Јас знам да гледам на кафе, ми имаат кажано дека им сум погодила... Но, тоа го правам ретко и од тепање на време
@joy1 иако мислиш дека некои работи се ОК, за кратко ќе сфатиш дека околу тебе има повеќе циле-миле пријатели отколку некој кој може да ти помогне. Зависиш од туѓа одлука во моментов.
Дечки, ова онака ...од младалачки дани ми останало-кога се собиравме другарки за да си гледаме. Не верувам во гледање и ова е само забава...
ее од младалачки дани и јас си немам гледано а порано ај три желби, па ајде во парови желба па чукни го филџанот во црвено нешто, лелелелеле интересно беше.
Па со ќибрит цртки со кафе правиш...па кога ќе го запалиш на кај ќе отиде ,,чурот,, ...па накај која цртка броиш која буква е таа..демек, те сака некој на таа буква Сега кога ќе ми текне, срам ми е дури
Ова чисто ради забава, немој да сте помислиле дека гледам на кафе Прва слика - си ги штитиш интересите , ама на климави нозе Втора слика - голема желба , голема угорница...не е едноставно.Чудење, недоразбирање.
Пропушташ нешто поради тоа што си послушала други. Не паѓај на провокации од личност која е далеку постара/шеф/роднина. Женска личност која не ти е блиска ќе ти каже работи кои многу ќе те зачудат.
Во мое село наплаќаат по 100 денари за гатање овај гледање на кафе. Колку ѝ е на Рефка тарифата? Сигурно ќе е поевтино пошто сами си го варите кафето, не ја ставате во трошок