1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ги разбирате ли козметичките етикети?

Дискусија во 'Лице' започната од Roxanne, 30 октомври 2012.

  1. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Сите ние сме се запрашале за термините на етикетите на шминката која ја користиме. Не најдов ваква тема и решив да ја отворам. Си реков дека можеме да споделиме некои од термините кои ги знаеме и да им помогнеме на оние кои не ги знаат. Можете да пишувате и за некои соединенија.
    Некомедонска - оваа козметика би требало да не содржи состојки за кои е познато дека ги затнуваат порите и кои го поттикнуваат развитокот на мозолчиња.
    Колаген - природна состојка присутна во кожата и виновникот за млада кожа. Иако има многу креми со колаген кои гарантираат дека ќе ве подмалдат, молекулите на колагенот се преголеми да продрат во кожата и најчесто само ќе стојат на неа додека не се измиете.
    Долготрајна шминка - шминка која останува на кожата подолго отколку обичната. Некои долготрајни кармини реагираат со самата кожа на исните и ја бојат наместо само да стојат врз неа. Некои пудри се базирани на испарливи силикони кои се сврзуваат со горниот дел на кожата.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Ако има xијалyрон, ретинол, Q10 или колаген, не ни читам понатамy да видам што има, тие производи се за над 35 год. Исто избегнyвам козметика со парабени. Најдобри се кремите што содржат термална вода, Vichy, Gаmаrde, Biotherm, Avène. Во шампоните гледам ДА НЕМА Sodium lauret sulfat (SLES) зашто предизвикyва опаѓање на косата. Шампон БЕЗ 'slеs' е Foltène. Силиконските капки се катастроФа ко ќе видам тоа составот. А, и за пyдрата, најдобра е течна, и со SРF 10-15.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не сум експерт се и сешто да знам,ама сметам дека доволно ги разбирам.
     
  4. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Темава е за состав на коз.пр. ама јас сакам да кажам за Меrz нели тие шо викаат "yбавината одвнатре". Како и да е, ич не сyм задоволна, дyри после 10 дена пиење почна да ми тече крв од носот-прв пат y живот. Пишyва 2 дражеи дневно, јас лично мислам оти тоа е многy. А и нешто синтетички ми изгледаат. Сега пијам Синерџи, пишyва органик на нив па, ај нека е така..
     
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Нема врска ретинолот може да се користи на било која возраст бидејќи е површински ретиноид, не влијае на подмладување туку ја лупи кожата и заради тоа се користи во креми против брчки бидејќи ги брише минималните површински брчки.
    Колагенот бидејќи не се впива во кожата е практично безопасен, ама тоа кој сака да ризикува.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Теле у шарена врата :tmi:
    Ги читам само кога ми е зорт за у вц, а немам весник со мене :D
    Не ги разбирам стварно, а искрено ретко сум се замислила да видам што пишува.
    За паста гледам да е збогатена со флуор, ма да мислам дека скоро на сите пасти пишува дека се со флуор.
    Јас сум малку скептична дека се тоа што пишува и навистина содржи продуктот.
    Ајде некој нека каже што е тоа xијалyрон што читам погоре дека бил наменет за зрела кожа?
    Па споделете некоја состојка која не треба да ја има во препратите, или па која задолжително треба да ја бараме за да ја има.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Хијалуронската киселина претставува дел од нашата кожа. Со стареењето се намалува нејзината количина и тоа е причина за создавање на брчки. Токму поради тоа хијалуронската киселина се додава во козметичките производи за третирање на брчки затоа што и дава волумен на кожата.

    Еве нешто за штетните состојки во козметиката...
     
  8. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Ви благодарам за инФормаЦиите, откако се зачленив на Фемина чекам вакви полезни мислења - значи да не се плашам од Ретинолот, искрено многy ми е страв од колагенска инјекЦија не знам како ли ќе се подмладyвам кога ќе дојде време за тоа @@ шала на страна никој/а не би сакал/а да ја направи грешката на Никол Кидман. Ме насмеа Hiрster со тоа "теле y шарена врата". ... и јас сyм " sаy whа'?! " за некои од овие соединенија. Иначе, тоа пастите со Флyор, единствена паста што ја знам без Флyор е онаа на ЕSI Алое Вера само еднаш имам кyпено таква, за белеење на забите, и еФективна е, им ја препорачyвам на сите што користат Флyор во дрyги сyплементи. Содржи силиЦиyм за избелyвање. (100ml. 220ден.)
    П.С.: А алyминиyмот? Дали има некој вести за алyминиyм xлороxидратот во -скоро- сите анти-перспиранти? Колкава е Фобијата кај потрошyвачите кога одбираат рол-он, и дали ова е само yште една анти-кампања на ФармаЦевтите да го зголемат проФитот од нивните антипреспиранти?
     
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.786
    Допаѓања:
    8.832
    Пол:
    Женски
    ^ Алуминиум хлор хидрат е штетен, никако производи со алуминиум, јас со часови дремев кога треба да изберам дезодоранс и веќе десетина години го користам нивеа фреш еден од ретките кој не ја содржи оваа состојка.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Само читам дали содржат алкохол одредени производи, не купувам такви што имаат алкохол, а другите состојки и не ги разбирам, освен витамините :lol:
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, штетен е, но, мислам дека скоро секој производ е со алуминиум хлор хидрат, ретко да се најде производ без алуминиум, едно време и јас читав што како содржат, за да видам дали го има.Едно време се сеќавам, го имаше и во Рексоната, тоа од одамна го гледав и дознав за ова, сега гледам на рексонава што ја користам, го нема.А и со години користам Рексона, затоа.Дали е направена некаква промена во однос на ова со рексонава, незнам :?: бидејки добро се сеќавам дека го имаше на етикетата.Случајно дознав, дека го има во сите антипреспиранти.
    Разбирам дека треба да се внимава, но не можеме во потполност се да контролираме, затоа што кога ќе забележи човек што се е штетно, тогаш што преостанува...
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Исто така и формалдехидот е штетен ,ако има над 10% во производот тогаш е можно минимум да предизвика крварење од носот и паѓање на косата па се до создавање на рак.Прозиводи кои што го користат тоа јас воопшто не купувам и гледам од што се составени козметичките прозиводи.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите дури сега ја забележав темава. Многу е важно да се читаат декларациите, затоа што од состојките кои се внатре во еден производ зависи не само нашата убавина туку и здравјето. Треба само да се научат некои основни правила при изборот на вистинските препарати. Јас сум голем поборник да се читаат етикетите и на таа тематика имам пишувано многу. Ако почнам сега да пишувам ќе завршам утре така да да си ја олеснам работата ви оставам неколку линкови од статии кои ги имам напишано токму на оваа тематика. Се надевам дека ќе ви бидат од корист и ќе ви помогнат при изборот на козметички препарати.
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_4.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_12.html
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_97.html