Ова Американско талент шоу својата премиерата ја имало на 26 април 2011-та година. Идејата потекнува од "Холандското шоу Гласот" каде самото шоу се состои од три фази: "слепата аудиција", втората фаза наречена битка, и настапот во живо. Во првата фаза четирите судии или тренери, (Блејк Шелдон, Кристина Агилера, Село-грин и Адам Лавињ) избираат тим од изведувачи ( и притоа имаат време околу една минута да се одлучат дали некој од изведувачите го сакаат во нивниот тим. Доколку повеке тренери / судии изберат еден изведувач, тој или таа го има конечниот избор за тоа кој сака да му/и биде тренер. Во втората фаза, наречена битка, тренерите имаат за задача да спојат двајца изведувачи во пар каде во битката на тие двајца изведувачи им е доделена иста песна, за на крајот тренерот одлучи кој од двајцата продолжува понатаму, а кој отпага. Со останати (4) изведувачи во тимовите, тие продолжуваат кон индивидуалните битки каде на крајот од настапите, одлуката за кој продолжува потанаму е 50/50 поточно еден од изведувачите во тимот е спасен од гласовите на Америка, а еден од тренерот на тимот. Во третата фаза или завршната фаза, со преостанати (2) изведувачи во тимот, тие повторно се натпреваруваат каде одлука и во овој случај 50/50, тренерот има за задача дадените 100поени да ги подели помегу 2-цата изведувачи, а на тие поени подоцна ке се додадат и поените од гласовите на Америка. Со по (1) останат изведувач во тимот на тренерите, во финалето тие изведуваат свои дела /песни каде одлука за победник на Гласот е во рацете од гласовите на Америка. Победник на 1 сезона на Гласот е Хавиер Колон. Дали некој го има гледано ова шоу и што мислите за него? Мои фаворити беа, Хавиер http://www.youtube.com/watch?v=1Lj5SOzbg-g Беверли http://www.youtube.com/watch?v=8fRT2JTLV8o Диа (дефитивно најкреативната девојка во цело шоу!) http://www.youtube.com/watch?v=wA9vINKDbjM http://www.youtube.com/watch?v=hLyI1Kt4qaM http://www.youtube.com/watch?v=vXadv2g3-HA
аууу темава скоро 2 години отворена а јас никогаш не сум ја видела баш ми е и чудно што не е активна тема,зарем никој во Македонија не гледа The Voice? хмм.. Ок,од понеделник 25 март 2013 год.стартува 4 сезона,со 2 нови судии на местото од Christina Aguilera и Cee Lo Green доаѓаат Shakira и Usher,и верувам дека достојно ќе ги заменат,другите двајца судии се истите Adam Levine и Blake Shelton.Очекувам супер забавна нова сезона и верувам дека ќе е многу интересна за гледање.се надевам ќе има и други феминки што гледаат the Voice и ќе сакаат да ми прават друштво во темава http://www.youtube.com/watch?v=GpUhpFSR-rE https://www.youtube.com/watch?feature=p ... 6JQGgXrnA#! Охх Adam Levine i can't wait to see you
Веќе во наредната сезона, Кристина и Си ло грин, пак се враќаат како судии. Future seasons The Voice is expected to have a fifth season with Christina Aguilera and CeeLo Green returning as coaches. -Wikipedia
Јас го сакам The Voice of UK, Џеси ми е омилена и сакам да ја гледам како coach А за сезоната кога Шакира е coach, каде може да ги најдам целите епизоди да гледам. Има само кратки клипови на youtube, ама сакам онака цела епизода зашто на клиповите ги нема деловите каде натпреварувачите избираат во кој тим ќе одат. Барав не само на youtube, но и на други слични страници и никако да најдам фул епизоди. Ако некој знае каде може да најдам подолги клипови од таа сезона нека ми пише.
^ Еве ти Карина, на watch series се си има: http://watchseries.lt/serie/the_voice Имаш и UK овде, сега не знам која сезона била Шакира пошто не го пратам, ама видов дека има цели епизоди.
Има и на други сајтови цели епизоди, а овие кога беше Шакира не можам никаде да ги најдам. Инаку таа беше во The voice USA 2013, сезона 4.
Во Америка почна 5та сезона на the voice,дали некој гледа?Кристина Агилера и Сило се вратија,повторно е стариот динамичен тим,и е мноооогу интересно.Блејк откачен како и секогаш,Адам по секси неможи ни да биди А навистина има и многу добри натпреварувачи
Одвај ја дочекав новата сезона. Xtina и Сило се вратија и одма е појако, пожестоко, позабавно Адам и Блејк стандарт ривалство невидено. И кога помислив дека Адам неможе да биде посекси он пушти брада За натпреварувачите немам зборови, секогаш најдобрите гласови се пријавуваат на ова шоу. Сите беа супер и ми е мило што не го одбираат Блејк Спојлер Многу жал ми падна кога на Метју, што му починало братчето, никој не му се сврти За фаворити уште ми е рано, иако некои веќе ми оставија силен впечаток, ништо не е дефинитивно додека не поминат сите блајнд аудишнс
Ама Happyone ќе се караме ако ми го задеваш Адам се зезам се зезам, али типот е стварно боли глава многу го сакам што мислите до сега кој има нај јак тим? Јас мислам од Адам тимот за сега е нај јак,и не го велам ова само заради што Адам ми е симпатија туку дека стварно има многу добри гласови во нрговиот тим,посебно би ја издвоила девојката од Јамајка што пееше последна во последната епизода,и таа црната,ко ја гушна тој а таа му се качи .се уште не им ги знам имињата,нели само по еднаш ги имаме видено
Уффф, ова шоу одамна сакам да го гледам, ама имам веќе толку работи на листата... Сите реални шоуа веќе ги гледам. Ќе шкртнам нешто од листата што веќе го влечкам без мерак, ама на ова ќе му дадам шанса, ќе го ѕирнам деновиве. Ми делува поинакво од Американскиот идол и Х факторот.
Нема да згрешиш ако му дадеш шанса,многу е по интересно од Идол и Х-фактор,тргнувајки од водителот до судиите кои се многу откачени но во исто време и професионални во работата што ја работат.и многу се мили за гледање а посебно што мене ми се бендисува е тоа што никогаш никого не омаловажуваат, не се потсмеваат ако некој не пее убаво,додуша никогаш и немам видено на ова шоу антиталенти како во идол или фактор
Ти благодарам многу за препораката, ги проголтав двете аудиции во еден здив. Можам да кажам дека ми се допаѓа повеќе и од идолот и од факторот. Судиите се сите кој од кој, харизматични, интересни, нема еден досаден момент. Натпреварувачите не се некои безвезни, не иде се, и ќоро и сакато, башка го има и моментот на исчекување, дали ќе се свртат столчињата. А и ми се допаѓа што натпреварувачите бираат со кого сакаат да работат. Јас воопшто не бев запознаена со концептот на шоуво и сум многу пријатно изненадена, секако ќе продолжам да го следам.
Реков ај да го зирнам, да видам за што се работи и сум пријатно изненадена од шоуво.Иако сум голем фан на Х Фактор, признавам дека шоуво е за класа подобро.И јас не сум запознаена за понатаму а и несакам да гледам, сакам да се изненада како и до сега.Ми се допаѓа и мене што нема антиталенти туку сите се навистина талентирани.Жирито е забавно, интересно и на неколку пати се насмеав на глас.И мене ми е жал кога некој ми се допаѓа а нема да му се свртат Ме изненади Кристина, моги била забавна Фаворит од жирито ми е дефинитивно Адам, и од претходно си го сакам поточно од Марун 5 ама сега е навистина маче ипол Инаку од кандидатите и јас немам уште фоворит, бидејќи скоро сите се добри и ми се допагаат.Е сеге ме интересира за некој што го има следено од порано колку блајнд аудиции има, 6 или 8?
Сезонава ќе има 6 вакви аудиции, потоа ќе почнат the battles. Мене ми се допадна дечкото со наочарите, не ми текнува како се викаше, ама навистина имаше моќен глас и го одбра Адам за тренер. Еве го. http://www.youtube.com/watch?v=r0f4xPdwgDE
Мислам дека понеделник е последната блајнд аудиција и веќе од вторник почнуваат со Спојлер battle rounds,трењерите ги ставаат во парови натпреварувачите и за секој пар има да пеат по една песна и кој подобро ја пее песната продолжува понатаму,секој тренер има право да му даде шанса на по двајца од избрканите,но тоа не му е гаранција дека остануваат,мислам пак ги спаруваат така некако беше.и на крај се live shows секој пее индивидуално и Америка гласа и одлучува кој продолжува понатаму. во спољерот накратко објаснав како од прилика ќе се одвиваат работите понатаму
Мене во шоуво едино ми е жал што понекогаш не се вртат на некои стварно добри вокали па ќе им речат извини требаше да стиснам ама џабе од извини ништо не добива натпреварувачот. Инаку од судиите Адам ми е најомилен и најдобар.
Почнаа the battles или двобои по наше би ги рекла. Ова е мојот омилен дел од the voice.шоуво тера со иста динамика од прв до последен ден и затоа ми е No:1 ,не можам да го ставам на исто скалило со по горе спомнатите шоуа. Е едно што ме нервира е баш во двобоиве и е грешка на тренерите,секогаш тие што му се со супер јаки гласови ги ставаат во двобој еден против друг,и еден одбира друг не,е арно некој од другиве трењери го укради а ако не со здравје да си оди,е то ме нервира.еве вечерва Адам ги стави да пеат заедно двете нај добри од неговиот тим Тессен и Дана Спојлер и Дана отпадна и Кристина вечерва ја направи истата грешка со Амбер и Тимира или Тамира(никако да и го погодам името) двете беа пре добри но за жал Спојлер Тамира Џои одпадна ова Бријана незнам дали само мене ми е антипатична,се испозанесе уште прв пат ко се појави на блајнд аудициите,и сестра и глумицата ми е арно Кристина Спојлер и ги удри клоците а Сило и Блејк па двајцата сакаа да ја украдат ,Блејк го одбра
Значи го ОБОЖАВАМ шоуво. На прво место се искачи и се зацементира таму! Па ова е бре битка, какви гласишта извадија сите, песните сите ми се допаднаа, не трепнав додека гледав, еден досаден момент немаше. Ми се свиѓа се како е изведено, тоа што имаат можност да украдат некој, тоа што директно се натпреваруваат еден со друг, па се уште помотивирани да бидат подобри. Во споредба со факторот, каде што во втората фаза сите беа ужасно лоши, овие се предобри, капа им симнувам на сите. Керолајн каков глас има, мене ми е една од фаворитите, нема некое гласиште, ама има некоја таква харизма што ја ставив песната и си ја преслушувам. Спојлер Се надевам далеку ќе дотурка, многу ми беше мило што победи во битката. Не знам како Тамира ја пуштија да си оди, и таа беше една од појаките битки, стварно не беше во ред, за ова морам да се сложам со ане.бела погоре. Исто се сложувам и за Бријана, и мене ми е антипатична, а башка и нема толкава моќност, среќа Кристина не ја одбра, а мислам дека кај Блејк нема баш да процвета. Мислам дека Дона не ја одбраа зоашто е стара и нема нешто многу да се пробие на сцената, и порај гласот. Ми се свиѓа Адам што го одбрал Рајан Тедер, срцка е и одлични совети им дава. Едвај чекам следна епизода. http://www.youtube.com/watch?v=EQKuGjAENyQ