Јас не знам да гледам, а прв пат ми гледаа пред една година. Си реков ајде да видиме што ќе испадне. Значи девојчето ми кажа се точно, дури и ми го предвиде дечко ми кој тогаш го немав После тоа навистина се заинтересирав и ми гледаа и други на кафе, но не ми погодија, нешто малку. Не го може тоа секој, секој има различна перцепција, да им дадеш еден филџан на две различни особи, различни нешта ќе ти кажат.
еј а ова со слики од кафе што ставате сериозно некој гледа? ве молам кажетеми нова сум на форумов а и искрено мака ми е да скролам уназад да барам дали некој гледа
Авион-покажува скорешно патување со авион,а може да биде и силна желба да го промените сегашниот начин на живот Алигатор(крокодил)-Покажува дека треба да сте претпазливи при сите зделки или нови бизнис проекти Ангел-Означува добри вести;некој се грижи за вас и добро ве чува од несреќи Арка(порта)-пари во работата и љубовни авантури Багаж-се работи или за кабинетски или за вистински светски патник Бадеми-покажуваат донесување на одлука дома или на работа Балон-ќе отидете на друго место или ќе го смените домот;ќе се врижите без особено да ви е грижа за насоката;ќе се населите привремено некаде и таму ќе се чувствувате среќни Барабан-успехот ќе дојде кај вас затоа што сте многу талентирани,светот има потреба од она што му го предлагате Бастун-неколку дена не се впуштајте во зделки-моментот е несоодветен за вложување Бебе-Кога симболот ќе се појави,наскоро очекувајте вести за радосни настани Бижутерија-секое парче бижутерија кое го гледате во филџанот покажува голем успех Бик-имате агресивен колега кој не ви мисли добро,па гледајте вашите патишта да не се пресекуваат Биро-потребно е да ги подредите сите ваши книги и хартии-особено важните документи Бокал-наскоро ќе стекнете богатство и ќе сте во состојба да им помагате на другите Брод-подгответе се за важна позитивна промена во вашиот живот Бројки-тоа се важни бројки за вашата иднина,за сегашноста или минатото(Броевите можат да покажуваат пари,датуми,дури и часови.Броевите секогаш се во комбинација со други симболи-тие само ја прецизираат количината.Ако се на дното,броевите ги појаснуваат ликовите и влијанијата од минатото.Ако се на средината-помагаат при опишувањето на сегашната состојба,а на врвот-даваат претстава ‘колку’ или ‘кога’ за идните ситуации. Брут(шајка)-силни,настојчиви и цврсти луѓе,исто како брутовите Бршлен-ако во вашиот филџан има повеќе одд еден страк,значи дека ве поддржуваат многу пријатели;ако стракот е еден,вие сте чове со длабоки убедувања. Бубачки-тоа е предупредување да дејствувате внимателно,бидејќи сте опкружени со негативни влијанија. Бумбар-не се карајте со пријателите;понекогаш сте во друштво на недобронамерни луѓе Вазна-една тајна ќе ви биде откриена Ведро-ако е исправено,покажува успех во изнисот,ако е легнато не прифаќајте никакви зделки засега Велосипед-вие сте на вистински пат за да ги остварите намерите Венец-среќа во бракот при нечија свадба или друг благословен настан Верверичка-тешката работа не е непозната работа за луѓето со тој симбол во филџанот. Весло-веслото во филџанот ви кажува дека дошол моментот вие да им давате на останатите Ветерница-симбол на застој се до моментот кога ветерот повторно ќе ве раздвижи Видра-веселата природа ви овозможува да се чувствувате добро и кога сте сам и кога сте меѓу пријатели Вилушка-знак за кавги;размислете пред да зборувате Виножито(Ѕуница)-успех и среќа Виолина-непозната егзотична личност ве импресионира-бурна и страстна љубов Волк-чудесен симбол за вашата сила и смелост Вонземјанин-пријателство и љубов! Тој знак речиси секогаш означува човек кој е необичен или е од друг дел на земјата или вселената Врзоп(пакет)-кон вас доаѓа изненадување,можеби ќе го добиете она што го сакате Вулкан-нерешените семејни проблеми сега навлегуваат во критична фаза Габи(печурки)-симбол на плодност Гитара-тоа е лесно-вие или сте музичар,или имате музичка дарба,или музиката ве привлекува Глава-ако близу до неа има иницијали,тогаш мислите премногу на тој човек;ако нема-премногу мислите на себе Глобус-вие сте сбетска личност,зборувате повеќе од еден јазик или имате контакти со странство Глушец-покажува непријатности кои доаѓаат преку некој пријател или колега Гнездо-голема љубов кон домот или кон децата Гондола-среќен и безгрижен љубовен живот
Гребло-среќен дом-минувате голем дел од времето во уредување на предметите во домот на внатрешната и надворешната хармонија Грмушка-гледате многу пореалистично и на себеси и на останатите Гускино перо-остар јазик и неверојатна силна волја Дајре-непостојаност во врската Детелина-среќата кружи околу вас и вашиот партнер Дијаманти(скапоцени камења)-парите и материјалните богатства се тргнати кон вас,не трошете ги премногу Диплома-сте го занемариле талентот кој би требало да го развиете Дланка-голем успех е ако е свртена кон вас-несреќа е ако е обратно Домати-убав и посакуван знак-тој човек е во состојба да постигне голем мир во својот дом и во личните контакти. Дрво-луѓето во вас гледаат сила и благодарност Ѓердан-обично означува повозрасен роднина Еднорог-за што всушност фантазирате? Едрилица(брод)-љубител на морето и небото;необичен,импулсивен авантурист кој ги сака префинетите нешта во животот Еж-некој ќе ја користи вашата добрина Жаба-долг и плодотворен живот,чудесен за оние кои сакаат да создадат семејство Желад-покажува дека човекот ја сака природата,може да е приврзан и кон градинарството Желка-движете се бавно,сконцентрирано и решително и ќе успеете Зајак-тој е симбол на плодноста.може да означува и почеток на создавање,извор на нова идеја,создавање на некаков проект. Замок-изолираниот живот и преопторувањето со работа ви ја измачува душата;време е да го спуштите подвижниот мост кон светот. Зарови(коцки)-вашата судбина е непостојана-и за добро и за зло Зебра-не ви е пријатно во друштвото во кое се наоѓате Зеленчуци-секој од зеленчуците е симбол за богатство,а повеќето се симболи на плодност. Змија-ќе се наметне потреба да донесете важно решение;мудроста е на баша страна Знак на зодијак-секој сончев знак од зодијакот е предупредување дека некој роден под тој знак има влијание врз вас Знак прашалник(?)-кога ќе го откриете тој симбол,тоа е очигледен знак за прашање(ако се наоѓа на дното,покажува прашање од минатото.На средината на филџанот-го симболизира вечното прашање кој сум и од каде сум.Одговорот ќе го добиете наскоро од судбината и животот.Ако е на работ,прашањето е:што да направам сега?Погледајте ги симболите до прашалникот-и тие ќе ви кажат за што се работи. Ѕвезда-позитивен симбол на надежта и остварените мечтаења Игли за плетење-треба повеќе да ги ангажирате рацете со достојна работа;празните раце ќе ве уназадат Игуана(гуштер)-тој шарен голем гуштер означува дека вашиот живот е оптоварен иако токму сега ви претстои долг одмор Инсекти-станете поотворен во сите контакти;другото значење е дека можеби другите прават интриги во врска со вас Јаболка-ова е плодносно време за творештво,чудесно за луѓето од уметноста.Филџанот не може да има лоши јаболка. Јагне-или домот ви е топол и удобен,или сте човек кој сака да ги собир несреќните животни и луѓе Јагоди-Јагодите секогаш означуваат успех во врските со луѓето Јазол-Јазолот во филџанот покажува дека се вознемирувате на најситни дребулии Јаже-тоа е предпредување-ако јажето е заврзано тогаш проблемот е од здравствена природа,а ако е во круг,покажува финансиски тешкотии Јаже за скокање-нема пречка која не би можеле да ја прескокнете Јајца-загуба на пари,ако се скршени или добивка ако се здрави;кога јајцето е напукнато,внимавајте со парите Јарем-имате чувство дека нешто ве сопира и задушува-не можете да ги остварите желбите,разочарани сте од постигнатото од животот Јорган-јорганот покажува добро самочувство и умешност да се создаваат добри нешта,како за себеси,така и за останатите Кајче-се подготвувате за патување,но љубовта можеби е сосем близу;фантазии за романтични места за оние кои што сакаат да го загубат умот Кану-кануто покажува дека ви недостасуваат пријатели,вие сте премногу изолирани и осамени Кама(нож)-внимавајте што зборувате пред другите,опкружени сте со поткажувачи Камбана(звоно)-покана за свадба доаѓа кон вас;кога камбаната стои исправено-добри вести,а кога ѕвони-негативни Камила-тешкотија и неспокојства,воздржете се да тргнете по патот на среќата Камин(оџак)-каминот е предвесник на среќни настани Капки-кон вас се движи мала сума пари или среќен тек на околности Карпи-на патот имате пречки;наместо да се борите со нив,постапете како реката-заобиколете ги Карти-кон вас доаѓаат среќа и пари Катанец-чувствувате дека немате голем избор во животот или дека други донесуваат одлуки за вас Квадрат-променете си ги плановите и заобиколете го она кое што ве вознемирува во животот Кенгур-вие сте вистински романтичар,но малку сте неодговорен;внимавајте кого ќе го изберете за љубовник. Килим-имате чудесен пријател и со него ги споделувате радостите од убавите мигови во животот Кит-мало нараснување на вашите приходи,заедно со мало зголемување на работата Клуч-голема среќа и неверојатен успех-сега е моментот да ги остварите вашите копнежи,особено во областа на образованието Клучалка-Имате тајна која никогаш нема да ја разоткриете;толку е голема,што можеби вие сте ја заборавиле Книга-Чудесен момент да научите нешто ново,да постигнете подлабоко ниво на самосознание преку читање и слушање Ковчеже со богатство-тоа разоткрива колку славна сличност сте Коза-товарот е премногу голем,затоа споделете го-доверете се некому Кокошка-мислете си за дома-поканете ја мајка ви на гости или јавете се телефонски Кола-ако е добро отцртана,колата е знак за претстојно патување,но ако линиите и се испрекинати или замаглени,ве очекуваат непријатности со вашата кола Колан(ремен)-смирете се и не претерувајте,особено со храната Комета-се приближуваат непријатности,внимавајте со соседите Кола за брза помош-покажува брз динамичен живот
Компјутер-силен интерес кон техниката и кон иднината,чудесен симбол за правење пари,особено за сопствениците на фирми за современи технологии. Конфети-наскоро ќе се видите со стар пријател,ќе си поминете чудесно Колиба(планинска куќичка)-колибата ја одразува вашата романтична претстава за домот;колибата секогаш има јасно отцртан оџак. Копје-ќе се наметне потреба да влезете во борба,за да се заштитите Коски-огнената сила во вас доаѓа од длабоко;вие сте силен и стабилен и луѓето ве почитуваат Котва-ако се гледа јасно и е добро оформена,котвата е добар предзнак;ако е нејасна или искривена,покажува разочарување Коњ-ако сте жена,во вашиот живот ќе навлезе нов маж;ако сте маж,ќе се појави соперник;за секој пол коњот покажува силна личност Кошница-некој или нешто ви пречи;заобиколете ја кошницата,не ја шутирајте Корнет сладолед-корнетот сладолед покажува дека треба да му помогнете на некое дете Кочија-овој симбол има значење слично на ‘кола’,поврзан е со нормалниот транспорт Крава-сте се сретнале со стар пријател или бивша љубов Кревет-вардете се од несреќни случаи;ако внимавате и мислите пред да дејствувате,работите ќе ви одат многу добро Круна-ќе добиете некое наследство или осигурување,а тоа ќе стане основата и на вашето наследство Ксилофон(музички инструмент со ударалки)-исклучително талентиран човек Куп сено-не се отпуштајте,веќе сте ги поставиле основите за среќна иднина Кутија-ве очекува изненадување-можеби подарок од саканата или некој специјален неочекуван подарок Кученце-пригответе се за голема журка или друго славење Кучиња-опкружен сте од добронамери и верни колеги и пријатели Куќа-ако куќата е цврсто изградена,тоа значи добар домашен и семеен живот;ако ѕидовите не се вертикални,тоа значи дека во домот ќе имате несреќа; ако поkривот ви е искривен,соседите ви се лоши Лав-вие сте многу верни и добронамерни-со тоа се гордеете Ламба-добро разбирање на себеси и на другите;чудесен знак за оние чија работа е во услугите на луѓето Леб-неопходна ви е подобра храна за вас или за некој близок;понекогаш за домашниот љубимец Леопард-каде и да се наоѓа леопардот во филџанот,значењето му е исто-ве чекаат тешкотии и опасности Летало-неспокојна душа со многу чувство за правилна насока во животот Лилјак-долговечност-тие ноќни суштества се симбол на пријателството,како и на долг,здрав живот Лимон-љубомората кон останатите,особено кон луѓето кои изгледаат подобро,иако не ги познавате Лисица-вие сте интелегентен и духовит;луѓето често ве канат на гости Листови-чудесен знак кој често покажува добро здравје и енергичен стил на живот,ако листот е цел;оштетениот лист зборува за лошо здравје Лопата-на патот имате пречки кои ви попречуваат да ја откриете вистината во животот Лук-сила и издржливост,а исто така и умешност да одбиете злонамерен натрапник Лупа-правите од мувата слон;работите што се случуваат во светот и не се толку важни Лулка-наскоро ќе настапи промена во вашите планови-промената е неочекувана и може да е на добро или за зло. Мајмун-тука работите запираат поради умни луѓе кои се подготвени за секакви мајмунлуци Маслинки-многу стар блискоисточен симбол=пројава за мир и среќа во домот Мачка-имате некоја тајна и сега-засега најдобро е да не ја разгласите Медал-чувство за добри постигнувања;останатите ве уважуваат поради тоа,носете го симболот за заслугите со гордост. Медуза-еден лажен пријател работи против вас;внимавајте во својата работа-други можеби копнеат да ви го земат местото Месечина-полумесечината покажува каде ги криете чувствата,а полната месечина-дека му соопштувате на светот што истражувате Метла-вие влегувате во форма за да се прочистите себеси и опкружувањето;тука се очекува сериозна позитивна промена во вашиот надворешен изглед Меурчиња-знак на веселост,гостување и забава,колку повеќе има меурчиња,толку подобро ќе си поминете Мечка-лошото расположение ве направило неподнослив;време е да престанете да спорите со сите наоколу Молња-инспирација и мудрост;одблесоци на идеи и визии Монети-парите тргнале кон вас;колку повеќе се монетите,поголемо е богатството Мост-вие сте пред прагот на важно решение кое ќе ви го промени животот-во која насока да тргнете? Мотика-реалистичен поглед кон животот-ако сега сте незадоволни,наскоро ќе настане успешен пресврт. Мразулци-непријатностите ќе се стопат Мрежа-да видите мрежа во вашиот филџан,означува дека наскоро ќе бидете замешани во интрига Невестулка-тоа е симбол на човек кој се обидува да ве искористи-бидете внимателни Нишалка-врска која нема да трае долго Нож-освен ако не сте професионален комичар,башиот црн хумор може да биде разбран лошо;сарказмот ги засега останатите Ножици-Варете се од лажните пријатели-не изнесувајте многу лични или доверливи податоци,особено пред нови пријатели Ноти-музичките ноти расеани низ филџанот се симбол за весела душа Обеликс-не е најдобриот симбол-покажува дека ќе се останете сами Облаци-вие сте креативен мечтател;новите идеи можат да ви донеат слава и богатство Облека(алишта)-ќе ги остварите своите планови Обувки-ако обувките се добро оформени,сега животот ви е спокоен,пријателите и соседите ве сакаат Овца-сте се подготвувале внимателно-сега вашиот план ќе се реализира Ограда-заобиколен сте од пречки,измислете нешто ново за да ги надминете. Оган-страст или сладострастие,чудесен симбол за љубовници или за волшебно рандеву Огледало-вие сте добронамерен,секогаш сте готов да направите подарок на фондација и да бидете доброволец кој му помага на светот на многу незабележлив начин Огномет-вашиот творечки импулс ќе се разгори-ќе можете да излетате Орев(јатка)-дали сте колекционер?дали сакате со нешто специјално да ја збогатите колекцијата? Орел-дури и да се стремите кон најголемите височини,вашите фантазии ќе се остварат; нема невозможни нешта,за вас границата е небото,може да летате насекаде Остров-чувство на изолираност,особено ако на островот има палма,а во близина нема иницијали Очи-привлечност и шарм-чудесен симбол за актери и актерки или за претстојно интервју Очила-не гледате каква е всушност состојбата;внимавајте,симнете ги очилата за да ја видите вистината Падобран-ќе скокнете во неизвесност,без да знаете каде е точно тоа,чудесен симбол за сите луди глави Палма-тоа е навистина среќен знак-симбол на богатство кој уште покажува дека луѓето ве сакаат и имаат потреба од вас Папагал-здраво,здраво! Во светот едни дрдорат,а други ја вршат работата. Папрат-мајката природа ви помага,чудесен симбол за градинарите Пари-ако се јават како монети,ќе добиете мали суми(види под ‘монети’);ако е со знакот $,очекувајте повеќе Паун-убавината е само надворешна и под неа нема којзнае што Пајажина-триумф над противникоте Пајак-овој симбол покажува успех во финансиите Пат-ви претстојат нови патувања и авантури Пегла-премногу работа и задолженија-ви треба одмор Пеперуга-знак за среќа-се чувствувате млад и многу умен;може исто така да значи и помлад човек,кој има силно влијание врз вас Перница-живеете добро,но понекогаш сте наклонети кон мрза Пила-имате тешкотии при донесувањето решенија-не е најдобриот симбол каде и да се појави во филџанот Пиле-имате многу блиски пријатели од најразлични средини и ретка способност да се разберете одлично со повеќето од нив Пирамида-остварување на вашите соништа;ако имате повеќе од една пирамида,значи и вашите желби се повеќе од една Пискули(реси врзани со снопче)-подгответе се за гости и бидете сигурен дека сите ќе си поминете чудесно Планина-имате основна цел во животот.Ако планината е добро оформена,наскоро ќе стигнете до врвот;ако ликот е оштетен,треба да ја промените својата стратегија Плик-изненадувачко писмо или пакет ќе пристигнат наскоро-очекувајте добри вести.
Плод-понекогаш навистина сте премногу загрижени за членовите на вашето семејство-колку непрактични можат да бидат? Подарок-добри пеијатели и луѓе кои ве сакаат Полжав-нема да брзате,а сосема бавно,како полжав ќе стигнете таму каде што сте тргнале Потковица-успех при долго патување-тоа ви е можност да тргнете на ново патување Потполошка(еребица)-тоа е негативен знак-некој од вашите познати не е целосно коректен Прасе-ликот има два аспекта;прво,една многу важна желба за вас нема да се оствари;второ,ќе се остварат други помалку важни желби Преѓа(конци)-ако се на вретено,а дел од нив стрчат,значи дека сте се зафатиле со премногу работа;ако виси само еден долг конец,вие премногу сте се измориле. Прстен-Брак(ако е добро оцртан);ако е оштетен прстенот означува или развод или несигурен брак Птици-кон вас летаат добри вести;можностите за деловен успех се многу големи Пура-наскоро ќе постигнете материјална благосостојба,особено со разумни вложувања во добри зделки. Рак-растежи и падови-не грижете се,тоа е симболот на променливо расположение Ракета-една голема идеја ќе стартува-сте се насочиле кон ѕвездите Река-виулестите линии ги одразуваат чувствата на човекот сега(ако реката има многубројни завои,тоа е период со многу емоции.Ако завоите се неколку,во моментот сте доста потиштени.Ако завоите се само два,вашите чувства се раздвоени.Местото каде што се наоѓа реката,исто така го прецизира значењето.Ако е на дното на филџанот,вашата преокупираност со изминатите огорчености може да го спречи вашиот развој сега.Ако е на средината,вашите чувства се длабоки.Ако реката е на површина,вие на светот му ги соопштувате вашите чувства.Овој знак го има во секакви филџани.Кога ќе го откриете,секогаш прашувајте го климентот како се чувствува во моментот. Риба-кон вас плови мудрост и среќа;искористете ги даровите мудро Самовила-успех таму каде што најмалку очекувате;силните постигнувања се појавуваат во мали дози Свеќа-тоа е добар предзнак за видовитост,динамичност и енергија Секира-покажува смело дејствување од ваша страна,кое ги лути,но и ги радува пријателите; ќе станете херој благодарение на некоја храбра постапка со која ќе ги зачудите сите свои познати. Скала-се искачувате бавно,но ќе ја постигнете вашата цел. Скалила(Басамаци)-унапредување или промена на работата на подобро Слон-помош од пријатели или роднини-чудесно време да посакате голема услуга Сонце-вие сте силна личност и ги привлекувате луѓето со својот дух Спирала-токму кога останатите решиле дека не можете нешто да сфатите-вие го разбирате. Срце-го сакате животот,а и луѓето ве сакаат вас;иницијалите до срцето ја покажуваат вашата голема љубов;ако симболот елошо оформен,срцето ви е скршено. Стомна-или се радувате на доброто здравје или се учите да водите соодветни грижи на своето тело Стрела-ако стрелата е насочена нагоре,одговорот на прашањето е ‘да’;ако е настрана,одговорот е ‘можеби’; ако стрелата е насочена надолу,одговорот е ‘не’ Телескоп-ќе го добиете она што го очекувате од иднината Тигар-тигарот,како и останатите мачки,е предупредување дека ви треба бнатрешна сила,за да се справите со сегашниот проблем Топка-се движите кон повисок поквалитетен стил на живот;светот околу вас брзо се менува Торта-успех и остварување на желбата; вкусно ли е-о,да,можете да ја изедете својата торта Tриножник-со вашиот талент на уметник имате голема иднина-искористете го талентот Ќуп-чудесни соседи и прекрасни пријатели,имате добра поддршка и во најнеобичните потфати, Ураган-непријатности во животот-вашите чувства лесно излегуваат од контрола Урна-јасновидски способности-вие многу лесно ги усвојувате сите психички учења и имате наклонетост кон окултното Усни-љубов и романтика Фанфари-вие сте благодарен човек со голема внатрешна сила и мудрост Фар(светилник)-вистинските водачи го имаат тој симбол во филџанот; луѓето се насочуваат кон вас како кон фар на светлината кој дава надеж Филџан-бидете благодарни на тоа што го имате и не посакувајте ништо повеќе Фотоапарат-некој ве набљудува; тоа е добро ако сакате да сте на светлината на проекторот,но ако го претпочитате спокојството,ве чека изненадување Фудбалска топка-ви претстои средба со голема група нови пријатели Харпун-светски успех и забава-чудесен симбол особено ако е на површината на филџанот Харфа-вечна романтичност,изобиство на љубов и чувство за поезија Цепелин-творечки ум кој гледа подалеку од она кое другите(а можеби и вие)мисла дека ќе се случи Цвеќиња-Цвеќињата,општо земено,носат среќа Цигара-имате намера да направите нешто ново и тоа треба да го направите до крај Црпка-внимавајте што ќе им сервирате на останатите; може да ви го вратат со камата Чадор-прибежиште од неволјите и финансиска заштита Чинија-што ќе си надробип,тоа ќе сркаш,башиот остар тон ги повредува другите-подобро би било да го смекнете Чудовиште-ви се прикрадува страв,неспокојство или стрес-со тоа ќе се судрите и ќе морате да се справите Чекан-сериозен и доверлив човек кој може да ја оствари секоја цел која ќе си ја постави Шајка-со поголема прилагодливост и разбирање можете да му дадете секому она што му треба Шапка-ве бара некој господин или многу таинствена дама; овој многу стар симбол означува дека некој сака да прикрие нешто Шише-алкохолот кој го конзумирате ви создава проблеми или имате близок кој што има проблем со алкохолот. Школка-творечка и актерска дарба,лесно и содржајно им ги предавате мислите на останатите Штрк-ќе живеете долго,жеравот секогаш означува сила,издржливост и долговечност.
Што значи на филџан оцртана преку цела страна ајфеловата кула??Баш ме интересира што значење има,доколку некој знае нека пише
Najprvin izvinete za jazikot nemam makedonska poddrska..dali nekoj znae sto znaci roza, dve licnosti mnogu blisku eden do drug edniot e so krenata raka i broevite 1, 2,4 i 9 i bukvite A i T? Blagodaram odnapred
Искрено не верувам премногу во ова, единствено верувам во толкување на сонови. Соновите што ги сонувам и толкувањата на истите во голем дел се оствариле. Последно што беше значајно, кога го сонував дечкото со друга девојка и во сонот ја удрив тепсијата од подот пред неговите очи. Кога го толкував сонот, испадна дека ќе имам кавга со него и другите знаци од сонот значеа разделба со блиска личност. На моја голема жал, истата вечер поради невнимание од моја страна и поради ситница се скаравме многу страшно прв пат и нормално после тоа се разделивме. Како и да е, не беше прв пат сонот да ме предупреди на нешто, многу пати се случило. Што се однесува со гледањето во шоља, можам да кажам дека пред 9 години ми гледаше еден човек, кој тоа го прави за пари. Многу се каам што не го послушав и мислев дека фантазира. Годините кои доаѓаа се оствари се ама баш се што кажа човекот. Па после болниот период што го имав со моног дечко пред три месеци после девет години повторно отидов кај човекот кога дојдов летото во Македонија. Иако пак скептична, едноставно гледањето во филџан го гледам јас како забава, ама овој човек многу ме изненади. Прво кажа се за моето минато и мојата сегашност, што во минатото ми го претскажуваше како иднина, сега истото како минато, значи сум го преживеала тоа. Истите настани ги каѓа човекот. Во минатото ми предвиде дека ќе се преселам во друга земја, што тогаш не ми паѓаше на памет ама навистина се преселив пред 6 години. И многу други работи. Од сегашната ситуација без да знае дека живеам во странство, кажа џека живеаж надвор од земјага и за брзо ќе одам на пат, ќе имам две големи добивки на пари од кои едната се оствари пред месец дена а другата упте не. И најважното за љубов. Кажа дека имам некој далеку, виде црна мачка во филџанот која ја протолкува на несреќна тајна љубовна врска со болен завршеток и бело срце до мачката кое значело голема љубов (претпоставувам од моја страна), човек имаше до овие фигури, за него протолкува дека кажал голема лага за да се извлече од ситуацијата и да ја прекине врската со леснотија. Од другите работи што ги кажа е дека бубамарата значи наследство, пред две недели се зачудив кога видов дека имам шанса да наследам нешто. Како и да е, да не должам многу, многу напишав, само ќе кажам како ги ролкуваше некои фигури. Верверичка- Ако е во желбата, брзо ќе се оствари желбата. Ако не е во желба, значењето на фигурите во близина ќе се оствари за брзо време. Црно срце-Обострана љубов Бело срце-Голема љубов од едната страна или голема чежња. Еднорог-Некој е тајно заљубен во вас. Цена мачка-Неубав знак за пропаст на било што. Фигурите во близина ваљда наговестуваат на што. И не се сеќавам на другите знаци, ако се сетам на нешто ќе напишам Исто кажа дека дното на филџанот се настаните од минатото, средината се настаните во сегашноста а врвот настаните што треба да се случат. Што погоре се фигурите толку побрзо ќе се случат. Поголемите фигури се поважни од помалите. И една фигура никогаш не се толкувала сама, туку се спојувала со фигурите што ја опкружуваат. И покрај се што се остварило од тоа што ми кажа сепак сум скептична не знам зошто.
Од мајка ми шољата денес прекрасна девојка со деколте и горе над главата има како венец или нешто така.Ако знае некој какво значење има нека сподели.Благодарам
Најубавата занимација за девојки во слободно време. Си е практикуваме од досада а колку е реално незнам, ако некој знае да гледа нека ми се обрати лп.
Ако има некоја слободна девојка што знае да гледа на кафе нека ме контактира лп, од моето утринско кафенце