Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гледање на кафе

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vodolija, 12 јануари 2010.

  1. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Пред 4 години тетка ми (на тато сестра) ми гледаше на кафе. И мајка беше во собата. Ми кажа некои работи, но ги заборавив, само едно не заборавив. Ја погледна мајка и и кажа Керка ти ќе замине за странство да се мажи. И јас - пффф, нема шанси, кај ќе одам странство сама... А јас сум само едно дете на мама и тато. И после на мајка и падна филм дека ќе ја оставам и ми велеше - Ај кај ќе одиш, седи при мене (демек во Бугарија), не ми бегај надалеч, што ќе праам без тебе, ќе ми недостигаш.....ама ете, пишано ми било...после 2 години заминав за Македонија :angel:
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Со другарките си гледаме чисто ради разонода. Не верувам многу во тие работи, не знам којзнае колку добро да гледам, ама ми викаат дека им погодувам кога гледам на парови. Од другарките ги научив значењата на знаците, па научив и како да ги поврзувам. Нешто погодувам, нешто не.
    Но, мајката на една моја другарка погодува доста работи, дури и датуми ми кажува и ми ги опишува физички ликовите кои ги гледа. Некогаш дури ми е страв да ми гледа, затоа што поголемиот дел од работите кои ми ги кажува ми се остваруваат, а таа речиси и не знае ништо посебно за мојот живот и за она што ми се случува. :?:
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не дека верувам нешто многу во оваа работа ама често вртиме шољи и чисто од досада „гледаме“ во нив.
    Понекогаш се случува и глупости да изнакажеме со цел да се посмееме малку. :D
     
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    некогаш од досада у женско друштво знам да зеам шољата и да гледам и по некоја случајност викаат сум погаѓал (личности кои првпат ги гледам у животот).на една памтам сум и рекол дека ке добие унапредување и замислете по недела дена тоа и се деси хохох какво частење падна за ова :P
     
  5. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    и ние си гледаме од разонода кога ке се собереме...и сите ми казуват дека јас сум гледала мнгу убаво и се сум поѓала а ја ништо посебно онака си гледав се што има!....и имам приметнео не гледам секогаш само кога ќе ми дојде и нескам секогаш да ми гледаат !можеби има нешто !
     
  6. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Дали познава некој некоја жена или маж што гледаат убаво на кафе???
     
  7. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    ај некоја што знае мн убаво да гледа нека ги напиши значењата на фигурите овде или нека ми ги пушти во лп, сакам да се научам да гледам :)
    фала однапред :*
     
  8. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    ја не глеам на кафе али многу ми гледаат.. углавном симболите шо се појавуваат се лисица-итрина, мачка- лицемерие , месечина - нешто ке те огрее..некоја среќа , змија-се знае.. буква У-успех , буква С-срекја..другите букви може да бидат некои иницијали, магаре..бик..коза - инает, дрво - некое разгранување убаво нешто, се појавуваат подолги и пократки патови.. чизма- ке ти дојде некој или негде ке идеш, куче-верност , срце-нормално љубов и така :rofl:
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Јас најискрено верувам во гледанје на кафе. И ми имаат погодено.. Баба ми редовно ми глеа и пи погагја обично. ипак не забегувам до толку..али интересно е у секој случај ;)
     
  10. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    јас лично верувам,бидејки многу пати неколку луѓе што ми гледале,се точно ми кажале,а јас лично гледам на кафе,ама поубаво да не гледам жив пророк сум :D
     
  11. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    со другарки на кафе, секогаш :)
    имам глеано на девочиња што ете така се појавиле на кафе што не знам речиси ништо за нив и ми кажаа дека многу работи сум им погодила, а меѓу другарки па си знаеме ние што ни се случува хаха
    иначе другар од клас ми има два пати гледано, почна на шала као ај бе ја ке ти глеам а веза си немаше СЕ ми погоди чудна работа само една желба што чекам да ми се исполни :lol:
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сношти бев кај една стара добра другарка со која поради образовните ни обврски ,се гледавме многу ретко откако матуриравме.
    И ,како во старите добри времиња на секојдневно климчење една кај друга ,и се запнав да ми гледа.
    А таа ,штом види црна фигура веднаш смета дека е предвесник на нешто лошо :D
    Кога ми изнакажа девојче ,од грдо погрдо ,се невољи ,непријателства ,разочарувачки гласови ...што ти не!

    И на крај и викам - Маре ,црното не секогаш означува нешто лошо ,може да значи и дека е од / за црна личност.
    И таа сирота - Леле маче иззвииинииииии :( :angel:


    Сончка! :inlove:
     
  13. yellowflower

    yellowflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Кога сум со другарки на кафе си гледаме,чисто ради забава.Мислам ми погодуваат,а желбите не ми се исполнуваат баш :P
     
  14. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Некој што се разбира во гледање да ми каже што значи буквата Н ?? И желбата што се става треба јасно да се гледа,бела да биде за да се исполни ?? :?:
     
  15. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Мене снаа ми ми гледа понекогаш,па може да се каже дека погодува нешто :)
     
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.992
    Мижи Асан да ти баам!
    Знаеш како ќе ти гледам на кафе, ќе ти кажам дека имаш проблеми во љубовта (па кој нема) дека имаш црна "особа" во твојот живот, плава соперничка или обратно. Па ако те познавам па, охоо има се да ти погодам.
    А да и да не заборавам,пат ќе ти престои, па макар и на гости да одиш! :P
     
  17. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    секогаш кога сне заедно со другарки ми си гледаме на кафе..т.е други ни гледаат.
    па да ви кажам можи ни погодуваат нешто :D
     
  18. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Буква Н значи нешто Ново или се Надеваш на нешто. Можеби имаш некој на Н.
    За желбата дали ке се исполни нема везе тоа бела-црна. Јас мислам најмногу зависи од нас самите дали ке ни се исполнат желбите. :)
     
    На SaIvnjaann му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lloovveellyy

    lloovveellyy Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    хух секојдневие кое го избегнувам во последно време.. иначе јас гледам на кафе и ми се случи да му гледам на еден човек возрасен и пред жена му му реков дека крие нешто од семејството по некое време испадна човекот да ја вара со секретарката, криел пари и и купувал многу работи на да речеме швалерката... ужасс... исто ми се има случено да погодам и уште многу такви слични работи... јас верувам во тоа а практикувам да ми гледаат само одредени лугје за коишто знам дека се разбираат во тоа... :)
     
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Имав фигура како Богородица, со рацете прекрстени. Многу убаво, јасно се гледаше, си го ставив филџанот на страна за да ја сликам, ама мајка ми го измила. :( Имаше и бик.
    Да не знае некој што значат овие две работи.
    Инаку не верувам во ова, но интересно ми е кога си гледаме со другарки, па се смееме и така. :)