни од омилените.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Имам прочитано 4 негови дела ама одамна и знам дека не ми остави некој посебен впечаток. Последно негово дело на кое случајно наидов „ Ангелски повик„ навистина ми се допадна и ми се чини дека е далеку подобра од „Затоа што те Љубам„ која сите толку ја фалат дека му е најдобра.
     
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Од неа ја читам ,,Што би правел јас без тебе''(моментално) и не сум баш воодушевена.
    Можеби бидејќи сум на почетокот.
    :wasntme:
     
  7. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Омилен :inlove: :inlove: Ги немам читано сите книги оти неможам да ги начекам во библиотеката |( Затоа што те љубам е една од најубавите книги шо имам читано.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Има издадено нова книга во март, Central park се вика и таму се случува дејството. Вака што прочитав накратко интересно делува. Ама додека се преведе...
    И Црногорците ја превеле Demain - Sutra, ама не можев да најдам торент нигде, а ептен се испорадував. :doh:
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.202
    Пол:
    Женски
    Цимерката моја има дечко од Франција и ни беше на гости семестаров и нешто паднавме на муабет за Гијом и тој ни кажа како во Франција Гијом не бил воопшто почитуван како автор и дека ретко кој го читал.Наводно голем дел од французите сметале дека ни малку не е добар како писател.
    И не му се веруваше дека кај нас дури го читаат.
    И така, инаку и јас имам читано книги од него и не ми се лоши ама ете сакав да споделам што мисли неговиот народ за него.
     
    На hulii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Не можеш да кажеш дека во Франција не е читан и почитуван врз основа на тоа што еден човек рекол за него. Тој еден човек не е претставник на целиот народ. Смешно е дури така да се каже.
    А и податоциве кажуваат поинаква приказна. :)
     
    На blonde_supergirl, Lella и S.kiki им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.202
    Пол:
    Женски
    Рејнбоу не реков јас дека го зборам тоа на основа на еден човек.Туку дека тој веројатно од разговори со други луѓе го има тоа заклучено, а бидејќи е на магистерски на нешто во врска со книжевност веројатно се движи во такви кругови и паѓаат такви разговори.Јас не велам дека не е добар автор и јас лично имам читано од него 3-4 книги и мене ми го задржале вниманието, но пренесувам што слушнав.Е сега фактите може зборат поинаку.
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат неговите книги и начинот на пишување,ми го задржуваат вниманието и ги читам во еден здив.Ги имам прочитано ЗАТОА ШТО ТЕ ЉУБАМ ,А ПОТОА,КАКО БЕЗ ТЕБЕ,ДАЛИ МЕ ЧЕКАШ,АНГЕЛСКИ ПОВИК и за сите имам само позитивни коментари.
     
  13. ewi.swatka

    ewi.swatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Јас ја имам прочитано Врати ми се , а планирам да читам и други книги од Гијом Мисо :) :)
     
  14. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Не му се верувало на дечкото дека кај нас го читаат. Кај на се јаде се што се сервира, па дури и вакво безвредно писание. Ех...Да е само тој.
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Седум години подоцна - интересна беше
     
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Писателов е многу добар. Умее со зборови, умее да опише дејство премногу добро. Ми се допаѓа како те држи во неизвесност и секогаш ти го задржува вниманието.
    Книгите му содржат сепак премногу фантазија, би сакала да прочитам нешто реалистично без враќање во време и такви абнормални ствари...
    Приказната знае да си ја затупи на моменти но сепак не бега од контрола.
    Многу ми се допаѓа.
     
  17. smurfettee

    smurfettee Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Седум години подоцна .
    Предобра е ... Сега планирам да ја земам Ангелски повик. Многумина ми ја препорачаа .
     
  18. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Затоа што те љубам-прочитана.
    Врати ми се-ја симнав,планирам да ја читам.
     
  19. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Истите овие и јас ги имам прочитано:) предобри ми се, го обожавам и секогаш кога купувам книга прво барам од него да не има некоја нова што не ја имам прочитано хехе
     
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.967
    Гијом Мисо е интересен писател...и само толку!!! Неможам да речам дека сум воодушевена од неговите книги, но исто така неможам да речам и дека се „тапа“!!! Првите книги што ги прочитав од него „Затоа што те љубам“, „Ангелски повик“, „А потоа“ и „Што би правел јас без тебе“ - ќе ме „натераа“ да го ставам во омилени писатели, но по читањето на „Седум година подоцна“ и „Девојката од хартија“ (која ја дочитав вечерва) - ме убедија дека е просечен писател со убав стил, но недоволно „спектакуларен и интересен“ за мој вкус... Но, на неговите изданија стои „Француски бестселер бр. 1“ , па најверојатно многу читатели не го делат моето мислење!!!
    ... Сепак ќе му дадам уште некоја шанса, ќе ја прочитам секоја негова книга што ќе ми дојде во раце...:)