Ти си членка за пример. Некоја@на твое место , добро би заработувала . Иницирај ден, ние тебе да ти се оддолжиме. Доста те тоемозиме
Ти благодарам на убавите зборови. Не ме тормозите, таман работа ти кажав кога сакаш пушти ќе ти видам не е проблем
Има како птица со раширени крилја, или некои вести од далеку или некоја промена која ќе ви донесе олеснување. Има многу испреплетени линии, многу информации одеднаш или обврски имате, мора да се фокусирате, едно по едно да се решава не се одеднаш,,.. имате некои нерешени прашања во домот, некои дилеми, но ќе се решат и тие нагоре е чисто.. Желбата е чиста, околу неа има прстен оформено, малку трпение бара, некои ситни муабети озборувања но сепак не давате важност на тоа туку се фокусирате кон исполнување на посакуваното
Расправија или дискусија со плава женска особа. Нешто ќе се изненадиш. Круна на површина се осеќаш самоуверено. Многу планови ти излегуваат на површина. Машка особа се обидува да ти “попува” команда. Некоја тежина многу споро се решава има желка до неа. може и мене да ми видиш?
Охоооо, @Emberlynn душо, вака, горе има бела птица, некои убави вести од далеку ќе слушнеш за брзо време, моментално си во некој хаос фрки ама имаш точно зацртано знаеш што сакаш и ќе го постигнеш тоа, можеби не одма ама ќе биде. Подолу гледам сидро, бидејќи на дното е, нешто те влече надолу, дали некоја личност од минатото не знам, треба да расчистиш со тоа (или него/неа) з да ти тргне напред... Имаш мала добивка или парична или поклон кој ќе те израдува, луѓе дрдорат празни муабети, не се отварај на секого, чувај ги плановите за себе...
Ај срцката да ѕирне Вака, моментално како да си во фаза на многу размислување одлуки кои треба да ги донесеш, нагоре има чистинка која би значело дека имаш излез за брзо време од некоја дилема. Во домот има стабилност, имаш поддршка од некоја постара особа.. некои луѓе се распрашуваат за тебе, но патиштата се чисти така што не можат да ти наштетат.. желбата е чиста светла, ќе се исполни но треба малку трпение, некоја нова врата ќе се отвори... Срц извини што каснам дури сега видов дека ме означи или не стигнало известување или сум го промашила... Вака, одма во очи ми падна петел, голем петел значи некоја вест ќе добиеш за скоро време, можеби во врска со кариера не знам, важно убава вест ќе биде, нешто што одамна си го планирала конечно испливува на површина. Луѓе седнати муабетат, некој ги анализира твоите постапки, ама не ти можат ништо оти петелот е со крената глава, тоа значи твоја победа... На дното си имала некој тежок период, се трга настрана, ќе биде добро...
Мило мало за некои проблеми што си ги имала во минатото сега полека ти се отстрануваат излагаат на површина како вулкан луѓето што ти наштетувале се тргаат на страна. За брзо време ќе слушнеш некој муабети од четири смеѓи особи тоа што ќе го слушнеш ќе ти реши некоја работа лично за тебе што одамна си ја чекала. После овој муабет имаш некоја средба со машка особа и ќе бидеш многу среќна и исполнета. Доаѓа некој чист период кој ќе биде исполнет со убави и позитивни работи. Желбата ти е цела птица убав глас зграпчување на нешто што одамна си го чекала, среќа за пола месец најкасно треба да ти се исполни.