на прво место ми е бебувчево во мешето, после него сум јас и татко му на бебето а потоа се сите останати кои започнуваат со сестрами, мајка ми, итн итн итн голем е списокот на личности што ги сакам
-Го сакам животот.... -Ги сакам мајка ми и татко ми... -Го сакам бившиот дечко (нјамнооогу)..... -Се сакам себеси...... -Ја сакам прабаба ми (која за жал е мртва,ама секогаш ке остане во моето срце) -Ја сакам баба ми (едната,другата во никој случај)..... -Сакам мнооогу еден пријател (мноогу ми значи во животот)..... - Го сакам бртучед ми (тоа е едно мноогу слатко бебуле,срценце).. - Си го сакам кучето...... -Нормално ги сакам и роднините.... -Го сакам брат ми (малку,ама сепак го сакам.како е можно сопствениот брат да не го сакам?).... Засега толку..мислам дека заборавив неколку ама кога ке ми текне ке пишам
Денес се сакам само себе.Што да правам кога луѓето околу мене, еден по еден, ме разочаруваат секојдневно?
Ги сакам: -Родителите -Брат ми и двете сестрички -Роднините -Баба ми(само едната а другата не) -Дедовците(за жал починаа и двајцата ама засекогаш ке останат во моето срце) -Еден другар кој навистина е многу добра личност -Мноогу си го сакам Бившиот симпатија(мојата прва љубов) -Англискиот јазик -Класната(најдобрата наставничка на светот) -Себе си -Музиката -Слатките...
Ги сакам моите родители, дечкоми ... секако и роднините!! Се останато ме разочарало- нема тука сакање поќе!
Имам една комшика,голема алапача е,ама многу ја сакам. Госпоѓа во секоја смисла,не излегува од дома без фризура и убаво испеглан и стокмен фустан. Ја гледам низ прозор со витлери на глава низ дома, ужива во таа улога. Вишна боја кармин и парфем од лотус. Префинет вкус и скапа облека.Многу лак за коса и тек-таму избегано праменче. Тоа е таа.
Пред се си го сакам животот без него нема ништо,моите најмили 2 дечиња нив ги сакам најмногу од све на светот,по нив доаѓа сопругот,па моите родители,сестра ми и моите најблиски пријатели секако има и други луѓе кој би спаднале во овај список бидејки незнам да мразам,но овие ми се најважните без кој овај живот не би имал смисла.
Си го сакам животот -Мажот ми -Моето кученце РИЧИ -Моето мачорче ХЕПИ -Си го сакам мојот дукан -Си се сакам себе си -моите пријатели,роднини, и си ја сакам феминава секако и мојте душмани велат кога некој те мрази сакај го тогаш си го уништил и има вистина едноставно сите си ги сакам и посакувам сите апсолутно сите да се среќни и весели бидејќи сите тоа го сакаме,јас тоа секому му го пожелувам
Си ја сакам внуками најјмногу од се после неа исто толку многу,само на различен начин другите внучина од 1 братучеди една мала срцка која ме сака премногу а ми е само мала другарка,јас сакам како свое внуче..... ги сакам кога ке ме гушнат и ке ми кажат дека ме сакаат,душата ми ја исполнуваат ....моето семејство,не,без нив неможам.Дечко ми кој истовремено ми е и најдобар другар и АД,со него јас сум јас
Најблиските посебно си ги сакам а ги сакам и сите останати личности кои по било која причина се нашле во мојот живот