1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гледај (SEE)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од 1992g, 18 ноември 2019.

  1. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Дали некоја ја следи серијава? Предобра е, сега за сега 1 сезона 5 епизоди имаат излезено.
    Впечатоци?
     
    На Roksifoksi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што постои тема за серијата. Само што ги догледав првите 7 епизоди и можам да кажам дека сум позитивно изненадена иако на почеток бев доста скептична. Му дадов шанса само поради главниот актер - Џејсон Момоа. Засега се излезени само 7 епизоди, а до крајот на декември ќе излезат останатите 3 од првата сезона.

    Дејството во серијата се одвива во далечна иднина, каде како резултат на вирус, популацијата на земјата е намалена на околу 2 милиони жители, а сите преживеани го имаат изгубено сетилото за вид. Живеат слепи со векови, а самиот поим за гледање го сметаат за зло, кога за прв пат во едно племе се раѓаат близнаци кои можат да гледаат.
    Одлична глума, препорачувам!

    [​IMG]
     
    На LadyLollypop и Roksifoksi им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Ја чекам 8та епизода, на 6ти дек излегува... Добра серија, а глумецов ми е срце :inlove::inlove:
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Серијава е добра само ради Џејсон Момоа. Поготово ми се допаднаа пар сцени во првите неколку епизоди, каде што скина дузина негативци. Добро тепачки сцени се!
    Приказната ми губи малку, некако никаде посебно не иде. Знаеме дека постои Џермаларел и дека се насочени да го најдат. Претпоставувам дека има и цело општество исти како него и на крај прашањето ќе биде, каде сакаат близнаците да останат, кај овие што гледаат или кај старите што не гледаат?
    Исто, кралицата ми е одвратна од старт, језда предобро глуми глумицата. Сестра и', или мајката на близнаците ми е лигава и ме нервира.
    Ми се допаѓа таа shadow-от што е со нив, Bow Lion (глумицата добра беше и во Supernatural и одлична во Star Trek Discovery). Интересна појава е. Исто како и Момоа.
    За догледување, ќе ја догледам. Ама не се надевам нешто премногу.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав 8мата епизода и можам да кажам дека едвај чекам наредна сезона. Засега многу ми се допаѓа серијата, необична е и држи внимание. Инаку да се корегирам, претходно напишав дека има 10 епизоди, а всушност се 8, баш сега проверив. Втора сезона ја чекаме hopefully во 2020 година.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rioers

    Rioers Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    2.720
    Пол:
    Машки
    Ќе ја гледам втората сезона 8-|
    Морам да кажам дека уживам :inlove: Нема подобро :~: 10/10