Не знам ја да гледам Онака се загледав Јас верувам после тоа шо една членка ми кажа. Ама сѐ ми погоди? Не ме ни знае жената. Претходно не е дека не верував, онака чудно ми било каква дарба е На другарка една шо ѝ гледа исто сѐ ѝ гаѓа.. Се наежив
Никој пат не сум верувала у такви работи нити па ми гледале можда со друарки зафрканција пред 10+ години. Да сварам некое турско ако не сум забораила и тоа како се праеше
Па и јас не сум верувала Ако ми кажувале другарки Ама женава..ме потепа Значи ми кажа работи шо ни овде сум ги пишала ни другаркиве ги знаат Језиво
Вака пред некој ден бев кај една жена што гледа на кафе ми кажа општо за се и 98% погоди се и ми рече дека имам катинец и дека среќата ми била заклучена и ми кажа дека имало жена што баела да ми ја отвори среќата и ми побара 6000 денари, дали некоја од вас се има вака случено?
6000 на оваа скупотија и на овие цени... Бајаги ефтина таа женка.. Јас би ти дала еден совет, бесплатно, не верувај во тие глупости, тоа ти е само разработена шема за перење на пари од маките на луѓето, утре да отидеш сосем некое трето чудо ќе ти каже... Не се оптоварувај со тие работи не заборавај дека за секој проблем има решение и за секое решение има проблем, искрено не дека ако и дадеш 6000 денари дека ќе ти помогне ќе ти ги земе парите и ќе ти каже некоја лага и повеќе нема да ја видиш, ова најдобронамерно ти го кажувам, не ја познавам жената ама чим ти побара толку пари има разработена шена и стратегија, такви имаш у земјава како неа со лопата да ги црпеш... Не ти ја знам маката, ама сигурна сум дека има решение и на друг начин...
Од секогаш сум сакала некој да ми гледа на кафе, иако искрено не ни знам дали верувам или не, ама забавно би ми било и ме интересира што ќе излезе. Само не познавам никој што знае да гледа.
Здраво дечки. Ве замолувам ако некој познава некоја жена од Скопје што гледа на кафе, нека ми пише порака.
Dali nekoj ima broj od Nina od Topansko bev pred 10 god se mi pogodi a nikako da najdam broj ili nekoja druga zena da ne poznavate
Очигледно во тандем работи со другата жена. Од дарби веројатно има само дарба за измами. Постојат одговори кои одговараат на сите што ќе дојдат кај неа. Бидејќи сите имаат некоја мака кога идат кај гледачка, најсигурно е да им кажеш дека некој ги урочил, проколнал или дека среќата ги напуштила. Нема човек на кој нема да му погоди. И откако ќе те убеди дека стварно ти е тоа проблемот ќе ти понуди "лек" за нешто што не ти е ни проблем и ќе те ошурат.