Срце мислам дека ке се мажиш ако не си во брак , ако си во брак ке одеш на убава и многу блиска свадба многу убаво ке си поминеш у двата случаи
Ајде сврти па прашувај ќе помагаме Абе знам јас нешто ама ова чудово прв пат го гледам .. :? :? А и невестава ме исплаши .. :? Ах... уште да се мажам ми фали ... А за свадба кај некој незнам ... нема некој таков близок кој е стигнат за мажење / женење... јас па се исплашив пошто сум слушнала дека ако сонуваш свадба е ненадејна смрт ... :?
Сега јас да ти кажам (демек поискусна гледачка ): Куќата ти значи заштита од некого, а пошто викаш дека се во различни големини и бои (мислиш нијанси ), значи од повеќе луѓе. Невестата со осмицата значи дека сабота навечер ќе имаш дупла среќа, тоа дупла среќа јас така си го викам, значи демек многу среќа ќе имаш А сабјата значи дека некоја работа ќе ја пресечиш т.е. ќе ја завршиш. Е сега ова не држи ме за збор. Ти кажувам од што ги слушам другарките кога ми гледаат. Па кажи ако сум ти погодила,бизнис да отворам
Фала Хипица имаш кафе од мене Инаку сум слушнала и јас дека фустан е нешто во сабота навечер само ова невестава ме збуни
Девојка во бел фустан е сабота навечер, а во црн е петок навечер И ќе ти го памтам кафето, ако ти сум погодила секако Да не е за џабе.
Во средно со другарките поминувавме многу време во гледање... ама онака за забава, а не дека верувавме. Интересно е. Тој што гледа треба да е многу креативен, затоа што тогаш најзабавно е. Се зависи од расположението на гледачот
Ооо уживам кога ми гледаат на кафе...Само чекам некоја жртва да најдам што покажува дури и најмал интерес за гледање :twisted: Но не верувам во она што ќе ми го кажат, зошто речиси ништо од тоа не ми се остварува (или не сум нашла некој што стварно знае да „гледа“!). Ретко кога нешто ќе ми погодат, а најсреќна сум кога ќе ми кажат некоја работа која сакам да ја слушнам!
Па да - некогаш едвај чекав да се собереме неколку другарки од кои една сигурно ќе ни гледа на кафе и да дискутираме за кажаните работи сега повеќе немам време а и не ми е интересно бидејќи ми е јасно дека нема никаква врска со вистината
Како помала со другарките си гледавме на кафе, не дека сме знаеле туку само така од забава сме изигравале гледачки Не верувам во тоа. Пред една година одевме кај една стара баба демек многу погодувала, да ни гледа на кафе, ама и нејзиното кажување врска немаше. Нешто ќе погоди ама од толку работи што кажува, мора нешто и да стрефи
Имам јас една школска другарка,не се дружиме баш многу-ама кога ќе ми гледа на кафе,се знај! Како навиана кажува и се погодува..за жал и лошо да е,ќе ти го каже :? Затоа,верувам јас во ова чудово...
хахаха колку нема везе само.сите трескаат заљубена си ќе видиш некој имаш душманка некој ти мисли добро/лошо па да нормално...нешо ќе погоди така???а некој се палат ко мајмунки ама секој има право да избере во што ќе верува или во што му одговара
ех срцке,јас не замислувам за љубоффф желби,туку ле за општи работи за кој никој нема појмааа,па камоли таа што ми гледа...а верувај-школската моја како баба ванџа е
Кога ќе се собереме со друштвото редовно ги вртиме шолјичките ..Другарка ми неколку пати ми има погодено...сепак можеби има некоја вистина и во тоа
почнав чисто од навика да вртам шоља. Во средно со другарката скапувавме на кафе(ако учел некој во орце знае за Сласт) . Си гледавме секој ден, ама откако идвете фативме сериозни врски, прекинавме..таа се омажи а јас се разведовж(среќно)читај раскинав е од тогаш и заборавивме како згледа гледање на кафе. Вртиме понекад али останува така превртена.
Од денеска верувам во кафе,во судбина и во се што е натприродно... Голем црн петел веднаш при врвот...Наместен кревет и огромна рака која одозгора го зема... немора да објаснувам мислам дека знаете што значи :? :?
Не сакам да ми гледаат на кафе,зашто не верувам и од таа причина не не превтувам филџан веќе. А како помали со другарките си гледавме редовно(читај секојдневно )и уште се чудам со кој памет.Али по се изгледам мора да се помине низ таа фаза,како неодминлива скала во процесот на созревање е,или како пропратна нус појава,сеедно..