Да секогаш со друарка ми си гледаме на кафе. Чиста глупост, тепање време. Али може и некогаш да се погоди, не викам не. Така на Мајка ми една другарка и гледала и значи се и погодила
Во последно време многу итресесно ми стана гледање на кафе.Сакам да ми гледаат,што ли ќе се случи и да не е точно си поврзувам важно интересно ми е.Само да начекам некој
Има некој којшто навистина знае да гледа на кафе според мене, и навистина погодува.. Но ова нашево гледање.. еј имаш око ќе со видиш, тој те сака повеќе, ти го сакаш повеќе.. бла бла.. чисто поради досада.. да биде поинтересно времето. Инаку знам онака да гледам на кафе.. од тоа што во друштво сме гледале и пиеме по 2-3 кафиња на ден да видам дали ,, ТОЈ ,, ме сака или не.. хаха и така почнав да гледам, ама премногу се чуствувам непријатно и глупаво кога треба на другарка да гледам.. да не биде еве ова лаже, и онака некогаш се поклопат исти работи хехе затоа и во последно време избегнува гледање на кафеее
Мислам дека најважно е да знаеш како да ги поврзеш фигурите со нивните значења и со нештата кои моментално ти се случуваат. Друга финта за успешно гледање на кафе не знам дали има. И не знам дали (да) верувам во ова, има разлика кај сите кои досега имале прилика да ми "гледаат", ама еве ѝ симнувам капа на сестрата на една моја другарка - девојчето секогаш ми погодува буквално сè - било моментална ситуација или нешто што ќе се случи во блиска иднина. И секогаш ме остава онака асално подзината. И тврдам дека не секој го бидува за оваа работа, ете јас на пример тапа сум. И што дека ќе видам зајче, пајче, маче, куче или било што, што дека ќе му го прочитам значењето, кога не можам да си го објаснам !? Глупо ми е, а ужасно сакам да се научам да си гледам сама. Најтешко ми е да ги одгатнам фигурите - мене ми личи на ластовичка, на друга ѝ личи на јастреб и сè така додека не испадне дека уствари пилето било паун. И не ми е јасна финтата со стискањето желба. Уствари јасна ми е, ама ме буни тоа што не можам да си ја одгатнам - понекогаш ми се прави срце во талогот, понекогаш нешто налик на месечинка - има тоа некаква врска или ? Еве, најдов нешто интересно и фала богу - сликовито објаснети фигури. Спојлер http://www.me-chitash.com/zabava/zabava/1591-zabava-za-kafedzii-citanje-na-sudbinata-od-fildzan http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/3585-instrukcii-kako-da-gledate-na-kafe
хаха ме насмеа темава...инаку не верувам во гледање на кафе,а и мислам дека никој незнае да гледа на кафе.значи дека за мене тоа се само глупости,ништо друго
мојата братуцеда гледа по некоја форма а мене ми е интересно..е сега не верувам баш али понекогаш казува работи што мислам околу нив и така ме интересира гледајнето на кафе... како забава малце
Мајка има една пријателка и се лажат двете ко демек знаат да гледаат, ама мене ништо не ми погодуваат. Од другаркиве мои ниедна појма нема, сите се ко мене само смајлиња гледаат Инаку се излажав со една другарка и бевме кај Драги некој, во автокоманда да ни гледа, и сега случајно или не, ми погоди човекот, и ми предвиди некои работи кои се остварија.
Јас понекогаш ја терам баба ми да ми гледа на кафе но некогаш нешто и погодува!!!!!!!!А мнного не верувам во такви бабини деветини!!!!!!!!
Баш денеска другарка ми ми гледаше. Онака чисто од забава ми гледа понекогаш и се смееме Мајка ми гледа на карти онака рекреативно ама се погаѓа па нон стоп кај нас врие од другарки мои
Можеби бев скептична за ова, но од сега навистина верувам. До пред малку бев кај една жена што гледа на кафе од моја населба и дури не ни бара пари за тоа, само ако ти сакаш да и оставиш. Турчинка е, ама срце жена е. Се ми погоди, каква ми е сегашната ситуација дека ме мачат некои проблеми, ситуацијата дома, финансиските проблеми.. за љубов ми кажа иако за тоа сум сеуште скептична, се си мислам дека нема да биде ,и не е таква да ти го кажува се она што сакаш да го чуеш и да ти рече дека ќе се омужиш и ќе изродиш 5 деца. Онака реално си кажува што како -ако некој сака да отиде кај неа, нека ми пише ЛП убаво да му објаснам каде се наоѓа.
Za gledanje na kafe kako pomali si gledavme so drugarkite i po 5 pati na den no toa cisto od zabava no se pojavi vistinski gledac sto me iznenadi uste pred ehee soznam okolu 9 god i go vikam da mi gleda seuste sosto stvarno se mi pogoduva sekoja cest za covekot i zatoa mozam da kazam veruvam vi gledanje na kafe
Не верував се додека мојата комшика не ми рече ајде денес сакам да ти ѕирнам во шољата што ќе каже кафево јас ја гледам и и велам што ќе ми кажеш ма ај батали,а таа ми вели да не се плашиш реков кој јас не и почна да ми кажува де ова она и на крај ми вели не се плаши за некој ден може ќе бидеш неарна ама брзо ќе мине и навистина до болница допрев,иако ми беше шубе мегутоа не обратив внимание потоа пак свртев филџан таа повторно ми погоди ми рече помири се ова што ти е во срцето покасно ќе е оствари не се заморувај толку,јас ладна и реков абе ајде тропаш зелени мене ништо не ме погодува и така и се случи еден ја прашав добро од каде оволку знаеш таа ми рече немам поим и сега ми е страв да свртам филџан кога сум кај неа на кафе макар што има моменти посакувам да ми ѕирне ама почнав да верувам