Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гијом Мисо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Monna.Monna, 25 март 2014.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    ^ Еден мој професор од средно по Македонски јазик и литература често знаеше да рече: „Бестселер не значи најдобра или најсодржајна, туку најпродавана книга која никогаш нема да го има квалитетот на она кое претставува евергрин.“
    Мислам, нема потреба да се размислува, повеќе од јасно е зошто е тоа така. :)

    Истото мислење го имам и јас за Гијом Мисо - добра приказна и ништо повеќе. Стилот му е просечен, но е пријатен за читање. Ми се допаѓаат вакви книги за опуштање и онака, за согледување на различните стилови и начини на изразување, а за поттикнување на некои подлабоки дискусии - во никој случај.
     
    На Angelinkka, crazylady, dragan4eDR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Девојки, од саемот ќе земам две книги од Гијом Мисо. Едната одлучив да ја земам Ангелски повик, а за другата се мислам. Која би ја препорачале друга од него?
    И да, Central Park ја имаме ли преведено?
    Инаку Затоа што те љубам и Девојката од хартија ги имам, се мислам за Врати ми се, ама некако, не ме привлекува таа. Што мислите?
     
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    96.553
    Мене од него топ два ми се Затоа што те љубам и А потоа, така да еве вторава ти ја давам како предлог ако ти фати око.
     
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    "Ангелски повик" ми е омилена од него, можеш да ја земеш "А потоа" ако ја има и таа е добра.
    Сите му се него добри уствари, јас ги имам прочитано "Ангелски повик", "Затоа што те љубам" и "А потоа" и сите се супер.
    Сега ги земав "Спаси ме" и "Седум години подоцна" па ќе видиме што ќе кажат тие.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Можеш А потоа да ја земеш и Sutra, може ќе ја има на некој од штандовите, ептен е во негов стил. А 7 години подоцна дефинитивно според мене му е најлоша книга. Еве го мојот ранг на неговите книги:

    1. Затоа што те љубам
    2. Девојката од хартија
    3. Sutra
    3. Ангелски повик
    4. А потоа
    5. Како без тебе
    6. Врати ми се
    7. Дали ме чекаш?
    8. Central Park
    9. 7 години подоцна
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Не знам како да кажам ама ете “7 години подоцна“ уште не ми е дочитана, секој ден ја местам во фиоката ама никако да ја отворам. Тоа е најверојатно оти не ме привлекла книгата и не ми оставила впечаток инаку некои книги во еден ден сум ги дочитувала.
     
  7. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Mene omileni mi se Angelski povik I Vrati mi se. Gi imam drugite procitano osven Central Park.
     
  8. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    единствено ангелски повик е така океј, другите се сите колку да ти помине времето демек читајќи
     
  9. siki28

    siki28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Првата книга што ја прочитав од Гијом Мисо беше Спаси ме.
    Ми се допаѓа неговиот стил на пишување. Секогаш почетоците на неговите книги навестуваат едно нешто, но понатаму има многу пресврти и се доаѓа до неочекуван, маестрален крај.
     
  10. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Според мене не е ни најдобар ни најлош, златна средина.
    Многу кај него ми се допаѓа што секогаш на крајот открива нешто неочекувано, изненадување. Тоа и всушност ме привлекува да ги прочитам книгите. Иначе сите ги имам прочитано освен Central Park и Sutra.
     
  11. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам ја прочитав прва, и ми беше вауу. А потоа е втората книга што ја прочитав од него, и не ми го остави ист впечаток како Затоа што те љубам. Ја имам започнато Дали ме чекаш.
     
  12. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Оваа книга "Skidamarink" од мисо на македонски има превод или вака е
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Јас малку се испобркав со две книги на Гијом Мисо. Знам дека има една на македонски „Ако не постои утре“ и една на српски „Сутра“. Гледам во оригиналниот наслов на првата Demain што значи утре или на српски „сутра“.
    И сега ништо не разбрав. Знам дека се две различни книги, ама преводите на насловите се многу испомешани. Како е оригиналниот наслов на оваа „Сутра“?
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Demain е Сутра, на македонски Ако не постои утре, на англиски е Next, истата книга е, не се различни. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Тука се криел зајакот, јас мислев дека се различни бидејќи на саемот ја видов и како „Ako sutra ne postoji“, ама друга едиција е најверојатно.
    Потоа проверив на интернет и не ми се поклопуваше описот, ама веројатно не сум сфатила добро.
    Благодарам, во секој случај. :) :f:
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Имам прочитано повеќе, ама најголем впечаток на мене остави Девојката од хартија, предобра е.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Ги имам прочитано: Ангелски повик и Дали ме чекаш? А моментално ја читам Спаси ме. Одлични се, ги читам во еден здив, не можам од раце да ги оставам. Го обожавам Мисо :D Само никако да ја начекам да ја земам Затоа што те љубам :?: Некој друг предлог за моја следна книга од него???... Иако планирам сите да му ги прочитам :D:inlove:
     
  18. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано само две од неговите книги, „Затоа што те љубам“ и „Што би правел јас без тебе“ и ми се допаднаа. Па доколку ми дојде и некоја друга во рака би ја прочитала.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам и Ако не постои утре. Овие обавезно да ги прочиташ. :)
     
    На Makedonka007 и MiA-1 им се допаѓа ова.
  20. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Од она што го имам читано од Гијом, можам да речам дека како писател и нема баш широк поглед кон светот, заробен е во еден круг, и постојано така се врти, навистина ми се допаѓа Ангелски повик, ми се допаѓа и Девојката од хартија, но толку, само ми се допаѓаат... Стилот е навистина едноставен, реално и нема некои перфектни заплети, предвидливи му се расплетите, во Затоа што те љубам, бев малце изненадена, но сепак чувствував дека е нешто слично. Но сепак, убаво е понекогаш да се прочита и нешто полесно... 8-|