Ауу само што видов и се запрепастив. Не ми се верува дека умрел Кори односно Фин во серијава. Жално R.I.P
лелее нее http://edition.cnn.com/2013/07/14/showb ... index.html само што дознав и никако не можам да поверувам... премногу го сакав Кори, a сега кога видов воопшто не ни сакам да поверувам, a камоли да прифатам ... почивај во мир Кори http://marquee.blogs.cnn.com/2013/07/14 ... ths-death/
Не ми се верува дека Кори умрел , ми беше во поомилените од серијата. Не знам како ќе продолжат без него, но во секој случај не би сакала друг актер да стават да го глуми Фин.
Никогаш не сум ја гледала серијавa, ниту пак ги знам сите актери кои глумат во нејзе. Не сум ни фан на Кори, но сепак е премногу трагично, и навистина ми е жал. Не само за него, туку за сите случаи како него, било да се работи за лица кои се познати, или воопшто да се само млади, на погрешно место во погрешно време. На само 31 година, премлад заминал. Навистина премлад. Уште од 13 години се борел со зависност, на 19 години бил прв пат на рехабилитација, на почетокот на оваа година втор пат, но секогаш бил отворен за својата зависност и се обидувал да им помогне и на останатите околу него кои се бореле со каква било зависност, затоа што точно знаел низ што се минуваат и како им е. По излегувањето од рехабилитација на почетокот на оваа година на своите пријатели и соработници им изјавувал како конечно и за прв пат во својот живот се чувствува навистина жив и среќен - и потполно трезен и задоволен. Се чинело дека ништо не може да му застане на патот. Најтрагично од се е тоа што за само две недели од сега требало да се венча со својата долгогодишна девојка и соработничка од „Glee“ - актерката Lеа Мichele. Моето сочувство до Леа, семејството и сите негови блиски. Нека почива во мир во Божја прегратка. http://24.media.tumblr.com/bee1f3e6c0d46db492d00696ae485a8a/tumblr_mpyanhU5tk1qjqklho1_500.jpg Спојлер http://24.media.tumblr.com/3cc013958ddf69c875c5598c75c7204e/tumblr_mpyb4llah61s003pwo1_500.png
Жално, навистина жално.Знаев дека се бори со дрогата,ама искрено смртта ми беше неочекувана.Можеше навистина многу да постигне, штета.Не можам ни да замислам како и е на Лea Мишел, како и на сите останати колеги од Гли. Cory Monteith RIP.
Само што ја завршив 3 сезона и глее деф.ќе ја вбројам во омилените серии. Иакo на почеток бев скептик дека нема да ми се свиѓа ,ми остави многу голем впечаток. Мноогу ми е жал за Фин,а и чудно ми беше додека ја гледав,преубав пар ми беа со Леа Сите ми се омилеени,ама како најпозитивни и најоткачени ќе ги издвојам Сантана и Пак Утре ја почнувам 4 сезона,па ќе пишам импресии. Се на се,супер серија за опуштање во пеколниве денови
Кога се вратив од одмор и седнав на интернет, негде Јули месец беше, и кога видов дека Кори умрел сум се изнаплакала онака јако јако .. И секој пат кога ќе се сетам на него пак почнувам да плачам .. И оној говор на Леа за Кори кога и да го пуштам ме расплакува .. Не можам ни да си замислам како е некој толку близок да ти умре .. Кори го знаев како глумец неколку години, и во Монте Карло филмот со Селена, но единствена причина зошто почнав да ја гледам Гли е Кори и љубовта кон музиката ме тера да ги сакам мјузиклите Сакам да го гледам Кори во Гли .. Секако, Марк ми го освои срцето тотално *_____* Другарка ми има постер од Кори кој ќе ми го даде следен пат кога ќе ја видам, едвај чекам да го добијам :') :')
Јас само што ја изгледав 1 епизода од 5та сезона и сфатив колку ми фалеа Спојлер Епизодава интересна ми беше,се израдував кога ја видов Сју повторно во Меккнли и тоа директорка,опасна е многуу Нема да биде исто без Фин али мене и новава екипа ми е интересна.Некои викаат као Марли никад нема да ја замени Рејчел али мене ми е многу слатка и своја. Баш сакам Рејчел да ја добие улогата,ја заслужи! И крајот беше предобар,запросувањето на Блејн ќе ме расплачеше.. деф. најомилени ми се
Изгледа јас повторно ќе бидам Глик кога се "растури" старата екипа некако престанав да ја гледам серијава (негде во 4та сезона), ама сега кога ја изгледав новата епизода сфатив колку ја сакам серијава И мислам дека Клејн има голема заслуга за тоа Баш се израдував што се пак заедно, дефинитивно ми се OTP Интересен почеток на сезонава, и песните беа предобри а богами и се друго Арти и Кити се баш слатки заедно, иако ни на крај памет не ми паѓаше дека ќе бидат заедно Очекувам Рејчел да ја добие улогата, баш ја заслужува.. Сепак ми е многу тешко кога ја гледам Рејчел, односно Леа, бидејќи секогаш ме подсеќа на Кори, а неможам ни да замислам како и е неа Сега ја чекам eпизодата посветена за Кори, мислам дека ќе биде 3та епизода сезонава
Оваа беше добра епизода. И морам да ја пофалам Деми, мене ми беше прекрасна. Спојлер Фина беше епизодава, се е веќе некако видено, тоа со матурската, па Сју и Гли битката... Ама ајде. Мило ми е за Рејчел, ептен се израдував кога ја доби улогата.
Многу емотивна епизода, се изнаплакав. Трагично. Убаво им беше склопена епизодата... Не знам што да кажам, нека почива во мир, прерано згаснат живот.
Е ме расплака и тоа многу последнава епизода, многу ми беше жална. И навистина се гледаше дека не беше глумење, реални беа емоциите. Спојлер
Многу тажна и емотивна беше последнава епизода. Се изнаплакав. Следната епизода ќе испадне на 07ми ноември... http://www.youtube.com/watch?v=KRCJbOLNJE8
Премногу емотивна беше епизодава, ме расплака уште на крајот на првата песна. Ништо од тоа не ми беше како глума, туку нивни реални чувства. Негде прочитав дека скоро сите сцени се снимани по еден пат, сите почнувале да плачат. Спојлер Ова е многу убаво направено, како tribute e. http://www.youtube.com/watch?v=S1yurNdVUNA Инаку, режисерите изјавиле дека Гли ќе заврши после шеста сезона.
може некој да ми каже како се вика епизодата во чест на Кори?? дека не ја гледам серијата и не сум многу упатена ама таа епизода сакам да ја гледам..