Искрено ми здосадија децава. Најинтересните ликови отидоа во Њуjорк и само таму засега приказната има некој смисол. Единствено последнава епизода посветена на Кори ја изгледав без да трепнам, што дури се зачудив. Имаше добар избор на песни, премногу емоции и за прв пат после долго време имаше добра „глума“ поради реалната случка, а тематиката на епизодата не беше дебилна и усилена. Прочитав дека ќе снимаат уште една сезона, ама мислам дека е нема потреба. И онака беа како без компас цела мината сезона, а не гледам и дека нешто се сменило и во оваа...така што не ми личи дека ќе продолжам да ја гледам, а баш ми е жал кога ќе оставам некоја серија недогледана после неколку сезони
Почнав да ја гледам пред некој ден, имам уште 2 епизоди од првата сезона и интересни ми се. Колку песни нови сега знам, ехееј. Брат ми ми вика на кој кажувам дека ја гледам серијата, да не кажувам дека сум му сестра. Ама шо разбира он. Се убаво, само епизодите да се по 20 минути па да си гледам по 3,4 на ден, а вака целото време за учење ми помине со 3,4 епизоди. Сега за сега ми е добра, натаму ќе видам.
Не ги гледав со време епизодите, некои за викенд а некои вчера и во четвртокот, па затоа заедно ќе ги искоментирам (и некои коментари можеби нема да бидат кај соодветната епизода) - Tina in the Sky with Diamonds - интересна епизода, мислам дека досега само 2 епизоди имало со Тина да е главна (првата беше Diva, мислам), а и подобро нека остане така.. Заслужува и таа поголемо внимание, ама некако одбивна ми е кога се откажува и од пријатели и од се за да стигне до целта Ама крајот беше навистина симпатичен The Quarterback - од почеток до крај не престанав да плачам Супер епизода, вистински емоции и преубави песни.. Мило ми беше така да ги видам сите (освен Хедер и Диана), ама тоа уште повеќе ме растажи.. Песните на Сантана и на Мерцедес беа можеби најдобри, или барем мене ми беа најомилени.. Мислев дека епизодата ќе биде нешто за Кори а не за серијата, ама и вака беше океј.. A Katy or a Gaga и The End of Twerk - ги коментирам заедно затоа што не можам да се одлучам која е подобра можеби првата.. стварно интересни ми беа, настапите и песните беа предобри Сем и Пени ми се многу слатки заедно, баш се ванила Eлиот многу ми се допаѓа, исто и Дени, иако на Деми Ловато и Адам Ламберт само по една песна му имам слушнато.. Марли и Џејк конечно раскинаа, не памтам каков став имав порано за Џејк/Рајдер, ама сега сум тотално за Рајдер.. Бри ми е како микс помеѓу старите Квин и Сантана, има и лоши и добри моменти.. Сју се враќа по старо, незнам дали да ја мразам или да ја сакам.. во The End of Twerk посебно ми се допадна Вил, заборавив колку добро пее а и она во канцеларијата на Сју.. xD Рејчел исто така почна многу повеќе да ми се допаѓа, убава ми е и со кратка коса ама мило ми е што не се истрижа.. Тетоважата е баш слатка.. Movin' Out - Сем.. Очите ми паднаа.. Ама стварно е машка верзија на Британи.. Не памтам баш многу од епизодава, само ќе кажам дека ми се допадна.. (освен делот кога Рејчел и Сем онака се загледаа, се надевам не е тоа што мислам) Puppet Master - една од најсмешните во сезонава Блејн е навистина Puppet Master, ама неможам да му замерам, сепак е најзгоден, најдобар, најубаво пее и се нај нај Џејк изгледа како навистина да се кае, ама како што кажав, отсега сум за Рајдер и мислам дека тој никогаш не би и го направил тоа на Марли.. Имаше интересни песни, посебно последната.. Се на се, супер е сезонава, не е како порано ама и вака е предобра, има интересна приказна и супер песни
Сантана од женските ми е најомилен лик, а од машките ми е Фин и секогаш ќе ми биде. Серијата не е иста без него. Многу се растажив кога пред некој ден прочитав дека Рајан Марфи веќе ја имал замислено последната сцена од серијата. Рејчел би успеала на Бродвеј, а Фин би станал наставник и би бил среќен, Леа доаѓа во училницата додека тој е на проба со неговиот glee club и: "‘What are you doing here?' he would ask. 'I'm home,' she would reply. Fade out. The End." Омилени песни: Marry You, Don't Stop Believin' и FAITHFULLY.
Интересна беше епизодава. Спојлер Рејчел и Сантана партали се направија. Ама мислам дека Рејчел ја претера малку. Имаше добри песнички. И дај нека се префрлат во Њујорк сите, поинтересно е таму да беиде и готово.
Пак ги гледав последните 4 епизоди наеднаш, па ќе пробам да се приберам и да ги искоментирам Frenemies - На почеток глупава ми беше таа драма и натпреварувањето ама интересно стана Арти и Тина кога ги кажуваа говорите незнаев дали само прават тактики за да победат или навистина го мислат тоа Сантана и Рејчел ми беа супер пред епизодава, не верувам дека само се преправале.. Мислев дека ќе се случи "нешто" помеѓу Курт и Елиот, ама фала богу не се случи, не им треба уште едно изневерување Само глупаво беше тоа што Беки му ја покажа сликата на Блејн, а после тоа не кажаа ништо.. Trio - Една од омилените епизоди сезонава.. Премногу ги сакам Блејн и Сем, а со Тина ми беа исти реакциите И се изнасмеав на реакцијата во ходникот ама и плачев со неа.. Кога ќе заминат тие ВООПШТО нема да биде иста серијава :/ Само Арти ќе остане од постарите.. Рејчел и Сантана мислам дека за малку ќе се смиреа, ама ај ќе почекаме.. City of Angels - Најтешката епизода за гледање, морав да направам пауза за да се смирам и да продолжам да гледам.. За мене беше и повеќе емотивна од "The Quarterback" , а тоа кажува многу... Знаев дека нема да победат а дека ќе ги изведуваат омилените песни на Фин (претходно имав прочитано спојлер) ама сепак беше премногу тажно.. Посебно сцената кога Сем ги крена стапчињата за тапаните од Фин, a и клиповите што ги покажуваа за време на настапот.... 100 - Стота епизода и според мене одлично реализирана.. Вака, или барем слично, сакам да заврши серијава, со старите актери и актерки.. Бритни и Сантана се совршени една за друга, Дени не може ни да се спореди со Бритни.. Мерцедес е најголемата дива, и одлична беше во Defying Gravity, ме наежи.. Холи уште пред Ејприл ја очекував, двете беа светли точки во епизодава И конечно ја изведоа Happy.. А Квин и Пак ми беа срцки Ќе продолжам да ја гледам серијава, најверојатно вака кога ќе ми се насоберат повеќе, ама незнам дали ќе ја гледам шестата Многу ја должат, требаше барем сезонава да е последна.. А има убави песни, всушност не знам дали воопшто некоја не ми се допадна, ама сепак, мислам дека нема да можат да продолжат вака кога ќе си заминат сите..
Со нетрпение ја очекував епизодава и премногу ми се допадна Не ми се верува дека го пишувам ова, ама - мислам дека сезонава почнува да ги достигнува првата и втората сезона Незнам дали само поради старите актери, интересните настани или прекрасните изведби,ама сезонава конечно наликува на серијата која најмногу ја сакав За првпат после 2 сезони се радувам кога ќе излези нова сезона, кога ќе видам слики од сетот, незнам зошто ама мислам дека серијава направи цел круг и се врати на она што беше порано.. Последнава епизода ми е една од омилените, како тргнаа со емотивни епизоди, не можам да се приберам од плачење Рејчел x Сантана, Kурт x Мерцедес и Kвин x Пак беа најдобрите можни дуети, каква хармонија имаа сите.. За Тина премногу се радувам, ама поинтересно ќе беше ако и таа отидеше во Њујорк.. А Вил... Видеото што му го направија за бебето ептен ме разнежни, ама Don't Stop Believing беше тоа што ме натера да плачам и од тага и од среќа.. Не ми се верува дека Гли клубот е навистина завршен, нема да поверувам се додека не го видам тоа во наредните епизоди Инаку прочитав пред малку некаде дека оваа епизода навистина го означува крајот на Гли клубот, и нов почеток во Њујорк за (скоро) сите.. Незнам дали така ќе биди уште од наредната епизода, ама интересно звучи
Добри беа последниве неколку епизоди. Нормално, старата екипа кога е собрана. Инаку со новиве некако ич не ја бива. И јас прочитав дека толку е од Гли клуб, ќе се преселат во Њујорк и тоа ќе биде тоа. Ќе има уште една сезона и ќе ја завршат.
Jaс искрено сметам дека требаше со последнава епизода да ја завршат серијава.Навистина се почувствува онаа искричка на стариот гли, и многу, ама многу ми фалеше Фин.Некако ептен емотивно ги доживеав последните неколку епизоди, се утепав од плачење, ме врати на почетокот, на она оргиналното гли.Серијава некако ми нема смисла без гли клубот.Ќе ја гледам до крај, ама сметам дека премногу ја издолжија.
Интересна епизода Спојлер Баш е интересно вака кога (скоро) сите се во Њујорк, онака искрено глупаво ми беше, еднаш во Мекинли, еднаш во Њујорк, вака барем се во едно место се случува.. Само некако во текот на цела епизода се чувствував како да гледам - Колку и да ги сакам Курт и Блејн, некако цела епизода беше сконцентрирана на нив Мислам добро, имаа и Сем, Арти и Рејчел некои интересни случки ама се на се, најмногу имаше Клејн.. (Барем Сем конечно ја истрижа косата ) Веројатно во наредните епизоди ќе има повеќе и за другите ликови.. И искрено тоа што ми ја направи епизодава предобра беше Мерцедес Порано не мислев дека имам омилени ликови во серијава ама кога се појави таа почнав да се радувам како во претходните епизоди Е сега Сантана ми фали
Се навлеков на серијава Готово, мојата нова опсесија. Иако сум само до 2 сезона, ги обожавам. Особено
И давам втора шанса на серијава. Не дека е брилијантна ама не е толку лоша. Единственото тапа е што знам дека Кори е починат па нема да го има од некоја сезона, штета, зашто баш ми има некој шарм и некоја енергија. Не знам колку без него би била интересна серијава. Омилен лик ми е дефинитивно. Мене Леа(Рејчел) ми е страшно антипатична, не верувам дека ќе ми се допадне до крај, има некоја напухана појава и не ми е воопшто мила. Наставников исто ми е многу симпа и онаа учителката што го брка, баш ми се пар. Гејчето ми е врв, пресмешен ми е. Еве ја крцкам прва сезона, не е лоша искрено не верував дека ќе кажам некогаш дека ја гледам серијава и посебно дека нема да ми биде лоша. Забавна е пред се, си подпевнувам со нив ако ништо друго, и одлични изведби имаат тоа мора да признам, капа симнувам за изведбите.
Moрав да го постирам ова, не можев да се соземам до смеење. Крт беше феноменален, ама они ми се поомилени, се згазив од смеење. Омилен преформанс од првза сезона, убедливо ми е gold digger. Феноменални Од категорија Рејчел и Фин, дефинитивно No air. Тука почна да ме купува Рејч малку. Слатка е сепак. Инаку серијата е многу многу лоша, бетер од шпанска серија. Ова со бебеињава ни во шпанскине серии го нема веќе. Заради издведбиве ја гледа, навистина се феноменални. После Фин професоров ми е омилен лик и Крт дефинитивно е закон. Професоркана Су ужасно ме иритира, ама топ погодена е, баш сликовито ја доловува улогата, секоја чест. На ганглии ми скокоа од прва епизода се поише и поише ама капа и симнувам за глумата.
@Hipster се оправаат малку понатаму, нема толку шпански серии, само во првата и втората до негде, после е полабаво.
Излегоа две епизоди од 6тата сезона која ќе има 13. И толку. Мене ми е жал некако, уште ми е интересна, и новиве две епизоди беа супер. Спојлер Многу работи се сменети, жал ми е ептен за Рејчел и за нејзината кариера, ама мисла дека ќе се врати на нозе. курт и Блеј, оф леле, ама Курт не знае што сака, не му е прв пат вака да му прави. Не се воопшто добар пар Блејн со овој другиот, мислам дека нема долго да тераат. Се надевам сезонава ќе тера вака.
Спојлер Новава сезона ми изгледа многу вештачки, што знам, ама сепак мораат да ја заокружат и да стават крај.Иако не е лоша, сега за сега.Исто се надевам дека на крај Рејчел ќе заврши со Сем, интересен пар ми се заедно.Очекувам и да се вратат за последниве епизоди сите гли клуб членови како Маrley, Jake, Ryder,Unique,Mike, Joe... , затоа што приказната за повеќето од нив воопшто и не е довршена. Последнава епизода сцената во лифтот со Клеин и Суе-Пила ми беше врв Ме изнасмеаа, кај им текнало ко во пила бе.
И заврши Јас пораснав со серијава, почнав да ја гледам на 14 години, и баш во тој период ми требаше вакво нешто, плачев со серијава, и се смеев со неа. Колку и да беа глупави последните две сезони, имам посебен простор во срцево за Гли. И се утепав од плачење, посебно на крајот од 2009-епизодата. Спојлер Малку ме изиритира што на крај Рејчел заврши со Џеси, не знам како можеа така да ја напраат приказната, после се што и направи Поубаво сама да останеше, ако не со Сем. Останатото во главно ми се допадна, посебно последната сцена, баш како што си ја замислував.
И мене ќе ми фали серијава. Тоа го кажувам само овде и нигде на друго место. Маж ми влегува дома, јас сум застанала пред тв со насолзени очи и си мрдам на последната изведба. Кога ми даде еден поглед како да ви кажам... Спојлер Не ми се допадна тоа со 5 години напред баш, не изгледаа воопшто сменето, не ни можеше тоа некако реално да се изведе, така малку млитаво ми беше. Подобро само наговестување да дадеа каде ќе ги однесе иднината, некако позадоволувачки ќе ми беше. Ми фалеа Сантана и Бритни, ептен само на крај ги дадоа. Си остана сепак позитивна до крајот.