Луѓе многу ме боли главата и вратот и кај очите не знам дали да се напијам апче и дали аналгин или парацетамол? Лудило ме фаќа од болка а вечер гости ми се најавија треба да спремам
Гледам немаш одговор на прашањево, а било пред 2 години Јасс синоќа од маки и пуштив на Фемина да видам дали нешто ќе прочитам за оваа тема, ама ништо немаше , никаков форум за ова започнато...т.е не се актуелизирала темава! Преживеав. Многу ме болеше челото, слепоочниците па се до темето. Апче не се напив. Прочитав на други страни на своја рака ништо да не се зема. Ни аналгин ни ибопруфен. И ладни облоги само ставав на главата и заспав дури сабалјето некако.
Обично парацетамол е дозволено за болки исто и магнезиум директ. За јака главоболка може 2те наеднаш обично е ефикасно и кока кола со лимон. Мене овие методи ми помагаа
Леле....ти благодарам многу за одговоров! добро да си знам недај боже наредно. Синоќа кога отворив видов дека нема поскори одговори на темава, се разочарав
Мене вчера и денес ми се главоболките активни баш, те позади ко низок притисок, те на чело. Претпоставувам од топлото ме мава. Пробувам со магнезиум и б6 да поминам
Кои лекови ти ги одобри невролог? И колку често? И јас сум во иста ситуација. Прочитав на Министерство за здравство дека од специфичните лекови и Суматриптан се дозволува.
Од вчера имам многу болки во тилот, почнувам 2 триместер, што да се напијам или да се јавам кај гинеколпгот?
Мислам дека само парацетамол смее, и тоа препорачливо после 12та недела мене ми рекоја... претходно сум ставала ладни облоги
Мојот гинеколог ми одобри аналгин после 12 недела. Ми се случи неколкупати да имам страшни главоболки и пиев аналгин. Само да не се претерува
Скоро претрпев страшни болки, три дена, ужас. Гинеколог ми пиша Б6, магнезиум и масажа со ладен гел. Невролог немаше на смена и психијатарот ми препорача да следам совет од гинеколог. И двете докторки ми рекоа слободно напиј се што си пиела претходно за главоболка Одам во аптека јас тие ништо живо не ми даваат запче за болка, велат не смеам, плус докторките ми рекле ама не го препорачале тоа во извештајот, значи бегаат од одговорност. И така се лечев со парацетамол и витаминчињава, полабаво е засега.. Се си мислам од промениве на времево е, де сонце де снег..
Е така во темно ама колку че издежам, саат два три.. Неможам ни од работа да отсуствувам веќе, се нешто ми е
Јас сум секоја недела со главоболка, ова веќе не се издржува, специјалистот ми одобри во 10та недела Аналгин, од тогаш го имам испиено тој и еве денес еден парацетамол, главоболката беше толку јака што од неа повраќав ненормално и цела глава ми пулсираше, мислам дека не треба до тој степен да се трпи и ако ви е алармантно да се консултирате со спцијалист, бидејќи сепак се 9месеци во прашање и неможи ништо да не не снајди во тие 9месеци и се да трпиме, сепак има лекови со помал ризик што е дозволено да се испијат во бременост, исто како што се даваат и одредени антибиотици..така да мој совет е кога не се трпи да се обратите на доктор..
Без доктор ништо. Јас еве да не заречам една недела сум раат, можеби во второ тромесечие дека асолно влегов, нз.. ама беше страшно то шо го поминав, откажав кафе и цигари..