Сите имаме по некој што сакаме .Ги сакам искрените луѓе ,моите внуци ,мојата бивша па се разбира се сакам и себеси ......Кого сакате вие ?.
го сакам животот,моите најблиски,најмилиот.... но сепак секогаш на прво место се клавам себе си...и се сакам себе си... можи звучи себично од моја страна,ама поголемиот дел од мојот живот му го посветив на најблиските,бев добра сопруга,мајка,бизнисменка,за да сватам дека мене ме снема како личност .....последните неколку години се посветив себе си,си се ценам повејке,имам поголема самодоверба и многу работи се сменија,на подобро... моите не се запоставени,цело време сум околу нив,ама јас сум повторно некој......
Највише си ги сакам мамичка и татичко Спојлер ...иако често се нервираме,меѓусебно Брат ми,бабичка која е секогаш тука за мене... Другарите и другарките од градот кои засекогаш ќе остане во моето срце,затоа шо ми покажале шо е вистинско пријателство и направиле да се чувствувам пресреќно... И секако,него...
Го сакам него, ама повеќе се сакам себе Ги сакам и мама и тато и брат ми и сестра ми, и моите пријатели, па дури и непријателите
Мамичка си ја сакам повеќе од се. Исто така ги сакам бабичките две, внуката, дедо, тато, дада. Моите две најдобри другарки кои ми покажале што значи вистинско пријателство. И секако, себе и него.
прво себе си. сакам кога се сакам себе си, кога си угодувам, кога си ги исполнувам желбите. Го сакам него кој го прави мојот живот прекрасен. Ги сакам мојте најблиски, без нив сум никој и ништо. Заради нив сум ваква каква шо сум. Мојата баба, моите брачеди односно сестри. Едноставно ги сакам сите што ме сакаат мене <3
ги сакам мојте дома мајками и татко ми,потоа дечкоми а јас се разбира дека сум прва на листава и уште некои други драги особи кои се бројат на едно раче
Прво се сакам себе си, сепак како велат: АКО НЕ СЕ САКАШ СЕБЕ, НЕМОЖЕШ ДА ГИ САКАШ НИ ДРУГИТЕ, но потоа си го сакам братчето најјјмило,мама и тато....баба и дедо, комшиите,пријателите,симпатијата , феминките и сите ги сакам.... mwahh
Прво си ги сакам моите најблиски, потоа ги сакам сите ФЕМИНКИ, потоа го сакам моето слатко мало кученце Тео, потоа ги сакам сите пријатели (блиски и далечни), ги сакам и моите непријатели (заради нив ми е интересно), ги сакам дури и моите измислени пријатели (хахах, тоа беше кога имав 6 и тргнав на училиште, на почетокот не се вклопив па нив им раскажував, но сега си се смеам, но сепак си ги сакам ), ги сакам луѓето, си ги сакам идолите, си го сакам животот, а малку се сакам и себе си , нај нормално. ПС Ја сакам цела вселена! Па си ја сакам и што?
Ги сакам мојте блиски мажот ми, кученцето мое, мачорчето,мојте пријателки, роднини, секако и душманите -посебна посвета на љубов за нив (((Не ми можете ништо сте биле и секогаш ќе бидете под мене пукнете од мака-(реков ли дека ги сакам и душманите мои )))хм-
моите најблиски, роднините(од двете страни) другарките, девојките од медитација секој што направил нешто добро за мене и на било кој начин ја заслужил мојата љубов, има место во п.с. дволичен, ако си ја сакаш твојата бивша обиди се да се смириш со неа, дај и до знаење дека ја сакаш