На дното имаш некој добиток значи ќе добиете во куќата некои пари. Имаш пола месечинка нешто ќе те огрее дома. И едно мало бело маченце нешто мило ќе ти биде. Од страната каде што е рачката имаш осмица нешто за осум дена ќе се случи или некој ти е љубоморен ти завидува. Имаш една тежина ти излегува од филџанот некоја мака ќе ти помине или некој проблем што го имаш. Спротивната страна од каде што си пила ти е љубовна страна. Имаш виолински клуч некој ќе ти кажува некои љубовни зборови. Имаш една змија бела е некоја плава душманка и имаш една кука сакаш нешто да зграпчиш. Наспроти рачката имаш една седмица огромна без цртка тоа значи нова љубов. Од страната кај што си пила имаш еден петел некој глас ќе чуеш за брзо време. ОВА Е ЗА ПРВИОТ ФИЛЏАН.
Од твојата страна имаш еден прстен некојја желба ќе ти се исполни за брзо време. Имаш една пеперутка нешто убаво ќе ти се случи некои пеперутки во стомакот ќе почувствуваш. Имаш една С буква среќа ке те прати или некој на С и имаш едно бело срценце некој плав те носи во срце. Наспроти рачката имаш еден пат ќе патуваш некаде а под патот имаш една кокошка ќе се караш со некој во врска со тоа патување. Имаш глава од мачка нешто мило ќе ти биде во врска со тоа патување. Од твојата страна гледам едно рипче тоа е непотребна грижа а имаш и точки некои точни зборови ќе слушнеш и имаш клуч нешто ќе заклучиш ќе дојдеш до заклучок. На дното гледам една буква на С пак и имаш чудовиште што кажа innamylove. Ова е за втор филџан.
мене баба ми ми гледа,и секогаш се ми погодува еве од вчера,удрив 3 желби и како што се гледа сите се скоро исти, баба ми ја печеа очите и не ми догледа ,па ако сака некој нека ми каже што има во желбиве
Е може зарем ниедна фигура неможе да се види,ова е под сончева светлина сликано може требаше во затворена просторија?
девојче-може да е смеѓа,темна итн може да е во врска нешто со домашната страна се зависи од фигурите околу штрк-преселба,озборување,бременост крокодил-некој смеѓ/црн ќе се влече по тебе
имаш смеѓа особа од која ќе слушнеш (преселни) гласови..и ќе се грижиш за нив или во врска со некоја плава женска можеби за љубов нејзина...имааш заштита од смеѓа особа или ти ја заштитуваш со која ќе разговарате телефоски (имаш тел.) и можеби ти треба храброст за некој почеток во врска со работа или гласови т.е. разговор што треба да го оствариш... имаш некој почеток на врска со смеѓа... и че испливаш од некои тешкотии во врска со разговорот што треба да го оствариш...ќе имаш сврзување со смеѓа...ќе ти биде мило во врска со заштитата можеби за ново познаство или средба... нека ти изгледа некоја друга феминка што се разбира повеќе од мене толку