slikava mi e od porano ama nekako vo misli mi ostana.. pa sega slucajno ja najdov temava pa ja prepustiv. mislam deka si vo pravo so ova (grizava) ama za brzo mi pomina .. gledas nesto ima hmmmm izvinete od mob sum
Го изнасликав Филџанот! Ќе ми гледа некоја ВЕ МОЛАМ! Пред важен предизивик сум!!! БЛАГОДАРАМ од срце Спојлер
Ее дечки сум го наследила талентот од мама и баба на мајка ми и гледав пред некој ден и ми вика доста сум и погодила поготово желбите. Сега уморна сум ама утре ќе ви гледам на колку стигнам
Мило ми е што се активира темава. Не дека видов нешто посебно, ама се сетив на темава и си ја сликнав шољата од вчерашното попладневно кафе, па сега имав повеќе време и да постирам слики. Првите две слики е шољата од лев и од десен агол сликана, а последната слика е желбата. Па повелете кој знае. Ете може членката над мене со талентот од баба и мама.
Мислам дека не си ја превртела правилно шолјата пред да ја превтиш провери дали талогот е зацврстен зошто вака не се прават фигури.. или пак имаш бистри мисли
@3m43 ќе ти се верува ако ти кажам дека заборавив дека се превртува шољата? Смешки сум жими се. Бистри мисли имам, нема што.
Од тука се ќе ви се предвиди. Поблиска и подалечна иднина, ма се што ви душа сака да слушнете. Како не ве мрзи ова да правите, сликате превртени филџани кафе и чекате некој да ви гата. Внука ми од 7 години вакви глупости не би правела, а не пак девојки од 18 години нагоре. Полуде светов. Нема љутиш, ова е дно според мене.
Сакам да ми гледаат на кафе и обично не верувам во такви работи ама кога и да ми гледа некој на кафе секогаш ми погодуваат не баш сите работи ама повеќето да. И секогаш кој и да ми гледа мора да ми каже дека сум расеана, ама баш секогаш.
Не пијам кафе за да ми гледаат, но имам другарка која секој ѝ гледа на кафе и вели дека две другарки секогаш ѝ годат. Кога и да видам јас во талогот гледам работи како „жирафа“, „зајак“, „змеј“, „срце“, „Волдеморт“ и сл ... па често и не сум на листата за гледање. Сепак на еден начин ме интересира како оди тоа гледањето на кафе ... се гледа фигури па се „составува“ приказна или се е во малите цртички без фактички да има фигура ...? Малце збунувачко ми е ама то е