Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гијом Мисо

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Monna.Monna, 25 март 2014.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Писателот е извонреден, преводите на мк се секогаш ужасни и ти доаѓа да ја искинеш книгагта.
     
    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Не ми се допаѓа.Зедов три книги.Затоа што те љубам,Девојката од хартија и Што би правел јас без тебе.Некако премногу фантазија,многу случки кои реално не би се оствариле.Мали се книгите,но се е пренатрупано.Едноставно мислам дека и ученик од 7-8 одделение би можел да напише книги далеку подобри од овие.Се е до стилот.Точно дека краевите се непредвидливи,но не и сјајни.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Мене ми е омилен писател, многу ми се допаѓа стилот, а омиленена книга ми е Ангелски повик, иако многу ме воодушевија и Спаси ме и Централ Парк, сите книги му се одлични:inlove:
     
  4. MarioliMia

    MarioliMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Simply the best :)
     
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Ова сум го напишала пред повеќе од 3 години... Сега го потврдувам!
    Дефинитивно, Гијом Мисо е интересен за читање... Нооо, премногу фантазија и нереалност има во неговите дела! Пред некој ден ја прочитав неговата книга „Спаси ме“, која што само ми го потврди мислењето.
    Вистната е... Не сакам теми во кои што се меша реалното со вонземското!

    ПС Сигурно ке ја прочитам секоја следна книга што ке ја напише... Од љубопитност :tmi:
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Гијом Мисо ја изгуби почитта κај мене.
    Пρемногу фантазија и сеκогаш се тρуди κρајот да го испρевρти најмногу што може и што ја полни κнигата со фантазии.
    Стилот на пишување не ми се допаѓа, ме асоциρа на моето пишување пρед пет години и сето тоа ми е излитено и евтино.
    А и за мене стана пρемногу пρедвидлив.
     
    На *Ench@nted* и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Не така оддамна напишав...
    И додадов дека покрај се, ке ја прочитам секоја книга од Мисо што ке ми дојде во рака :tmi:
    И така...
    Последните две книги што ги прочитав една по друга се од Гијом Мисо - „Централ парк“ и „Апартман во Париз“. Иии, можам слободно да кажам дека ми се допаднаа! Ме изненадија со својата содржина, заплетот и најмногу со расплетот... Се „оправил“ Мисо, ги нема оние работи кои што не ми се допаѓаа во неговите дела! Приказните со некој што се враќа од „оној свет“ да среди нешто навистина ми беа нереални
    и премногу фантазерски.

    И така...
    Сигурно ке продолжам да ги читам делата од Мисо :tmi:
     
    На Espadrila, *Ench@nted*, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Од Гијом Мисо досега имам прочитано 5 книги.

    Порано многу сакав да го читам, но откако пред некое време почнав да читам друга книга од него сватив дека премногу има вметнато фантазија во пишувањето на книгите дури не можев ни да ја дочитам книгата, па ја оставив.
    Нешто што највеќе не ми се допаѓа е тоа што скоро во секоја книга мртвите се "враќаат" на овој свет.
     
    На WarriorMind, *Ench@nted* и КикиМаус им се допаѓа ова.
  9. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    25.340
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано се' што е кај нас преведено од него. Многу лош превод, мора да признаам, повеќе уживав во српските изданија. Книгите му се предвидливи кога веќе ќе прочиташ една (во секоја нешто се случува на Божиќ (facepalm)), но, ми се допаѓа. Лесна литература секогаш добро ми доаѓа на плажа, па ќе продолжам да го читам.
    Едвај чекам да излезе кај нас La Jeune Fille et la Nuit! 8-|
     
    На WarriorMind и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Сите ги имав што излегуваа до лани. Некако плитко ми делува не знам.. Сепак премногу фантазија е. Единствено што ми се допаѓа е што има емоции и криминал :D
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The Black Rose

    The Black Rose Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Неверојатен писател. Сум ги прочитала "Седум години подоцна" и "Девојката од Бруклин" од него. Романите имаат интересна содржина, за да те натераат да ги прочиташ до крај.
     
  12. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    25.340
    Пол:
    Женски
  13. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Немам зборови. Нема промашена книга.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Автор од кој имам најмногу книги во мојата домашна библиотека е Мисо. Планирам сите негови книги да ги прочитам, ми се допаѓаат. Е сега, не ги читам по редослед, но тоа нема врска, мислам дека не му се поврзани книгите како што се на некои автори и се секоја различна приказна. Лесни за читање, задржуваат внимание, стилот на пишување сосема солиден.