Шемата со другаркиве и 3 пати неделно се собираме кај некоја ,се вари кафе,се пие набрзина,за тоа време трачеви и го превртуваме 5 минути и почнува гледање и смеење. Ги знам симболите сите и кога гледам ми имаат речено дека им имам погодено ама кој знае ..А мене до сега ми нема никој погодено така да не верувам баш само забава
Само што си гледавме на кафе со комшиката Го правиме тоа само да помине време и да разбиеме досада,не дека нешто посебно верувам во тие знаци и симболи.Сигурно кафето нема да ми ја предвиди иднината
Гледање на кафе- не верувам дека има некој на кој што му имаат гледано и има гледано на кафе. Леле со комшивката по цел ден тоа го правевеме, само ги превртувавме чашите. И бидејќи си гледавме многу и не помнам нешто да ми се остварило Средношколки денови-денови на гледање на кафе. И откако се омажив , престанав да пијам кафе , не ми е тука комшивката
Сите ме фалат дека многу добро сум гледала на кафе и дека секогаш се сум им погодувала... сепак јас во гледањето на кафе многу не верувам, нити кога ми гледаат нити кога гледам. Едноставно си ги гледам фигуричките и која што ме асоцира кажувам, а потоа ги поврзувам сите и праам една приказна... најверојатно изгледам убадливо во тоа
мене само два пати до сега во животот ми има гледано една братучедка на кафе и тука таму по нешто може да погоди не верувам во тоа така од забава и реков инаку она на многу им погодувала и стварно знае многу да гледа како навиена кога ке почни ама сега престана веке зашто кога преку ден му гледа на некој навечер главата ја болело чудно ама ете таа мисли дека и е од тоа
...абе ова гледање на кафе...хммм..па што знам.Додекас бев у средно си гледавме со другарките на кафе ама и тогаш,интересот ми беше на минимум.А сега-воопшто не практикувам...може да кажам дека во тоа не верувам...!
Додека бев во средно СИТЕ гледаа на кафе, претежно за забава, тепање време после, па и во тек на часовите..многу сум скептична за вакви работи, ама сепак сум била и кај "професионалец" да ми гледа.Значи бабава ми изнакажа се што и кажала и на другарката што ми ја препорача Како тоа незнам,можеби имаме исти судбини А бидејќи помина доста време од тогаш -не би рекла! Во секој случај еднаш ми имаат погодено од збор до збор, ама не беше некоја лакома пензионерка што наеднаш ја открила дарбата кога и притребале парички, туку баба на другарка. И сите ја фалат дека им погодува, стварно ме изненади
Kога бев помала,гледав на кафе и ме фалееа дека многу сум погагала,еднаш мама ја донесе колешката да и гледам Cега сама само си удирам желба и толку,немам гледано 2 год на други :geek:
тоа е уствари целата финта со гледањето на кафе - автосугестија, дури пред други и да не признаваш дека веруваш во тоа, пак штом сме запомниле еднаш шо ни кажале, а не сме го заборавиле како бош-муабет, значи размислуваме за тоа.
Ко некоја навика ми после секое пиење кафе го обрнам фулџанот... понекогаш со другарката си гледаме но онака колку да се смееме,забавуваме ништо послебно
Ко помали ако не си гледаш на кафе исто како и да не си пиел кафе. Интересно тепање на време. Е незнам шо не штрекна со другарка ми отидовме кај една баба да ни гледа. Демек се погодувала, и тогаш ми кажа дека ќе се мажам за пола година и дури и месецот кога.Еееее сега страшниот дел е дека баш тогаш и се омажив, а ко и кажував на другарка ми се киневме од смеење. Ама сепак мислам дека имаше луда среќа бабичкава со погодувањето,некако не верувам дека вистински го виде тоа.А инаку ни гледаше во тацна, не во филџан.
Па порано и затоа пиевме со другарките за да си гледаме Не дека знаевме, туку онака како и повеќето да ни мине времето интересно. Не памтам последен пат кога сум си гледала на кафе, а и денес ако пијам, пијам заради кафето, а не за гледање
Лелеее порано што беше,на кој попрво да му гледаат,затоа уствари пиев турско кафе Интересно ни беше,така си даваш некоја лажна надеж,да се порадуваш млаку Сега ми е смешно дури,како сме се палеле толку на гледањето.
Лелеее па значи нема ден да негледам на кафе другарките ми велат дека сум им погодувала но јас баш и не верувам во тоа . Само ме нервира тоа што јас им гледам на сите а мене нема кој да ми гледа не за нешто друго туку онака да е поинтересно да се смееме малце. Иначе не верувам во тоа што го кажуваат на кафе ( или пак кажувам ) според мене се тоа е само тепање на време
порано ми гледале многу, речиси секој ден, ама сеа ми е глупо... ама дека ми се дешаваат убави работи(од вчера, пу пу така и нека остане) денес свртев шоља(сама) и коа отворив долу имаше такво едно испакнато, знам дека за тоа викаат дека е добивка, а коа ке го притиснеш со прстот се препознаваше дали е љубовна или парична добивка. Е сеа не се сеќавам дали бело ко беше е парична или љубовна, ако знае некој нека ми каже
порано го обраќав филџанот за да си гледам одпрва ми беше интересно и забавно со другарките си гледавме ама сите филџани мене ме чекаа за гледање многу сум погодувала подоцна само од навика го обраќав понекогаш некоја комшика знаеше да изрази желба за гледање е тогаш најнмогу ме мрзеше бидејќи ми беше досадно тоа да го правам а сега не нема веке такво нешто иначе за претходниот пост да и кажам на солзушка дека бело е љубов а црно е пари.поздрав
Порано многу ми гледаа на кафе.. А сега само јас им гледам... Демек многу им погодувам па ме караат сите (иако понекогаш е стварно досадно) ама ајде