Јас имам спондилоза, бетер ми е со бременоста. И вртоглавици дури имам, и притисокот ти е низок, мене и од тоа ми зујат уши.
Кој така ти кажал? Па јас имам другарка која има здраво дете, прваче ќе е сега. А период во бременост го пиеше како терапија секој ден поради проблем со кичма и јаки болки.
Истражи малку, чуј доктори (поделени се мислењата сеуште на докторите) Затоа што е не многу старо истражување, па зависи кој доктор си се доучува. А тоа дека се раѓаат деца и ако испиеш парацетамол да, исто и со цигари и со алкохол, и со кафиња, но дали навистина добро?
https://deca.mk/paratsetamolot-vo-bremenosta-mozhe-da-vlijae-vrz-plodot-pokazhuvaat-novi-studii/ Повели една статија околу тоа
Ај не тресете зелени. И не постирајте секакви статии . Парацетамол воопшто не е штетен. Мене за мигренозни болки ми даваа бруфен . Се си беше во ред. Со трпење болка се прави повеќе штета на плодот отколку со апче.
Не треси зелени, и секој со своето.. убаво е бар да се информира човек... А како ќе постапи, негова работа!
Да де погоре реков дека и од доктори, не си ме прочитала.. Твое е што сакаш да прочиташ, и во што сакаш да веруваш. Убав ден!
Па другаркава мислиш на своја рака пиеше парацетамол? Неможеше да функционира, фатен и беше нерв и имаше страшни болки. Јас во 12та нед правев интервенција со локална анестезија на нога, па се напив и бруфен по препорака од доктор. Зошто имав жива рана, болка една која во живот ја немав осетено. Плачев и се виткав. Доста вадиш од памет. За ова што ќе кажеш? Во статијата го пишува. Сепак, ако добиете висока температура во бременоста, нејзиното спуштање е задолжително, бидејќи пренаталната треска е поврзана со зголемен ризик од дефекти на невролошките цевки и кардиоваскуларни болести на фетусот.
Ок е, јас не ја нападнав другарката . Секако дека високо температури и огромни болки се поштетни од самото апче и докторите ги даваат. Но тука се советуваат девојките дека тоа е сосема нормално и нештетно да се пие парацетамол. Па девојки на најмала главоболка наместо да се напие вода или нешто тие се клукаат со парацетамоли само затоа што се охрабеени дека парацетамол може да се пие па и без консултација со доктор. Само смирено
Па незнам и дали е баш така.. баш вака читајќи ги трудниците тука, последен избор им е апчето. Секако дека најдобро е да не пиеме лекови во бременост ако не мора.. Еве и јас имав на 2,3 пати главоболка и пиев повеќе вода, легнував да одморам во темно, кафе со лимон... па ептен ако беше неиздржливо ќе се напиев (еднаш мислам само се напив апче за главоболка).
Исто и јас постапував со главоболките кои ги имав, кои понекогаш беа со поголем интезитет па се смирував со седење во темно и тишина. Секако дека и јас би посегнала по парацетамол анестезии и ред други работи доколлу се појави нешто неочекувано. Но во тема за главоболка сме, па сакав само на тоа да се задржам. Поозбилните работи се веќе друга тема. Не дека и главоболката не знае да биде озбилна ако е и со други симтоми, но тоа треба доктор да го следи. Тука збориме само за помош околу главоболката. Немав лоша намера