Мене бабами кога ќе ми гледа на кафе секогаш ми погодува... Јас гледав едно време на кафе и прилично не е работата да им гледаш на блиски особи зашто веќе и знаеш што како им стојат работите во животот. Ми викаа дека сум им погодува, се обидував да бидам објективна, додуша на една другарка и ја погодив и желбата што ја замислила. Но, поради тоа напнување ајде гледајми, гледајми , прекинав пред 4години некаде. Доста е со таа професија , се насочив кон друга хахахахаха
денес ми гледаа на кафе....ако може некој да ми каже што значат фигуриве -> Фенер...бел лебед...патоказ...бело перо...)
Мене ми се има случено да ме извадат од такт, буквално ми го раскажува се што било и што ќе се случи !!! И тоа особи кои прв пат сум ги видела во животот. А некогаш и скрос без веза, чисти глупости Интересно ми е, чисто од радозналост и забава. Инаку и јас понекогаш се глупирам, демек да гледам и ми имаат кажано дека погодувам, да на другарките секогаш се и погодувам
ееее,доцнам малце уште нешто ми видоа - елен,oктопод,мал лебед, девојка со круна- карши нејзе како сирена да ја гледа... долга, голема мачка со шилести уши, до неа куче како да прерипува, па до него како една птица да бега. потоа буквите Ф, В, о, Р, Ц, Т,А ... Н, И, Ј, У..... малце ми е смешно олку букви во кафе.. али, забава
Што значи Ној? Не вртам шоља но кога и да завртам секогаш ми велат имам некој НОЈ! Како и да е, наводно црните симболи имале многу поголемо значење од белите, така слушав од една што наводно професионално се бавела со гледање на кафе, така црно срце ако се појави во филџан значи обострана голема љубова, а бело копнеж. Ова за тие што го толкувате белото срце како обострана љубов.
срце ќе имаш некој додворувач но припази малку биди достоинствена затоа што ќе проба да те понижи.поздрав мила
срцка желбата во форма на печурка значи дека некој се обидува да те заштити и баш од неговата заштита зависи твојата желба. поздрав4ееееееее