Аххх фала тии! Моментално ја гледам првата епизода, па ми сецка малце па правам паузи! Хахаха етее што ке правам јас на интернет од сега па натамуу! Ма каков ФБ бре! ГЛИИИ!!!
Остај го малку да се наполни, па нема гајле понатаму, мене ич не ми сецка да се полни, за 5 мин таман е. Спојлер И почна да ме нервира Ема уште што го мафта Вил, па дај му на човекот бре.
Знам Реинбоу, а го гледам на Мегавидео и одма се полни, воопшто не чекам, но ме нервира што можам само 72 мин. да гледам па да чекам 72 минути и после пак да си догледам! Амма ако! Сега сум до шеста епизода, верувајте, се навлеков на серијава
Леле колку ми падна жал за Сју, како и се изнавика онаа кокошкана ццц. Спојлер Јес да беше смешно кога рече дека нема да роди дете, туку ќе биде внук. Ќе биде возрасен, со работа и мобилен. Јао. Него, колку сезони ќе има серијава? Оваа последна е? Дека нели завршуваат веќе.
Нема да е последна сезона најавуваат уште една сега за сега, но исто така за жал најавуваат дека некои ликови можеби нема да се вратат во серијата како Rachel (Lea Michele), Kurt (Chris Colfer), Finn (Cory Monteith) и мојата омилен лик од серијата Santana (Naya Rivera)
Па тоа се сите ликови. Не знам серијава без Рејчел како би функционирала. Подобро да ја завршат, него така да ја распарталат.
http://www.youtube.com/watch?v=MwNtHxbx5cE И заборавив да кажам дека Рики Мартин ми е муи згоден. Добра изведба со Сантана.
Што убава, релаксирачка епизода, леле Рики Мартин колку е само секси и згоден. Мх, мх, мх. Јас искрено мислев дека ова ќе биде последната сезона, и доволно е. Веќе сите се спремаат за на факултет, последна година е, плус ќе го освојат првото место (конечно), доволно е две години што не успеаа, и толку е. Се' што е префорсирано, не чини. А и серијата дефинитивно не би ја гледала без Рејчел, Курт и Сантана.
Најбољии сеее!!! Ја обожавам Рејчел, без неа нема да биде интересно, истото се важи и со Курт и Сантана. Ахх Сантана колку е само убава
Спојлер Татковците на Рејчел, закон! Прекрасна епизода, и како Мерцедес ја испеа I will always love you од Витни. Ма каква Џенифер Хадсон, леле девојкава испеа преубаво. Прекрасен избор на песни, посебно забавата на крајот, мене ми се идеше да станам да се разиграм. Се развеселив.
Joining the Glee club ladies! Конечно се симна првата сезона, сега за сега изгледав три епизоди додека напоредно работев скроз други работи, и баш е чилааакс. Малку е предвидлива, ама немам нешто попаметно за гледање. А и песничките се океј, убаво пеат, морам да признаам. Како што прочитав, штета што се само три сезони, ќе ја изгледам за 1 месец можеби.
Последнава епизода за валентајн баш беше срцкаста. Мерцедес преубаво ја испеа од Витни песната. Стварно добра епизода, баш ме расположи некако. Затоа и си ја сакам серијава.
Многу ми се допадна и на мене последнава епизода. Многу убави одбрани песни пееа, посебно Мерцедес, ме изненадува со нејзиниот глас Инаку се разочарав сега, ќе излезе уште една епизода сега на 21 февруари и ќе имаат пауза се до 10 април. Па многу долго време е тоа бе
Спојлер Каков крај на епизодата, ако навистина и' се случи нешто сериозно на Квин, или недај боже умре, ќе биде потполно разочарување. Многу убав настап, посебно првата песна. Ептен обичен фустанот и фризурчето на Рејчел...
^Само што го видов твоето одма ја изгледав епизодата. И да Спојлер Страшно беше добра епизодава. Не очекував дека регионалните ќе бидат толку брзо, ме изненадија. Сепак, добар настап имаа. Ми се свиѓаше како испадна се тоа со Каровски и каква порака се пренесе на младите. Не се откажувај од себеси никогаш, не знаеш што понатаму ќе пропуштиш. Се надевам дека Квин нема да умре, инаку се ќе отиде надоле. Овие ќе се обвинуваат што ја брзаа да дојде... Едвај чекам следна епизода.