Гли клуб (Glee)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 19 октомври 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Ова е една навистина освежителна серија :) На препорака на Трендафилка ја загледав серијата и морам да признаам дека е навистина интересна.
    Учител по шпански се обидува повторно да го оживее Glee club во едно средно училиште, но тоа не е така лесно. Има навистина интересни ликови, разни обработки и миксови на песни, секакви тинејџерски сплетки. Сега е во тек третата сезона. Серијата е номинирана за голем број награди и доживува голем успех. За секој што сака опуштање, забава, тинејџерски интриги и сето тоа завиткано во добра песна серијава е полн погодок :)
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дали ја пратите серијата и кој ви е омилен лик?
    Мене ми се издвојува
    [​IMG]
    Стварно ми е симпатичен :)
     
    На Ema.Sk, Mrs.Cuper, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Да, токму така, серијата е освежителна и многу шармантна.
    Мене ми е quilty pleasure :$ , дечко ми вака направи со очињата кога му кажав што гледам |( и рече - не кажувај во јавност само :D , ама еве си признавам - серијата е заразна и многу интересна.
    Значи сите кои барате релаксација и препеани песни со интересни аранжмани, Glee го нуди сето тоа.
    Воопшто не е благо ретардирана како што мислев дека е :lol: , ликовите се добро осмислени, а песните се одлични. Дури некои преработки се подобри од оригиналите, како на пример:
    http://www.youtube.com/watch?v=EZ9D5WTbjDQ
    Го преслушав и оригиналот на песнава, и нема врска, девојкава од Glee заврши 100 пати подобра работа.
    Омилени ликови - исто како и Ренибоу :lol: Курт, кое срценце е значи...
    [​IMG]
    и Сју Силвестер, главен непријател и саботер на клубот, еден од оние негативни ликови кои не можете да не ги сакате. Каков сарказам поседува женава. :D
    [​IMG]

    Уствари, кога ќе размислам сите ликови ми се допаѓаат. Ова е веројатно прва серија каде никој не ме нервира.
    Britney S. Pears - најкрвава од сите! ПЛАВУША - TO THE CORE! :D
    Did you know Dolphins are just gay sharks? :D
    http://www.youtube.com/watch?v=GyQrDoDP ... re=related
     
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мене ми е како боља верзија од Млади Бунтовници,Има миза и останатите мизерни аргентински и шпански филмови со тапа глума и фори. :)
    Ги гледав мислам до 3 епизода,и после престанав затоа што и онака гледам премногу филмови на интернет,а уште еден мојот лимит не би можел да поднесе.
    Ама морам да се сложам,одличен е за опуштање. :D
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓаат сите ликови, немаат утка. И баш ја гледав десетата епизода од првата сезона
    , кога се појави сестра и на Сју, ептен ми падна жал. А баш мислев дека има некој заден мотив со девојчето што го прими во чириос. Ама ме нервира Квин што не му кажува дека не е татко на детето. па не може она да одлучи кој е подобар за татко. Го избрала таткото кога имала односи со него. Па и Фин како може да поверува во таква глупа приказна :^) Се убиле пливајќи спематоџоидите ахм, да. Ццц.
    А и Вил бре, не му е сомнително во толку месеци ниту еднаш да не го види стомакот на жена му? :o
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    ^ Погледај уште малку, се' ќе стане јасно. ;)
    Јас ја започнав втората сезона. :lol:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Никој не ја гледа серијава луѓе? :wasntme:
    И јас ја почнав втората сезона
    , ама се разочарав што не победија на регионалните, Баш мислев дека ќе победат. А и тоа новото девојче ептен добро пееше, каква штета што го собраа во другата група.
    Инаку вака интересна е сезонава :)
     
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    Интересна е серијава јас до 3 сезона сум т.е до 3 епизода бидејќи уште не е испадната 4 епизода... Инаку сите ликови се интересни на свој начин дури и тие што глумат негативци како Сју Силвестер.
    И мојот дечко се чудеше зошто сум ја гледала па ова па она, а искрено серијава и доста е гледана во САД и добра оцена има на IMBD :D
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    16.971
    Пол:
    Женски
    Голем фан на серијава сум.На почеток очекував нешто досадно, но по неколку изгледани епизоди ме заинтересира и еве со нетрпение ја очекувам најновата епизода.Како што веќе погоре е кажано некој песни се подобри и од оргиналните.Омилен лик хм..што знам сите ми се посебни на свој начин и ги сакам сите.Во секој случај доста интересна серија и ја препорачувам :)

    [​IMG]
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Вторава сезона рокс :rock: Многу ми е подобра до првата, нема толку шпански драми и сплетки, а е некако поинтересна.
    9тата ја изгледав и мило ми е што победија, а Мајк и Бритни беа неверојатни. Т.е, требаше да победат, а не да биде изедначено, пошто другите вода можеа да им носат. И криво ми е што Курт се префрли ама се надевам дека ќе се врати, така ми изгледа :)
    http://www.youtube.com/watch?v=yb9gufKJM5Y :clap: :clap:
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Јас сум до 13-та еп. од втората сезона, и немам веќе download за овој месец, :( едвај чекам да дојде 1-ви и да си ги досимнам останатите.

    Многу е заразна серијава, не сум некој особен фан на мјузикли, ама многу пријатно се чувствувам додека гледам Glee, некако ме исполнува со оптимизам и насмевка.

    Дечко ми нели прво вртеше очи, |( ама сега ми вика - штом ти предизвикува толку насмевка, слободно гледај ја! (ко ја па да барав дозвола од него :D )

    И јас се надевам дека Курт ќе се врати, ама ова другарчево од новото школо му е навистина фино.
    Па и симпатичен е бре.

    Не, навистина, ниту еден лик не ме нервира од Glee.

    А мажот на Ема бре... бонбонче!
    [​IMG]
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Па зошто онлајн не ги гледаш? Јас не симнувам серии, само онлајн ги гледам.
    Да, да, добар е тој на Ема, ама жал ми е за Шу :( Целиот е изгубен некако сиромашкиот, не знае ни што сака. Ама Курт мораше да оди, оној стварно му се намерачи, одвратен еден. Ете еден што ми е одвратен :rofl:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Ах, и мене ми е тој Каревски одвратен! :devil:
    Дека не е главен лик, не ми текна на него, кој кретен бре!

    Исто ми се фаќа, а онлајн, а симнување, сега без даунлоуд ми сецкаат онлајн. :D

    Барајќи слика од мажот на Ема, ми покажа на гугл - ex husband :tmi:
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.756
    За серијава слушнав на Опра, ама ми се гледаше многу детска, но после извесни коментари, решив да ја симнам. Уште не сум почнала со гледање за да коментирам подетално..... :)
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Втората сезона е предобра, имаше толку убави моменти.
    Најмногу се смеев на журката кај Рејчел дома :D , а се расплакав буквално на погребот на сестра и' на Сју. ;(
    Преубави песни, предобро испеани, дури и Гвинет Полтроу ми стана поднослива :lol: посебно откако ја испеа Turning Tables од Adele, мојата омилена песна.

    Колку сака нека се кака за серијава, чувството после секоја епизода е неверојатно позитивно.
    :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Трендафилке :^) Спојлер ставај. Не сум ја изгледала сезоната и не знаев дека
    сестра и на Сју ќе умре.
    Интересна е Гвинет, баш некако добро се вклопува. А тајмингот со Ема никако да им се погоди. И редно е бре да даде веќе. :rofl:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Јас конечно ја догледав втората сезона.
    И криво ми е што толку беа слаби на nationals, а беа сто пати подобри на sectionals. Ама вокал адреналин растур направија, како пее девојчето е немогуче. :x Добра беше сезонава ептен. И да, баш ми беше жал за Сју, колку си ја сакаше сестра и :( И кога ја гушна Беки ми се насолзија очите, душичка.
    Многу е добра серијава бре, многу си ја засакав.
    [​IMG]
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Решив да почекам да заврши третата сезона... па да си ја симнам и на раат да ја изгледам.
    Како не бре! :D

    Колку само не издржав, ги изгледав сите 4 излезени еп. од сезона бр.3, а денес, после паузата излезе и петтата епизода.

    Убедливо најрелаксирачка серија.
    Од се' што гледам и спуштам, секогаш предност давам на Glee и ќе си пукнам што треба сега да ја чекам секоја нова епизода, наместо да си имам резерви за гледање.
    :(
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Јас од утре или задутре ќе почнам со третата. И морам да кажам дека Бритни ми е најлуда. :D
    Ама и колку добро игра. Баш ми е срцка некако.
    [​IMG]
    Многу и беше добар говорот. :)
    [​IMG]
     
  19. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.103
    Кажете страна каде ја гледате онлајн, не даунлоудирање! Сакам да ја гледам серијава sooo bad!!!! ;(
    Никако неможам да најдам кадее!!! Има само кратки клипчиња!Ми треба добра страна да почнам од почеток да си ја гледам!!! HELP! :) :) :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    http://www.tv-links.eu/tv-shows/Glee_10227/
    Јас тука ја гледам, гледај ја на host putlocker, најбрзо се полни, а можеш да гледаш неограничено. :)
    Инаку ја почнав пред некое време третата сезона, ама некако не ми е толку интерсна како втората. Ај ќе видам како ќе иде понатаму.