Си ги читам и статиите на страната, но многу повеќе одговори за тоа што ме интересира наоѓам на форумот, еден подолг период бев само пасивен член на форумот, и морам да признам дека за многу нешта се имам информирано токму од тука. А посебно морам да упатам благодарност до Lilit за шеќерната паста, секако и до други феминки кои споделиле лични искуства со кои помогнале на останатите во било кој поглед
Мене да ви кажам искрено ми помагаат 50-50 ... Некои ги користам некои не особени фитнес,мода и шминка .. Тенк Фемина.. Тенк јуу со мач
Па претежно ги употребувам, тие за убавина, но сите не ми се допаѓаат толку, како оние маски за коса оd мајонез ли... и такви некои гадни
Секогаш кога ќе ми треба нешто одма на фемина барам совет многу често ги користам советите многу ми помагаат
Порано се што незнаев прашував по мама, даде бато..сеа пишувам тука ми даваат совет и терам понатаму.
Секако дека ги користам.Особено од мода и стил.Но и секако кога прашам нешто што ми е потребно и другите ми даваат совет нормално го применувам
Има навистина убави и корисни совети кои што можат да ви помогнат.Сега не велам дека ги читам сите.. ако читам нон стоп кај ми е крајот,меѓутоа често се случува да заглавам подолго време..И да има совети кои што сум ги применила во секојдневието
Па ги читам, но не ги применувам баш. Интересни се секако, затоа и ги читам, па на некој мој близок ако ми притреба нешто му кажувам, мило ми е што постои фемина.мк, затоа што има многу добри и корисни совети.. пред малце читав имаше совети за тоа како се смирува кашлица, потоа има за убавина, модата итн.
Повеќе ги применувам оние од форумџиките,навистина незнам што би правела без вас.Кога и да имам проблем порано се во себе си чував сега овде со вас ми е многу убаво,барем знам дека времето не е залудно изгубено за разлика од некои други страни.Ја сакам ФЕМИНА И ФОРУМ ФЕМИНА