Ова е една навистина освежителна серија На препорака на Трендафилка ја загледав серијата и морам да признаам дека е навистина интересна. Учител по шпански се обидува повторно да го оживее Glee club во едно средно училиште, но тоа не е така лесно. Има навистина интересни ликови, разни обработки и миксови на песни, секакви тинејџерски сплетки. Сега е во тек третата сезона. Серијата е номинирана за голем број награди и доживува голем успех. За секој што сака опуштање, забава, тинејџерски интриги и сето тоа завиткано во добра песна серијава е полн погодок Дали ја пратите серијата и кој ви е омилен лик? Мене ми се издвојува Спојлер Стварно ми е симпатичен
Да, токму така, серијата е освежителна и многу шармантна. Мене ми е quilty pleasure , дечко ми вака направи со очињата кога му кажав што гледам и рече - не кажувај во јавност само , ама еве си признавам - серијата е заразна и многу интересна. Значи сите кои барате релаксација и препеани песни со интересни аранжмани, Glee го нуди сето тоа. Воопшто не е благо ретардирана како што мислев дека е , ликовите се добро осмислени, а песните се одлични. Дури некои преработки се подобри од оригиналите, како на пример: http://www.youtube.com/watch?v=EZ9D5WTbjDQ Го преслушав и оригиналот на песнава, и нема врска, девојкава од Glee заврши 100 пати подобра работа. Омилени ликови - исто како и Ренибоу Курт, кое срценце е значи... и Сју Силвестер, главен непријател и саботер на клубот, еден од оние негативни ликови кои не можете да не ги сакате. Каков сарказам поседува женава. Уствари, кога ќе размислам сите ликови ми се допаѓаат. Ова е веројатно прва серија каде никој не ме нервира. Britney S. Pears - најкрвава од сите! ПЛАВУША - TO THE CORE! Did you know Dolphins are just gay sharks? http://www.youtube.com/watch?v=GyQrDoDP ... re=related
Мене ми е како боља верзија од Млади Бунтовници,Има миза и останатите мизерни аргентински и шпански филмови со тапа глума и фори. Ги гледав мислам до 3 епизода,и после престанав затоа што и онака гледам премногу филмови на интернет,а уште еден мојот лимит не би можел да поднесе. Ама морам да се сложам,одличен е за опуштање.
И мене ми се допаѓаат сите ликови, немаат утка. И баш ја гледав десетата епизода од првата сезона Спојлер , кога се појави сестра и на Сју, ептен ми падна жал. А баш мислев дека има некој заден мотив со девојчето што го прими во чириос. Ама ме нервира Квин што не му кажува дека не е татко на детето. па не може она да одлучи кој е подобар за татко. Го избрала таткото кога имала односи со него. Па и Фин како може да поверува во таква глупа приказна Се убиле пливајќи спематоџоидите ахм, да. Ццц. А и Вил бре, не му е сомнително во толку месеци ниту еднаш да не го види стомакот на жена му?
Никој не ја гледа серијава луѓе? И јас ја почнав втората сезона Спојлер , ама се разочарав што не победија на регионалните, Баш мислев дека ќе победат. А и тоа новото девојче ептен добро пееше, каква штета што го собраа во другата група. Инаку вака интересна е сезонава
Интересна е серијава јас до 3 сезона сум т.е до 3 епизода бидејќи уште не е испадната 4 епизода... Инаку сите ликови се интересни на свој начин дури и тие што глумат негативци како Сју Силвестер. И мојот дечко се чудеше зошто сум ја гледала па ова па она, а искрено серијава и доста е гледана во САД и добра оцена има на IMBD
Голем фан на серијава сум.На почеток очекував нешто досадно, но по неколку изгледани епизоди ме заинтересира и еве со нетрпение ја очекувам најновата епизода.Како што веќе погоре е кажано некој песни се подобри и од оргиналните.Омилен лик хм..што знам сите ми се посебни на свој начин и ги сакам сите.Во секој случај доста интересна серија и ја препорачувам
Вторава сезона рокс Многу ми е подобра до првата, нема толку шпански драми и сплетки, а е некако поинтересна. Спојлер 9тата ја изгледав и мило ми е што победија, а Мајк и Бритни беа неверојатни. Т.е, требаше да победат, а не да биде изедначено, пошто другите вода можеа да им носат. И криво ми е што Курт се префрли ама се надевам дека ќе се врати, така ми изгледа http://www.youtube.com/watch?v=yb9gufKJM5Y
Јас сум до 13-та еп. од втората сезона, и немам веќе download за овој месец, едвај чекам да дојде 1-ви и да си ги досимнам останатите. Многу е заразна серијава, не сум некој особен фан на мјузикли, ама многу пријатно се чувствувам додека гледам Glee, некако ме исполнува со оптимизам и насмевка. Дечко ми нели прво вртеше очи, ама сега ми вика - штом ти предизвикува толку насмевка, слободно гледај ја! (ко ја па да барав дозвола од него ) И јас се надевам дека Курт ќе се врати, ама ова другарчево од новото школо му е навистина фино. Па и симпатичен е бре. Не, навистина, ниту еден лик не ме нервира од Glee. А мажот на Ема бре... бонбонче!
Па зошто онлајн не ги гледаш? Јас не симнувам серии, само онлајн ги гледам. Да, да, добар е тој на Ема, ама жал ми е за Шу Целиот е изгубен некако сиромашкиот, не знае ни што сака. Ама Курт мораше да оди, оној стварно му се намерачи, одвратен еден. Ете еден што ми е одвратен
Ах, и мене ми е тој Каревски одвратен! Дека не е главен лик, не ми текна на него, кој кретен бре! Исто ми се фаќа, а онлајн, а симнување, сега без даунлоуд ми сецкаат онлајн. Барајќи слика од мажот на Ема, ми покажа на гугл - ex husband
За серијава слушнав на Опра, ама ми се гледаше многу детска, но после извесни коментари, решив да ја симнам. Уште не сум почнала со гледање за да коментирам подетално.....
Втората сезона е предобра, имаше толку убави моменти. Спојлер Најмногу се смеев на журката кај Рејчел дома , а се расплакав буквално на погребот на сестра и' на Сју. Преубави песни, предобро испеани, дури и Гвинет Полтроу ми стана поднослива посебно откако ја испеа Turning Tables од Adele, мојата омилена песна. Колку сака нека се кака за серијава, чувството после секоја епизода е неверојатно позитивно.
Трендафилке Спојлер ставај. Не сум ја изгледала сезоната и не знаев дека Спојлер сестра и на Сју ќе умре. Интересна е Гвинет, баш некако добро се вклопува. А тајмингот со Ема никако да им се погоди. И редно е бре да даде веќе.
Јас конечно ја догледав втората сезона. Спојлер И криво ми е што толку беа слаби на nationals, а беа сто пати подобри на sectionals. Ама вокал адреналин растур направија, како пее девојчето е немогуче. Добра беше сезонава ептен. И да, баш ми беше жал за Сју, колку си ја сакаше сестра и И кога ја гушна Беки ми се насолзија очите, душичка. Многу е добра серијава бре, многу си ја засакав.
Решив да почекам да заврши третата сезона... па да си ја симнам и на раат да ја изгледам. Како не бре! Колку само не издржав, ги изгледав сите 4 излезени еп. од сезона бр.3, а денес, после паузата излезе и петтата епизода. Убедливо најрелаксирачка серија. Од се' што гледам и спуштам, секогаш предност давам на Glee и ќе си пукнам што треба сега да ја чекам секоја нова епизода, наместо да си имам резерви за гледање.
Јас од утре или задутре ќе почнам со третата. И морам да кажам дека Бритни ми е најлуда. Ама и колку добро игра. Баш ми е срцка некако. Спојлер Многу и беше добар говорот.
Кажете страна каде ја гледате онлајн, не даунлоудирање! Сакам да ја гледам серијава sooo bad!!!! Никако неможам да најдам кадее!!! Има само кратки клипчиња!Ми треба добра страна да почнам од почеток да си ја гледам!!! HELP!
http://www.tv-links.eu/tv-shows/Glee_10227/ Јас тука ја гледам, гледај ја на host putlocker, најбрзо се полни, а можеш да гледаш неограничено. Инаку ја почнав пред некое време третата сезона, ама некако не ми е толку интерсна како втората. Ај ќе видам како ќе иде понатаму.