Јас имам слушнато,дека тоа значело дека нешто некоја работа ти оди бавно. Ама не ме фаќај за збор пошто не сум сигурна. Инаку што значит 1ца?
1ца би требало да значи почеток на нешто. Не дека се разбирам од гледање, секогаш го прескокнувам тој дел и им го препуштам на другарките. Не знам кај ги гледаат тие фигури, мене се ми е исто. Еднаш во неколку месеци ни се случува се другарките да гледаме на талогот, онака за забава. Јас, лично не верувам во гледање на кафе а и заборавам што ми кажале кога ми гледаат, така да не знам дали досега ми погодиле нешто.
Мене една жена што ми гледаше пред некое време ми погоди некои работи,таман ја видов темава и ми текна, утре ќе ја викнам пак да ми гледа
ee od koga mi немаат гледано на кафе... како помали си гледавме другарките, и интересно беше, одевме и кај некои жени што гледаат, ма да само парите ни ги земаа... што е, тука е, ако ти кажат што ќе се случи не значи дека нешто ќе се промени работата е што сакаме да ни го кажат тоа што нам ни одговара Ч)
гледање на карти,кафе... има ли некој искуство со некој кој што му гледал и погодил ? со другарките сакаме да одиме кај некој што знае да гледа а не да знае да лаже на кафе или карти до сега никогаш не сум била кај никој затоа и незнам многу околу темава споделете искуство
гледање на карти,кафе... мене неколку пати ми имаат гледано на кафе, и секогаш ми погодувале на моја другарка нејзина другарка знае да гледа на кафе, ама тешко да ја најдеш дома
гледање на карти,кафе... неможам од никаде да најдам број јас познавав една жане од ново лисиче ,таа многу погодуваше ама бројот ми остана во другиот телефон и неможам да го најдам значи ти погодила таа? има вистина во ова
мене ми кажаа дека кај рекорд имало некоја жена ама незнам точно каде...ако некоја од вас знае нека пише....поздрав
Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе Спојлер http://www.kafepauza.mk/kafe-na-denot/znachenjata-na-najchestite-simboli-shto-se-pojavuvaat-pri-gledanje-na-kafe/ Мајка ми гледа ..на многумина има гледано и погодено па истите се враќале со благо ( се части ако погоди )...Гледа на тие што ги познава , незнам дали ќе се нафати да гледа на некој непознат .
И јас многу јасно дека не верував и велев дека се чисти глупости, додуша и денес го велам истото... Ама еден ден бевме кај една другарка и вртат сите филџани, вртам и јас да не сум покусо. Другарка ми ми подоги апсолутно СЕ. Сите работи кои рече дека ќе се случат се случија... После 2 недели и викам ти си некоја пророчица или што?!?! Кога и кажав дека се беше како што кажа таа дури ни самата не веруваше
Обраќајте фулџаните јас ќе ви гледам . Порано незнаев ич да гледам на кафе, т.е. не ги ни приметував фигурите во фулџанот. Еднаш бев кај баба ми на гости и таму едно девојче со коешто пиев кафе ми велеше абе дај научи се да гледаш, ќе ни гледаш после на сите. И така започна мојата приказна со гледање. Со тек на времето си ги усовршив фигурите, научив што значат и со искуство почнав да си ги поврзувам работите. Ми беше ќеф да им гледам на сите. И со голем ентузијазм раскажував што има низ фулџанот како некоја приказна да читам. (Ете се испофалив сега) Но како што помина времето на секое задоволство му доаѓа крајот. Му дојде крајот затоа што кога отидов во интернатот многу знаеја дека знам да гледам и на секои 5мин ми носеа фулџан. Беа напорни. На иста личност да и гледаш секој ден. Не иде. И така сега гледам рекреативно некогаш. А понекогаш и јас сама добивам желба да гледам, па им велев на цимерките ајде пијте кафе. И тие знаат што следи . Бидејќи секогаш ги одбивам. Еднаш одамна му гледав дури и на мој дечко. И на желба си мислев дали ме замислил мене . Велат дека не било убаво на дечко да гледаш, но ајде пројде тоа.