Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гледање на кафе

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Vodolija, 12 јануари 2010.

  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Има вистина,има...другарками кога ми гледа не и верувам многу,бидејќи знае се за мене..но друг кога ми гледа се чудам бидејќи стварно се ми погодува.
     
  2. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Mене ми гледаше една гатачка пред некој ден, и 90% од тоа што ми го кажа беше точно... Сеа треба утре со другарките да одиме пакк ама нешто слушнав демек не било убаво да се знае иднинатаа, и се двоумам дали да одам, а баш ми е интересно онака... Не верував дека некој прв пат во живот што те гледа, може да ти го погоди целото минато, ама изгледа има и такви... Иначе со другарките секогаш си гледаме на кафе ама не ни се трудам да запамтам што ми кажале зошто знам дека не е точно ;) :) И сега луѓе помош незнам дали да одам или не.. :( Сте слушнале ли вие дека не е убаво да се знае иднината??? И плус тоа.. мислам дека можам да добијам надежи за нешто што никогаш нема да се случи, или пак да се одкажам од нешто друго.. :sweat: помошш.. :sweat:
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Леле во средно и тие години неможеше да се пие кафе и после тоа така да остане шољата :D Тоа се знаеше, а пиеме кафе одма после иде гледање нема бегање :D Со една другарка секој ден си гледавме :D ама како ми влегло во едно уше така ми излегло низ друго :D не се ни трудев да запамтам него ај колку да ми гледаат :D Сега многу ретко, пиеме кафе ама не е обавезно вртење шоља, уствари не, вртиме ама ретко кога си гледаме... А и тогаш знаев да тумачам некои фигури, сега :?: ... Еднаш бевме кај една баба да ни гледа, се деца одеа кај неа позната беше :D и коа почна да ни кажува некои глупости ќе се згазевме од смеење и строго 10 мин гледаше ни помалце ни повеќе а уз тие 10, 8 друг муабет си правеше со домашните што и шетаа низ куќа :| :D
     
  4. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Последен пат баба ми ми гледаше и ми погоди нешто, инаку многу не верувам во такви нешта...
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Порано со другарките ако не си изгледавме исто како да не сме пиеле. Пиевме само да си гледаме не дека ни било слатко :D . Си погодувавме по некои работи а и замислените желби ми се исполнувале. Мајка ми ми гледала и таа ми погодувала. А бе ајде :lol: . Сега ден не ми мине кафе ако не се напијам.
     
  6. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Јас знам да гледам на кафе :$
    Е сеа колку ќе погодам ,одамна немам гледано на никој :x
    ИНаче на братучетка ми сум и погодувала е сеа.......... :tmi:
    А верувам во гледање,или ако сононам несо ко баба ванѓа |(
     
  7. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Зависи од тоа кој ќе ти гледа мене често баба ми ми гледа и некогаш ми погодува а некогаш и не ..... дали верувам па верувам но не толку многу ;)
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    скоро секој на кафе може да ти погоди и тој што најдобро гледа може да утне но

    прашањето дос ите на кои ви гледале на кафе е: дали ви се остварило се што ви кажале!?
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Имам една другарка.
    Кога прв пат ми гледаше, гледањето траеше едно... половина час и се‘ што ми кажа и се оствари.
    Друг пат не се сеќавам од некој да нешто да ми се остварило, мада шо често заборавам што ми кажале.
     
  10. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Верувам во тоа :)
    До сеа ми имаале гледано и тоа би дошло ко еден вид на претскажување на иднина .. тоа што ми го кажале се остварило , па и самата почнав да им гледам на другарки и на повеќето им имам погодено :)
     
  11. romanticna.dusha91

    romanticna.dusha91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    јас лично верувам во овие работи пошо ми има гледано човек што стварно знае и се ми погоди....само штета што не е од тука. инаку за жената од ѓорче имам слушнато и јас.....може ли да ми кажеш како да ја најдам..претпоставувам дека работи со закажување?? фала ти однапред ;)
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Во суштина ние сме многу суеверен народ. Де плукаме три пати против урок, де се враќаме десет чекори назад кога ќе здогледаме црна мачка, де не ја ставаме ташната на земја зошто нема да имаме пари, кога не чеша носот удираме три пати по рака и кажуваме троцифрен број, и, гледаме на кафе :lol:
    Колку и да ми изгледа сето тоа смешно, онака објективно гледано од страна, толку и ми е симпатично и навистина се гордеам со оваа уникатност на нашиот народ.
    Гледање на кафе. Која спиритуална церемонија! Мислиш вештерки седнале една до друга со филџаните во рака, и гатаат - па на парови, па кажи број, па во иднина типов нешто као нејќе, а во сегашноста 3тиот пар ми е најубав, те чека некој пат, имаш тежина.
    Јас навистина сакам да ми гледаат на кафе и имам една другарка која одлично знае да гледа но заради тоа што многу погодува не сака веќе и едвај некој да ја натера да гледа.
    Порано го обожавав оној дел од денот кога после факс или за време не некои ужасно здодевни вежби скршнувавме во Безистен зошто само таму можеа да ни дозволат да превртиме филџан. И чат пат келнерката ни велеше во обид да избегне миење на шољи - аааа денес не се гледа на кафе! Е зошто?! Епа вторник е!
    Лабав изговор, богами, лабав :D

    Имам една скоро комшика, постара госпоѓа, не се гледаме баш често, и секако дека не знае ништо за мене од мојата приватност, ми гледаше на кафе и 2 пати ми погоди такви невидени детали, што дури ме исплаши.
    Ако знае некој од правилата за гледање кафе, нека ги пише тука, по можност и објаснување на симболите. Јас ги гледам - но не знам што значат, а сакам да сум и јас „вештерка“ :lol: :devil:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Du6i4kaa

    Du6i4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Што знчи ако видиш невеста???Даали е навистина смрт ?? :|
     
  14. Du6i4kaa

    Du6i4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае што значат некои симболи.Јас не знам да гледам а мн. ми е интересно кога ми гледаат :D
     
  15. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Имав другарка што навистина многу погодуваше, поради нејзиното секојдневно гледање ги научив сите фигури. Па од време на време знам да застанам и да им гледам на школските. Ама не е се во тоа да го знаеш значењето на фигурите, треба да знаеш да ги поврзиш една со друга.. Ако не знаете некоја фигура, слободно обратете се :$ :D
     
  16. Du6i4kaa

    Du6i4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Невеста-значи ли смрт или??? :|
     
  17. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Невеста значи дека нешто ќе ти се случи сабота навечер спроти недела
     
  18. Du6i4kaa

    Du6i4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    A таа недела одма или може и друга??
     
  19. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Зависи од околните знаци според мене може да значи новост, а од другите знаци ке се види дали е добра или лоша новост :)
     
    На Du6i4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Du6i4kaa

    Du6i4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    А знае ли некој што точно значи да се сонуваш себе си со долга,темна коса(мојата е кратка и светла) ??