Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гледање на кафе

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vodolija, 12 јануари 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Освен како занимација и смеење со другарките ништо повеќе :)
    Не дека нешто мн верувам ,но има некои ситници што се погодуваат.
    А еве налетавв на нет на неколку значења на фигури можеби ќе ви бидат од корист да се посмеете на наредното пиење кафе со блиските ;) :lol:

    Симболи за гледање во кафе:

    Ангел – добри вести, некој внимава на Вас
    Авион – патување, брзи вести
    Балон – краткотрајна неволја
    Бебе – новост или ослободување од некој проблем или тежина
    Цвет – љубовна понуда
    Кајче – нерешителност
    Четворка – чекање
    Четириаголник – лош знак
    Чизма – патување или посета од страна на блиско лице од странство
    Дрво – голем деловен успех
    Деветка – судбински број
    Двојка - двоумење
    Единица – новост, нов почеток
    Чадор – ако е отворен значи заштита, ако е затворен- гајлиња
    Книга – симбол на мудроста, отворена- добри вести, затворена- доцнење
    Крила – порака, бела крила добра, а црна лоша или лажна порака
    Круг – потполно исполнување на желбите
    Круна – успех, гордост
    Куќа – сигурност и настани во семејството
    Лист – благосостојба
    Лептир – љубовна авантура
    Мердевине – сигурен чекор кон успех
    Мачка – лукавост, лажни пријатели
    Маска – неискреност и лажно претставување
    Месечина – љубовна авантура, но и нешто важно ќе се слуши за еден месец
    Облаци – неволји кои брзо пристигнуваат
    Очи или око – некој ве гледа, се грижи ѕа вас или ве контролира
    Осмица – обострани чувства
    Палма – успех
    Куче – добри и верни пријатели
    Пена – копнеж
    Писмо или писма – новости
    Прстен – љубовна понуда, просидба
    Птица – добри вести
    Пуска – вести кои брзо ќе се рашират
    Риба – ако је црна – оправдани грижи, ако је бела - непотребна
    Рог – изобилство, наследство
    Рака – отворена значи пријателство, затворена- кавга
    Секира – прекин – љубовен или деловен
    Сидро – смирување
    Слон – полека, но сигурно
    Срце – црно срце- голема љубов, бело- копнеж
    Стрела – непријатни вести
    Свинја - болест
    Шешир – криење или лажно претставување
    Шкорпија – ако е бела значи страст, ако е црна- љубовна болка
    Триаголник – љубовен триаголник или нешто неочекувано
    Оган – опасност од непромисленост или јака страст
    Воз – промени, далечно патување
    Водопад – благосостојба
    Врата – отворена- нова прилика, ако е затворена- безизлезност
    Волк – љубомора
    Вулкан – емоции
    Змија – бела змија значи заштита, црна змија опасност во љубовта
    Ѕвезда – надеж, здравје
    Жена – плодност, уживање. Повеќе жени- скандал и оговарање
    Жирафа – љубопитност
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Има и што погодуваат ама се многу ретки.
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Е ова гледање на кафе одсекогаш ми било научна фантастика. |(

    Каде гледате некои си фигури,знаци во оној талог се уште ми остана мистерија. :?:
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Кафето е само медиум, ако личноста нема дарба да види џабе и е кафето. Мене и на тарот ми гледале па ми промашувале, се зависи од човекот :).
     
    На Antebellum и Look им се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    Јас дефинитивно немам дарба. :D И 24 часа да гледам во филџанот пак ништо нема да видам. |(
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Па тоа и јас ти викам, тие што гледаат би гледале и без кафе ама ќе се извадиш од памет а и на нив им е така нешто полесно :).

    Дарба е тоа не може секој а гледање онака за по дома е само за забава без некоја употребна вредност :).
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас гледам, но гледам онака, шо сум слушнала, и препознавам мн фигури, поврзувам работи но што е точно кој знае.
     
  8. gochhe

    gochhe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Дека ти е пријателка :)
     
  9. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Интересно,како девојчиња сме се зафркавале со другарките па сме превртувале шољите со кафе,па дечковци,па симпатии..... :lol:
    тогаш се лажевме и пагавме на тоа мада знаевме дека не е вистина,али ај си се лажеш :D
    инаку не верувам во тоа
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Понекогаш на работа мојата сестра ми гледа ... онака да убие досада ... и се ми погодува :D а како и не кога се знае . :D баш пред малку ми виде пат и ми вели време ти е да си одиш дома :)
     
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Порано со една другарка нон-стоп си гледавме. Само за тоа варевме кафе, а јас дека не пијам кафе, една голтка ќе се напиев колку да се „фати“ и другото го туривав. Деца како деца, се лажевме.
    Сега и јас се научив да гледам и тоа несакајќи, не планирав ама ми се запна една другарка што знае да гледа да и гледам и вака-така почнав, но избегнувам да гледам, едноставно глупо ми е и не сакам.
    За погодување, велат дека сум им погодила и тоа доста добро и дека тоа што сум им го видела за во иднина, навистина се случило. Не знам, можеби. Мене ми имаат нешто погодено, но ништо од виденото не ми се исполнило.
    Некои знаат многу добро да гледаат и да го видат она то навистина ќе се случи. Знам еден случај кога една жена и гледала на кафе на друга и и видела несреќа, но не и кажала, демек лошото не се кажувало. После неколку дена, пред куќа и го изгазиле синот на оваа што и гледале. Морничаво, затоа и гледам да ги избегнувам овие работи, после ми е шубе.
    Пред 2-3 недели, една ја лажев на кафе :tmi: . Знам, за ќотек сум, ама па не ја лажев се, малку. Си заслужи, затоа, не дека сакав. В чаршија не ме познава, ако се сопне на мене тогаш одвај ќе рече едно здраво, и таква е самобендисана и завидлива, ме нервира едноставно и ми дошла дома со сестра ми за да и гледам. Прво се противев одоколу и кажав дека не гледам, ама ми беше незгодно за другото девојче и ај ќе гледам, ама си помислив - ќе ти кажам убаво тебе! Видов тоа што беше во филџанот и кога разврзав, се што мислев в лице и шлапнав. И кажав и за тоа каква е, што е, како се однесува со луѓето и се што ми текна и ми вели - леле, алал да ти е, се ми погоди, се е точно! Како да не и погодиш кога навистина се е точно. Ама пак, јас не ја излажав, само и ја кажав вистината, а лага може да е дека тоане гопишуваше во филџанот :wasntme: .
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Целата поента да си ја знаеш иднината однапред е да можеш да ги измениш некои работи кои не ти идат во прилог. Што ми користи некој да ми ги каже само убавите работи однапред а да ми ги преќути лошите. Па лошите сакам да ги сменам ако можам, убавите нека се случат нема проблем за нив.

    Вака ако ти преќутат џабе ти гледале.
     
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас мислам така, подобро да му кажеш се, па и да има нешто неубаво во филџанот, да си знае човекот, да биде претпазлив, но сепак тука е она „тоа што е пишано, секако ќе се случи“, па и дома да седи и ништо да не прави пишаното ќе го снајде (било арно било лошо). Но, има и луѓе што и да им кажеш, пак нема да веруваат.
    Општо, гледањето како гледање, ми предизвикува неудобност, па затоа сега го избегнувам - и да гледам и да ми гледаат. Што треба, само ќе си дојде, какво и да е.
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тука се разликуваме во ставови јас мислам дека некои работи можеш да ги промениш ако си известен на време, доволно е да ти речат ти прети сообраќајка и тие денови ќе си седиш дома и ќе ја избегнеш.

    Мене ми кажа одамна една жена да пазам како возам дека ќе се случи нешто и стварно после 7 години имав сообраќајка на отворен пат ама среќа само колата се скрши ние останавме ок.

    Тоа е корисна информација а не само убаво да ти кажат :).
     
    На Iva-Mici му/ѝ се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    случајно денес од љубопитност ја завртев шољата и желбата што ја замислив ми беше во вид на јаболко, таа што ми гледаше вика убаво е убаво, а не ми кажува што значи? некој од вас знае што значи?
     
  16. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Не верувам во такви прикаски. Досега не ми ни гледале де, ама некако ми нема логика во кафето да се гледа иднината. Само за тепање на досадата со другарки. Може ке поверувам ако некој што не ме познава воопшто, ми гледа на кафе и ми погоди а вака од другарки, роднини и познаници не верувам. И така секој за секој се знае па ке те слажоти нешто или пак ке ти нагодува некои работи, колку да дознае дали е точно или не.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јаболко значи нешто ново плодно, нешто еротско и сочно како јаболкото :) не те излажала нема ништо лошо тука..
     
    На MarchelineAmaru и interesna им се допаѓа ова.
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    мене ми гледаа вчера и женава некои работи ми ги погоди до сега што се случиле а ми предвиди се убаво во врска со љубовта...и многу посакувам да се исполни се тоа што ми го предвиди :)
     
  19. Kylie

    Kylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Не верував ниту јас, со другарките порано си гледавме чисто од досада :D Пред некое време ми гледаа и чудно е тоа што се ми погоди девојчето, а не се знаеме. Сепак не верувам многу многу :lol:
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мали ко мали си се лажевме на нивоу :rofl: Времиња беа тоа.Сега искрено нити пијам турско нити сакам да се замарам,пред година бев кај една жена тука кај нас што стварно знаела да погодува, и стварно е така,ама мене таа повише ме гледаше у очи отколку у кафе :lol:
    Е сеа нешо се исполни нешто не. Нормално :D
    Среќа не сум фанатик по оваа работа.