1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гледање на кафе

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vodolija, 12 јануари 2010.

  1. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Jas gledam na kafe...i devokive na koi im gledam velat deka pogoduvam...Ima tochnosti no sekogash ima i raboti onoa bezveza :D Jas toa ne go smetam za glupost i sum mnogu po tia raboti tarot,kafe...ama dokolku toa go [pravi iskusna lichnost shto si go znae zanaetot :)
     
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    тоа е дел од животот што верувам дека сите го имаме поминато, и јас порано со другари/ки сме си гатале со саати ( не дека сме верувале во тоа). Сеа многу ретко само кога ќе излеземе заедно на кафе што ретко се случува поради разни обврски, а дома кога си пијам кафе имам навика да свртам шоља и така си стои (божм ќе си гатам) :D
     
  3. Strange.girl

    Strange.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Еј здраво луѓе... Јас имам 14 години и сум делумно мала за вакви работи, ама многу ми е доасдно одсабајле и не знаеме со другарките што да правиме. Би сакала да научам што значат фигурите и останатите работи кои ги гледаме во шољата, така да ве молам ако некоја од вас знае некоја интернет страница каде што има за такви работи да ми остави тука линк за да ја најдам...Ќе ви бидам многу благодарна ако ми помогнете. :lol:
     
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Не верувам во гледање на кафе,затоа што најчесто тој што ни гледа не лаже,а посебно ако знае нешто за нас и се :D на наша сметка.Тоа е само тепање на време,посебно во тинејџерските години.
     
  5. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    mi se imaat ostvareno 2 zelbi
    i znam da gledam
    i veruvam vo toa
    :D :D :D
     
  6. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    па и не верувам баш многу многу но има една жена што ми гледаше и буквално како со мене да била цел живот све ми кажа а со другарки онака си глеаме чисто од досада
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    :D
     
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Еве некои фигурни што значат:

    Ангел – добри вести, среќа, голем настан за вас
    Авион – ќе добиете поклон за кој не се надевавте
    Балон – бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања
    Бебе – мали грижи
    Брег – лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите
    Бубачка – тешка задача ќе се постави пред вас
    Брод – ви претстои патување
    Боца – очекувајте добри вести
    Дете – финансиска придобивка
    Дланка – проблеми во фамилијата
    Грав – финансиски проблеми
    Јајце - богатство и успех
    Канџа – непријател
    Ќелава глава – голема љубов
    Клуч – отворање на врати, реализација на напорите, успех
    Коњ – снага, независност
    Компас – патување кој подалечна дестинација
    Круг – очекувајте успех
    Круг со точка во близина - принова во фамилиата
    Круг со линија во близина – вашиот труд нема да биде почитуван
    Круша – финансиска сигурност
    Квадрат – нов дом
    Пеперутка – флерт
    Лав – успех на работа
    Лице – некој што ве сака се грижи за вас
    Лисица – лажен пријател
    Ланец – покана за на свадба
    Права линија – напредок без проблеми
    Крива линија – неуспех
    Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа
    Мачка - расправија за кратко
    Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели
    Метла – успех на работа
    Мечка – добро размислете за нови одлуки
    Маска – опкружени сте со лицемери, непријатели
    Млада месечина – религиски повик
    Мотика – финансиска придобивка
    Мравка – одлучност некоја работа да се донеси до успех
    Наковална – деловен успех
    Наушница – потребно ви е внимателно објаснување
    Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто
    Овца – тешка работна задача
    Око – љубомора, завист
    Оро – големо подобрување во животот
    Куче – добар и приврзан пријател, верен партнер
    Коњ – немате сили започнатата работа да ја донесите до крај
    Полна месечина – љубов
    Палма – среќни денови во бракот
    Пајак – неочекувани пари
    Пчела – ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести
    Писмо – ве очекуваат добри финансиски денови
    Пила – препреки на работа од своите соработници
    Прстен – брак
    Рак – чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло
    Скинат прстен – проблеми во бракот
    Риба – животот ќе ви биде побогат, посреќен
    Рака – пријателство и фамилија
    Срце – љубов, верување и доверба
    Стебло – на пат се промени кон подобро
    Стол – Неочекуван гостин
    Слон – искрен пријател
    Сонце – моќ, успех
    Свеќа – некој ќе ви помогне да успеете
    Стрела – среќна и хармонична љубов
    Стена – мал проблем кој брзо ќе го надмините
    Стопало – добри вести
    Свиња – добивка на работа
    Човек со испружена рака – поклон
    Чадор – оговарање, озборување
    Чамец – работните обрврски можете сам да ги средите
    Чорап – оговарање, озборување
    Чекан - грижи
    Глушец – кражба, разбојништво
    Торба – пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете
    Трокут – доаѓаат промени
    Топка – работата повеќе не ви причинува задоволство
    Уво – Ќе слушнете неочекувани вести
    Врата – Прилика за успех
    Рог – внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина
    Волк – непријателство, љубомора, можна расправија
    Знаме – ве очекува опасност, подгответе се за судир
    Змија – внимателно, имате непријатели
    Змеј – коренити промени
    Звоно – неочекувани вести
    Звезда – исполнување на ваша голема желба
    Заб - зло
    Цвет – финансиска придобивка
    Црква - грижи
    Харфа – среќа во животот
    Шешир – мали незгоди, промени
     
  9. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Јас кафе пијам само ако има некој да ми гледа :lol:
    Верувам бидејќи ми имаат погодено се од збор до збор.
    А јас сум си тапа за гледање на кафе.Не можам да видам ниту една фигура.
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Порано ми беше интересно гледањето на кафе кога бев помала, сега поретко...онака за забава. Мислам да ми каже некој дека многу знае да гледа веднаш би прифатила иако знам дека се глупости ама ете...
    А за фигуриве погоре што се напишани, ги имам сретнато во многу различни значења, и најчесто си давам некое свое значење :D
    Еве на пример тука пишува: Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели
    А многумина го кажуваат магарето како инает, па и јас така некои мои значења си давам.
    И така.
     
  11. SingleI

    SingleI Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    хаха мене ми е баш интересно .. сакам да ми гледат но нема кој , ги мачам сестра ми и мајка ми онака за забава . А еднаш стварно се исполни желбата што ја замислив ;)
     
  12. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Верувам во тоаи цело време и се качувам на мајка ми на глава поради тоа. :D Јас сум ти ногу пренесена по тие работи и само по некои гледачки сум... :lol:
     
  13. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Не дека ми погодиле до сега нешто од каде да знам може ке биде вистинито 'некој ден' ама пренесена онака од забава :D
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еден период ги научив симболите, па демек гледав на кафе |( :rofl:
    Свашта, ги лажев сите, тропав глупости што ми текне на памет. Е кога се опаметив престанав. Не ме биваше :D
    А сакам да ми гледаат. Радо би испила и сеа едно кафенце само за да ми гледаат. За верување...не верувам на другаркиве што ми гледаат. Доволно ме знаат и познаваат,па не е тешко да се смисли заплет некој.
    Единствено што ми има погодено една жена, во Ѓорче живее, во Скопје. Прво бев скептична, ама ајде со другарки, па зошто да не?! Женава ми погоди колку неоправдани имав таа година и какви оцени имав. Погоди и некои семејни работи, што стварно ме зачудија. Слабо ми зборуваше за во иднина, ама сега кога се враќам назад и ми текнува , се исполнил скоро секој нејзин збор....
    Би сакала да одам пак , ама слабо сум со време.
     
  15. shajla

    shajla Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Сум и јас заразена по тие работи, често пати со другарките кога нема што да правиме си гледаме на кафе.. не дека знаеме нешто ама го губиме времето и ни е еден вид како забава...Искрено не верував многу дека преку кафето може да се претскаже иднината но во Битола посои една жена која навистина многу добро знае да гледа на кафе...
    Појдовме со една другарка и убаво се секавам првиот пат женава ми кажа буквално се, некои работи за дома(знаеше што точно имам сестра, брат со што они се занимаваат, мама , тато итн..), како точно се чувствувам во моментот, ми кажа работи и за во љубовта, за другарството ... буквално се.... и на крај вика да не имаш некое прашање нешто што немам кажано а сакаше да прашаш и едноставно реков - немам!
    Буквално женава како со мене да беше цел живот и знаеше некои раб. дури и јас што не ги знаев. А се што кажа за во иднина се исполни иако на почетокот бев скептична и не верував дека така ке биде...
    Имам уште неколку пати појдено кај неа, и буквално се што кажа така испаѓа...
     
  16. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    сакам да ми гледааат и јас имам отидено кај една жена и буквало се што ми кажа се е вистина ми погоди мн ствари за дома за факултет дури ми кажа дека ке попуштам многу со факултетот у смисла дека ке ја презапишам годината и стварно така се деси ... али тоа е тоа...
     
  17. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Сакам да си пијам сама кафе , вртам традиционално филџанот и си гледам 8) :D
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    хехех порано секој ден пиевме кафе со другарките и ако не гледаме исто како да не сме ни пиеле хихи сега пак пиеме но не си гледаме многу често.. инаку многу работи ми се исполниле од филџанот...
     
  19. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Кога пијам кафе со другарките,нон-стоп си гледаме ама чисто онака од забава,иако многу не верувам во тоа.
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    НЕ верувам и не практикувам. Од проста причина што сум таков човек кој се потпира на факти а не митови. Гледањето на кафе ми е тесно поврзано со терминот самонабљудување. Баш како истоимената метода , примерот со мастило на парче хартија кое се преклопува и му се дава на испитаникот со молба до него да објасни што по сликовито какви фигури гледа , тоа зборува многу за неговата психичка состојба доколку правилно се протолкува.Тука ќе го земеме во предвид и фактот дека секој гледа различни фигури. Од тука заклучувам дека гледањето на кафе е еден вид ретроспектива , "гледачот" на тој начин раскажува за сопствените внатрешни доживувања а не за вашата иднина или психичка состојба.Тука треба да се спомне исто и уште еден експеримент , одеше вака -На група испитаници им се дало да читаат хороскоп , наводно секој добил за својот знак. Откако ги прочитале сите се изјасниле дека тотално се пронашле себеси во напишаното. Погледнале меѓусебе, хороскопот секаде бил ист иако сите имале различни знаци. Тоа значи дека најчесто толкувањата се од општа природа, типични од типот : "Ахам тука гледам тежина, имаш многу проблеми " кој нема , кој нема ?! :!:
    Како што кажав се потпирам на факти а не митови ,традицијата со превртување на филџанот не е за мене ;)