Не верувам многу во гледањето на кафе, но понекогаш само заради забава некоја другарка ќе ми гледа. Не верувам дека има некоја вистина во предвидувањата, туку ние сами си ги поврзуваме работите кои подоцна ќе ни се случат со нешто слично што ни го кажале од гледањето. Јас го сфаќам само како забава и затоа и не ни помнам што ми кажале при гледањето зошто не обрнувам многу внимание. Не можам да разберам како луѓево даваат пари за да одат кај некои жени кои гледаат на кафе. Одсекогаш сум била против тоа да се заработува на овој начин. Доколку некој навистина има дарба нема да заработува на тоа, или пак штом веќе зема пари тоа нека остави да одлучи тој што дошол кај него, колку има и може да му даде, а не "гледачот" претходно да си има направено ценовник.
Тоа ми е чиста забава. Порано со другарките обавезно се вртеше шоља од кафе па и желби се замислуваа. Од секогаш ми беше интересно она на дно кога ќе се направи како топче значи добивка. И секогаш ми погодуваа за некоја добивка . А денес ако ме зачеша лева рака со сигурност земам пари А оние гледачки на кафе за пари што ги има, се чиста глупост али ете, тинејџерска фаза што скоро секоја девојка ја поминува
Ова ме потсетува на тинејџерските години кога со другарките се лажевме после секое пиење на кафе! Сега ми е смешно но тогаш беше задолжение после секое испиено кафе да се сврте филџанот и да се ,,открие судбината,, Колку само се трудев да препознаам некои фигурки во филџанот,се’ со цел да и погодам на другарката на која и без тоа и го знаев цел ,,љубовен живот,, И после гледањето следеше едно,,аххх се’ ми погоди бре,алал да ти е,, Како не брее, погодував ептен,и мене ми погодуваа другарките откако ќе им кажев се’ што ми се случува со симпатијата! Но поминаа и тие времиња,помина тоа наивно верување во гатање, гледање на кафе, гледање на карти... и сега веќе знам дека не верувам во тоа! Пред некоја година ме убедуваа дека имало некоја жена што ,,се’ погодувала,, на кафе, ама не ме наговорија да ја посетам и јас! Едноставно не верувам!
интересна тема и јас после секое турско вртам шолја за да ми гледам другарка ми, внимателно ја слушам и после 5 мин веќе сум заборавила што ми кажала (толку ми било битно xD). Најинтересно од се е што јас сум единствена во друштво што незнае да гледа на кафе или пак единствена што незнае да лаже? -) јас мислам второто инаку порано со другарка ми бевме и кај една баба да ни гледа за пари, иако немавме никаков проблем и типката ништо не ни погоди, така што мислам дека нема или има но мнг ретко некој кој навистина знае да гледа, кој навистина погодува. И, мислам дека им погодуваат на оние кои силно веруваат во тоа што ќе им го кажат, постојано мислат на тоа, навлекуваат такви мисли и работите ги движат во таа насока, се согласувате?
да се согласувам јас ќе ти речи имаш пат(цртичка) и ти ќе си речеш еј погоди дека сакав да одам кај другарка ми или пак имаш слушалка ќе ти се јави а мора да ти кажи ти не знаеш дека ќе ти се јави? ама тоа е, повеќе за забава е гледањево, тепање на време. а се разбира дека има и исклучоци кои не кажуваат имаш жаба имаш слон туку стварно ти кажуваат работи кои ќе ти ги здрват коските
На прсти се брои колку пати ми гледале на кафе, пошто баш во времето кога сите си гледаа, јас не пиев кафе имав такихардија. Почнав во студентските денови да пијам е тогаш ми гледаа неколку пати ццц после гледањето пробав да се заѕверам во тоа филџанот да видам, да најдам некое од тие животинки, петлиња и чудесии што ми ги кажуваа дека сум ги имала во шољата, ама јас освен талог не гледав ништо де Антиталент за кафеџисување уз гледање. А, што фино
јас многу мразам да гледам на кафе, сите ми велат дека погодувам, а јас просто се чудам како може воопшто да им погодам нешто кога во она што гледам ни јас не верувам ....па во глобала сметам дека тие имаат бујна фантазија па си ги сврзуваат работите а додека мене сестрами се ми погодува
Пошто не пијам кафе многу ретко ми гледаат на кафе и тоа секогаш ќе се напијам само две-три голтки, а другото или се истура или ќе го испие некој друг. А јас сум антиталент за тоа.
паа дека една шојла со талог од кафе ќе ти ја претскаже иднина не верувам, али верувам дека пак онаа во тоалет е прав одговор за нашиов ни мил свет и околината. не ми гледале, зошто ќе треба кафето место мене да го пијат али им гледам јас, на кафе, обично на клупче со турско - 20 денари е , но може и со нес, со и без талог, и на желба и на парови, гледам на вода, на гравче, ориз. пауни, купчиња пари, змии, бели коњи. што ќе посакаш тоа и ќе ти го кажам, фали само некој претскажаното да ти го оствари, уствари 90 % е остварено. ај кај мене на кафе сега.
Еве некои од формите кои можат да се јават во штолјата и нивното значење: Ангел – добри вести, среќа, голем настан за вас Авион – ќе добиете поклон за кој не се надевавте Балон – бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања Бебе – мали грижи Брег – лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите Бубачка – тешка задача ќе се постави пред вас Брод – ви претстои патување Боца – очекувајте добри вести Дете – финансиска придобивка Дланка – проблеми во фамилијата Грав – финансиски проблеми Јајце - богатство и успех Канџа – непријател Ќелава глава – голема љубов Клуч – отворање на врати, реализација на напорите, успех Коњ – снага, независност Компас – патување кој подалечна дестинација Круг – очекувајте успех Круг со точка во близина - принова во фамилиата Круг со линија во близина – вашиот труд нема да биде почитуван Круша – финансиска сигурност Квадрат – нов дом Пеперутка – флерт Лав – успех на работа Лице – некој што ве сака се грижи за вас Лисица – лажен пријател Ланец – покана за на свадба Права линија – напредок без проблеми Крива линија – неуспех Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа Мачка - расправија за кратко Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели Метла – успех на работа Мечка – добро размислете за нови одлуки Маска – опкружени сте со лицемери, непријатели Млада месечина – религиски повик Мотика – финансиска придобивка Мравка – одлучност некоја работа да се донеси до успех Наковална – деловен успех Наушница – потребно ви е внимателно објаснување Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто Овца – тешка работна задача Око – љубомора, завист Оро – големо подобрување во животот Куче – добар и приврзан пријател, верен партнер Коњ – немате сили започнатата работа да ја донесите до крај Полна месечина – љубов Палма – среќни денови во бракот Пајак – неочекувани пари Пчела – ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести Писмо – ве очекуваат добри финансиски денови Пила – препреки на работа од своите соработници Прстен – брак Рак – чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло Скинат прстен – проблеми во бракот Риба – животот ќе ви биде побогат, посреќен Рака – пријателство и фамилија Срце – љубов, верување и доверба Стебло – на пат се промени кон подобро Стол – Неочекуван гостин Слон – искрен пријател Сонце – моќ, успех Свеќа – некој ќе ви помогне да успеете Стрела – среќна и хармонична љубов Стена – мал проблем кој брзо ќе го надмините Стопало – добри вести Свиња – добивка на работа Човек со испружена рака – поклон Чадор – оговарање, озборување Чамец – работните обрврски можете сам да ги средите Чорап – оговарање, озборување Чекан - грижи Глушец – кражба, разбојништво Торба – пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете Трокут – доаѓаат промени Топка – работата повеќе не ви причинува задоволство Уво – Ќе слушнете неочекувани вести Врата – Прилика за успех Рог – внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина Волк – непријателство, љубомора, можна расправија Знаме – ве очекува опасност, подгответе се за судир Змија – внимателно, имате непријатели Змеј – коренити промени Звоно – неочекувани вести Звезда – исполнување на ваша голема желба Заб - зло Цвет – финансиска придобивка Црква - грижи Харфа – среќа во животот Шешир – мали незгоди, промени превземено од http://www.bitolskasema.org/portal/gledanje-na-kafe
Гледање на кафе - Губење на време може гледање на кафе заради забава и тепање време ама неможам да ги разберам жениве шо одат по гледачки и гатачки од една до друга па ова вака ми кажа а она така знаат дека ги лажат и пак одат -.- и не мислам дека треба некоја посебна дарбина и талент за да гледаш на кафе само акал за лажење и тресење глупости треба
вчера и денес случајно завртев филџан и ми се појави голем лик мислам беше женски, а вчера имав големо смајли баш чудно и вчера и денес слично нешто, а незнам што значи, инаку ми беше се чисто само ликот доминираше и смајлито. ај ако некој знае нека објасни, знам дека не е исто вака да ти протолкува како во живо директно од шоља но сепак значењето од околу.
Често со другарките поради забава си гледаме на кафе..Секогаш онаа позборлестата и полна со фантазија гледа најубаво.
Често си гледаме на кафе со другарките, но ретко ми погодуваат.. скоро никогаш Една комшивка кога ми гледаше па се ми погоди, така да сум некаде помеѓу и верувам и не верувам.. А ако има некоја кандидатка за гледање нека каже.. веќе си го изнасликав филџанот
Кај мене беше друга приказната.Ко помали,се собиравме со другарките на кафе и демек,ај да си гледаме. И само јас му се нафакјав,демек сум знаела да гледам ова,она.На почетокот ми беше интересно, зашто знаев за секоја по нешто сочно и ,нормално,тоа го искористував вешто и суптилно. Арно ама,ми пукна муабет дека знам да гледам на кафе,и ко ќе се најдев во друштво на не така блиски личности ме молеа да им гледам, а ваму мене незгодно да ги одбијам...И така едни 5-6 години,додека не ми се случи мојата цимерка (која ми бараше да и гледам секојдневно по 2-3 пати ) ми го пукна филмот и реков дека никогаш повеќе и на никого нема да му гледам.Се разбира, тоа беше кажано во афект, ама сега им гледам само на луѓе на кој јас сакам, а не на сите што ме молат.Глупости! Инаку,баба ми стварно знае да гледа, кажува само по 2-3 фигури,ама загарантирано се остварува.Можи имам наследено нешто
Ја па ич не верувам у тоа !! Тоа ти е само занимација коа ти е досадно и си кажуваш понекоја лага ( а у ствари знаеш по нешто на тој што му гледаш) и одма сите аууу знаеш да гледаш ај глеј ми хаха свашта!
Хахха..Супер тема...Јас гледам на кафе... и често пати ми се дешавало да ми викнат деца од друг град за да им гледам Лично јас верувам во гледање на кафе но не од било кој ...секако во оние што сум уверена дека знаат да гледаат : )
Гледам на кафе онака да тепаме време со другарките, не ми гледаат некако ми е само забава не дека стварно нешто се остварило