1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глуми оргазми и продолжува со лаги

Дискусија во 'Секс' започната од Scorpion81, 31 август 2010.

  1. Scorpion81

    Scorpion81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Со оглед на тоа што сајтов е анонимен сепак едвај собрав сила да напишам за мојов проблем од страв да не бидам исмеван од некој зашто читајки по форумов и не добив некој впечаток дека машките се омилени меѓу публикава.Но морав некаде да го изнесам проблемов бидејки овде кај што сум немам помош од стручни лица а веќе почнав да попуштам психички да запаѓам во депресија и сум на работ од нервен слом. Со сопругата пред да стапиме во брак бев во врска 5год од таа наша љубов мислевме дека 2та сме спремни и решивме да стапиме во брак од кој за 3год. брак малку забрзано бидејки не сакавме веќе да чекаме и да внимаваме ми се родија 2дечиња со кои сум длабоко поврзан.Мислев дека нема посреќен човек и маж од мене на целава планета.На почетокот од врската кога се впуштивме во сексуалните води се појави проблем на глумење на оргазам.Јас не бев толку исфрустриран тогаш и се впуштив со сите мои сили и знаења да помогнам да го решам проблемот преку разговори и опуштање со парнерката бидејки се сметав за поискусен за разлика од неа која беше почетник и за неа сето тоа беше нешто ново.Мислам дека дојдовме до решение тогаш и таа беше пресреќна дури и плачеше не можеше да се смири од возбуда дека зедно победивме и успеавме да го решиме за мене тогаш не толку важен проблем бидејки знев дека е почетник и дека треба време за да се опушти.Но и еве сега ова што го пишувам се прашувам дали е навистина така.Проблемот и лагата повторно излегоа на виделина.Не викам за мене дека сум светец и дека до сега у животот немам излагано или направено некоја глупост ама толку време да се пигруваш со нечии чувства мислам дека нема логика.Се се случи летово кога си дојдов дома на годишен одмор по отсуство од скоро 6 месеци.Додека бев отсутен од дома секој ден бевме на месенџер и едвај имаше ден да не зборуваме за секс и што ке правиме кога ке си дојдам така да едвај се воздржував да не влезам целиот во компјутер за да ја дофатам и уффф се занесов.Дури цело време ми пишуваше дека кога ке си дојдам дома нема да влегувам во спалната бидејки ми има подготвено изненадување па така дојде и тој ден и влеговме во спалната ама мене се ми изгледаше нормално па и не се замарав многу со спалната веднаш преминав на работа зашто едноставно бев како разјарен бик и само сакав да ја сетам до мене.Набргу по доаѓањето заминавме на летување се со цел да избегам од роднините и пријатели и да бидам повеќе време со семејството бидејќи деновите ми беа бројани а такви денови летаат како ............
    Уште првите денови некако таа ми реагираше како не зинтересирана,во ноќите заспиваше пред мене утрата стануваше нервозна,ама си велев ајде уморна е цела ден трча по децана на плажа и додека ја не сум бил дома таа била сама сама да ги однесе на градинка да ги облече да иде на работа да ги земе и се така секој ден.Еден ден незнам како почнавме некоја вербална расправија бидејки често имаме такви ситни кавги и инаетења кои најчесто после да се смириме ги завршувавме во спална и излета и ми го трессна како гром од ведро небо,,па неможам бе неможам да свршам не сум ја крива толку можам,,ми требаше некое време да се вратам во реалноста и ја прашав дали ова е вистина а таа низ солзи во очите едвај проговори да вистина е.Не можев веќе да се воздржам и ја нападнав со пцовки и погрдни зборови ама и тоа не ми беше доста па ја напднав и физички се со цел да вратам за болката едноставно згасна се што беше човечко во мене мислев дека ке ја убијам да не не прекина поголемото дете слушнало галама и пискотници и дотрча до вратата тропа да влезе и на влегување ме праша тато зошто ја тепаш мама леле ми идеше да скокнам од терасат и да се убијам.Ама никак неможев да се смирам ја навредував со 300погрдни зборови кои нема да ги заборави како и јас што не може да заборавам како таа што ми кажа на мене дека морало да биде така зашто ја сум се ебел со затворени очи не сум гледал.Па тоа кај мене појави таква љубомора и уште тогаш почнав да мислам дека ме изневерила а што е тагично морав за 3 дена да се вратам на работа бидејќи работев надвор од државата.Па така да првите 2дена едвај зборував а таа само ми се правдаше дека не смеела да ми каже од страв за мојата реакција.Па добро седнав си ги средив мислите и поверував на нејзините правдања да си реков така е по природа сум многу нервозен и избувлив што од стресната работа што ја работам што од тоа што не сум со семејството и децата ми раснат без мене и сега во последно време таа нервоза кај мене роди чувство на љубомора омраза и на гнев кое полека се претвори во насилство и заради мала невкусна шега на сметка на мажите колку сме биле глупи и жените со новите дечковци ни ги трошеле парите произлезе и напад на еден од колегите и закана по неговиот живот со оружје така да едвај се извлеков да не добијам отказ.Но таа случка ми направи пресврт па се змислив и решив да си дадеме шанса бидејки 2та сме виновни,таа за нејзиното лажење јас за мојот физички напад.На сето тоа и се закнив дека ако уште еднаш ме излаже за тоа ке решиме на суд на кое таа се сложи.Не поминаа 5дена повторно ја фатив на лага пак ме излажа за кое призна дека е лага и не знаела зошто лаже едноставно рече дека премногу се заплеткала во своите лаги.Единствено сега ми проаѓа низ глава дека постои друг маж во нејзиниот живот и таа е спремна да прегази се вклучувајки ги сопствените деца за да биде со него.Можеби и не ама веќе психата почна да ми работи човек на се ке помисли.Ама да е полошо за оваа лага не се правдаше многу едноставно не и дадов многу да зборува ја навредував со многу погрдни зборови за да на крајот ми каже дека ете какво селско понашање сум имал.Од нервоза го скршив телефонот збеснав.Ми треба помош помогнете ми што да правам,дали да и простам и да пробам од почеток ама како ајде како од почеток како да и верувам дека нема да лаже и да глуми.Знам дека ужива во сексот самата призна и се познава по телото ама зошто бе луѓе зошто да глумите дека сте порно ѕвеѕди.Ако на некој ова му се чини љубовен роман и е спремен да се за зфркава на ваква тема подобро немојте зашто бракот ми виси на конец.Еве веќе 4дена се немам јавено дома а ми недостигаат децата сакам само да ги слушнам ама во главава ми се вртат само 2мисли развод и одмазда,да видам дали тоа ке и го дотера умот и ке престане да глуми и да лаже.
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.426
    Се извинувам ама прво треба со стручна помош да се справиш со твојата насилна вербална и физичка страна а потоа да пробаш да си го спасиш бракот. Со такво избувливо, исфрустрирано болно љубоморно насилно однесување ќе им ја уништиш и иднината на твојот брак и детството на твоите деца
     
    На blackwave, LaChiquita и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Прва работа- не си смеел да употребиш сила!!! на жена ли? секој може на жена да крене рака, но тоа е нечовечки! Немаш ни доказ дека те изневерила а ја напаѓаш физички??? Тоа ми личи на нестабилна личност! Заканата на колега-исто така нестабилно! Ми се чини дека треба повеќе да работиш на себе!
    Е сега за жената... Ти работиш во странство, а млада жена оставаш сама со две деца дома и сакаш се да биде како што треба? Па неа и треба маж, не само за во кревет, туку и за помош! или остави ја работата или земи го твоето семејство таму! Мислиш дека само после 3 години брак треба да ја оставаш жената сама да ја гледа куќата?? Па тоа е речиси невозможно!
    Според тоа што го кажуваш за нејзините лаги, можеби има друг или пак можеби и е премногу тешко што е сама, а и проблемот со оргазмот уште повеќе ја разочарал и затоа така ти реагира!
    мојот совет ти го кажав погоре, само вашата блискост може да го реши проблемот!
    и никако физичко насилство!!! тоа се одразува на децата! мене дечко ми еднаш сакаше насилно да ме бакне и јас му раскинав! и после долго молење решив да да му дадам уште една шанса! биди среќен ако ти го прости тоа!
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    во право се членкиве, на жена сила не влијае позитивно, него...ај покасно... :lol:
     
    На Pucanka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Се додека оставаш мислите да ти вртат во главата, спас ти нема! Мора да разговараш, да си ги разјасниш сите можни дилеми бидејќи сомнежите можат да уништат цела заедница.
    Вие двајца најдобро знаете што вистински се случува меѓу вас, ние од оваа страна и не можеме да помогнеме многу. Значи - разговор со жена ти!
    И никако насилство - прв и последен пат. Така само уште повеќе ќе се оттуѓите. Немаш право над неа да ја тепаш.
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучам ЈАС глупаво и неправедно, ама еве и мое мислење. Си ја натепал да, вистина е, ама не си смеел. Сепак тоа не си смеел па ни да е крај на светот. АМа искрено, еве девојки, убаво размислете, не сака да има секс со сопствениот маж со кој била години во врска. Па и таа не е во право. За да доживее оргазам, треба да има односи, да пробува, експериментира. Не е тоа тури напи се, можеби ете природата и е таква, ама ни јас ни било која сигурно не очекуваше оргазмиште од прва. Мислам дека сум во право за ова. е сега, Скорпион, жалам што таква ти е ситуацијата, еве сега едино можам да ти речам да поразговараш повторно и повторно, обиди се да ја придобиеш, извини се за тоа што си кренал рака, не било тоа болка за умирање ако ти рекла така, не мора да значи дека те изневерува, ама па (извини ако сум сурова) и тоа е веројатно. Не знам, треба многу да се потрудиш, јави се, пробај, види пак како ќе реагира, мислам дека за ова ти треба малку повеќе од ваков совет. Сепак ситуацијата ти е лом. Ајде, се надевам дека ќе се подобри. Друго не знам што да ти кажам.
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ти најпрво имаш проблем со самиот себе... а потоа со сопугата твоја и сите околу тебе.
    најпрво треба ти да размислиш за твоето однесување, избувнување... и физички пресметки со личност послаба од тебе - во овој случај твојата сопруга, а потоа да размислуваш за нејзините постапки.
    твојата љубомора, фрустрација... и пред се тоа што си надвор од државата, далеку од неа те прави да се соменавш во неа (иако можеби и не ти дава повод).
    а тоа што велиш ,,ме лаже дека свршува,, .... па дури и кога си дознал за тоа си се пресметал физички со неа! тоа го сметаш за нормално? мислиш дека така требало да постапиш? па може и неа и е преку глава од твојата љубомора :!:

    значи заклучок од сето ова можам само да кажам дека потребна ти е прво тебе една убава помош, а потоа и двајцата одете на брачен психолог (ако мислите пред се дека треба заедно да останете ама без доза на љубомора а со голема почит и разбирање)
     
  8. Kala001

    Kala001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    можеби не сум многу искусна,ама сум сигурна дека насилството кај тебе се појавило бидејќи твоето его било максимално повредено.ја разбирам и жена ти и се,ама не е ни она мало дете да не знае дека на сопствениот сопруг не смее така сериозна работа така да се соопшти.веројатно потсвесно си се почувствувал како недокажан маж,па мислиш дека преку насилството ќе се докажеш на себеси и другите.
    како што можеш да забележиш од самиот форум тука,многу жени не можат да доживеат оргазам и лажат.а кога веќе кај вас проблемот е "јавен",тогаш не преостанува друго освен ти подитно да почнеш да се контролираш и да седнеш со неа и да разговараш сериозно дека морате тоа да го решите на било кој начин.ако треба и месеци нека одземе ама ниту еднаш повеќе ти да не и покажеш насилство,ниту таа така да ти се обрати.среќно
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    неможам да те осудам за тоа што работиш. нормално денешната безпарица и желбата за подобро утре те довело до тоа да отидеш да работиш надвор. а жена ти таа треба да биде свесна дека бракот се заснова на доверба, разбирање и почитување на еден спрема друг. најверојатно та тоа и треба да го знае. навистина после некое време ако сте немале секс таа не да сврши треба да полуди. колку и да мастурбира или било што извинете секс е секс особено со лицето на кое му се предаваш. е сеа зошто те лаже... ти треба да си знаеш најдобро, треба да ја осетиш по односот меѓу вас... межутоа ја знаеш најдобро и ти ги знаеш шансите колкави се да има друг. а за тоа што си ја удрил ајде следен пат изброј до 10 и назад и размисли што правиш, имнаш 2 ангелчиња кој се плод на љубов. седнете разговарајте следен пат кога ќе се вратиш. кажи и искрено што чуствуваш за неа, жртвувај се за децата. кажи и да бидете искрени еден спрема друг. ако не те сака или било што и да има нека ти каже, прифати го нормално колку и да боли. биди свесен дека животот е суров колку и да боли понекогаш мораме да се соочиме со последиците кој ни го носи истиот. а најдобро нешто што би можела да те посоветувам посетете психолог или брачно советувалиште денес ништо не е ниту страшно ниту срамно. важно е да останете заедно. и ако и смета што работиш надвор и причината за кавгите е токму тоа, би ти рекла подобро да живееш сиромашно а среќно отколку богато а несреќно. со овие кавги зошто ти се парите ?
    среќно и секогаш сме тука за совет
     
    На Victorya и sesilija им се допаѓа ова.
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Ситуацијата ти е хаос, многу голема сте ја направиле работата. Па тука ако прочиташ на форумот ќе видиш дека 99 % од девојките ги лажат своите дечковци дека доживуваат оргазам, а и тие што доживуваат, не можат секој пат. Ти знаеш дека девојките не можат така лесно да доживеат оргазам, ама тоа не значи дека не уживаат во сексот. И ајде сега да почнат сите дечковци да ги тепаат своите женски оти не доживеале оргазам. Па како и сите проблеми, така и ова се решава со разговор и со упорност, значи да пробате повеќе пати и да истражувате нови пози. Јас ја сфаќам твојата нервоза, си чекал толку време за да се вратиш дома и да бидете заедно, а на крај си се разочарал од неа, ама сепак не си смеел да ја удираш. И најлошо нешто да ти направи, не смееш да креваш рака на неа. И да те изневери, пак не смееш да ја удираш. Затоа постојат разводите ако не ти одговара нешто, а не физички да се пресметуваш, па дури и детето да гледа. Знаеш ли дека сите кавги меѓу брачните партнери, најмногу трауми оставаат на децата. А ти сигурно сакаш децата да ти пораснат во мирна средина, затоа потруди се со разговор да ги решите проблемите.
    Дополнителна тешкотија во твојата ситуација е и тоа што сте одалечени еден од друг, па не можете да се разберете како што треба и нема блискост меѓу вас. Најдобронамерен совет ти е да се обидеш да ја контролираш својата нервоза и љубомора, затоа што верувај дека со љубомора нема ништо добро да постигнеш, само повеќе ќе ја уништиш врската. За да прекинеш со тие нервозни испади, не можеш сам да си помогнеш, туку ти треба помош и од стручно лице, треба да посетиш психолог кој ќе ти помогне да ја контролираш нервозата, и тоа не е ништо срамно, штом живееш во странство сигурно и сам знаеш дека таму секој нормален човек посетува психолог колку да има со кој да си направи муабет и да се искаже што го мачи. Се надевам дека и ти ќе го направиш истото ако сакаш да си помогнеш себе си и да го спасиш бракот.
    А за да ја задржиш жена ти, мораш да постапиш на убав начин, а не постојано да ја прашуваш дали те изневерува. Сега кога ќе се јавиш дома, извини се за тоа што си избувнал непромислено, кажи дека нема да се повтори и кажи и да не се секира дека сите проблеми ќе ги решите на смирен начин. Не покажувај љубомора пред неа, затоа што така само ќе ги влошиш работите. Колку повеќе си љубоморен, толку повеќе ќе и здосади од тебе. Треба да се покажеш заштитнички кон неа, да знае дека до себе има сигурен и стабилен маж, да и дадеш до знаење дека можете да ги надминете проблемите, а не да се однесуваш како некој несигурен и љубоморен тинејџер.
     
  11. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    па да, советиве се добронамерни...еј кај пиша жити бога, пуздер те направија... :lol:


    ...светот се смени, нашите мисли го направија таков...
    на времето кога се одело на печалба, жените биле поверни...а знам, тогаш биле приглупи и необразовани-нееманципирани домакинки...за никаде биле, да.
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Не те осудувам,но не си правилно постапил со тоа што насилно си се однесувал.Обиди се да се воздржиш зошто со тоа нема ништо да постигнеш,само ќе си го уништеш бракот,ќе ги изгубеш жената и децата.Во случај да дојде до развод штом насилно се однесуваш децата најверојатно ќе бидат кај мајката.А зошто сето тоа....не и оставај на децата такви трауми,зошто ќе мора цел живот да се носат со нив.Но најпрво и најважно е да се обидеш да го спасиш бракот,да факт е дека не зависи се од тебе,но обиди се смирено да разговараш со сопругата.Кажи и дека сакаш се да знаеш,дека несакаш повеќе да има лаги меѓу вас.Ако еднаш сте го надминале проблемот заедно,потрудете се повторно..пред се за вашите деца.Навистина е комплицирана ситуацијата но ако сеуште постои љубов и разбирање ќе го надминете проблемот.Ако таа ужива во сексот,како што кажуваш дека се познава по движењето на телото,зошто кревање толку прашина.И мене ми се случувала да не свршам а да го излажам дечкоми,па што никому ништо.Наредниот пат ќе биде,некогаш едноставно сме под стрес и небива.Немој тоа толку трагично да го сваќаш и поради тоа да настане ваква збрка.Немој само од твој аспект да ја гледаш на целата ситуација,разберија и женати,не и воопшто лесно и на неа.
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Можеби и она за тебе го мисли истото, дека имаш друга...е да знаеш како лесно ние жените си правиме филмови во главите.
    Јас како жена претпоставувам дека далечината си го прави своето, секој мисли дека носи поголема тежина , дека има поголеми обвврски и дека неговата работа не се цени.
    Ти си дошол и одма си ја обвинил, сте се карале и си ја нападнал, она очекувала нежности и љубов , а далечината го сторила своето, заборавила како да биде интимна со тебе. Треба повторно да се потрудиш како што си го направил тоа кога сте биле во врска и да ја научиш повторно како да доживее оргазам.
    Ти мислиш дека има друг, она дека можеби ти имаш друга, дека си створил семејство и си го оставил на неа. Знам дека си поради нив си далеку, сакаш како секој добер маж да понудиш финансиска стабилност, само пази да не ги изгубиш.
    Верувај дека е спремна се да заборави ако и ја покажеш твојата добра страна. Не е фер да ја обвинуваш за неверство кога не по своја воља останала овде сама.
    Прво мора да престанеш да ја обвинуваш дека има друг, осван ако немаш доказ за тоа, второ ни под разно да не се караш и физички да ја напаѓаш.
    Дури и да те изневерува има начин како да се средат работите , а според тоа што си го напишал искрено мислам дека се е само во твојата глава,
    Следноит пат кога ќе бидете заедно изненади ја со некој поклон, биди внимателен кон неа, дај ги децата еден ден кај твоите на спиење и поработи на случајот.
    Мислам дека ви фали време поминато заедно, гушни ја , извини и се за твојата агресивност, ќе видиш како повторно ќе се претвори во девојчето што пред многу години се заљубило во тебе.
    Искрено посакувам работите меѓу вас да се средат, ама караниците и насилството се контрапродуктивни, само ќе си навлечете гнев еден кон груг. Пробај со добро, ќе видиш дека ќе се исплати.
    Поздрав.
     
    На julie77, Victorya и sesilija им се допаѓа ова.
  14. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    да така е, далечината и го прави на љубовта, тоа што и ветрот на искрата огин...ако е слаба ке згасне, ако е јака ке распламти...
     
    На georgnicos, happygirl и veri им се допаѓа ова.
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    :o
    Скорпион можеби не сум доволно компететна но сепак ќе си дадам мислење во врска со темата.....
    Прво твојот проблем веќе станал и психички што воопшто не е во ред.Сметаш ли ти дека твојата реакција е во ред?Па и јас би се плашела на дечко ми или на сопругот да му кажам дека не сум доживеала оргазам да знам дека вака ќе изреагира.Ти поради тоа што таа не свршила си ја натепал,си ја изнавреѓал па и на сето згора си правиш филмови!И јас некогаш не свршувам и отворено си кажувам:Не можам и крај,ете ти сврши си не ми смета.дали според тебе јас треба да бидам натепана и навредена?И тоа со судот?Со кое образложение ќе одеш на суд?Жена ми не свршува :o Ќе те сметаат за луд!
    Колку внимание и посветуваш ти на жена ти кога си во државата?Колку ја опсипуваш со нежност?Си ја прашал ли некогаш отворено што и е убаво,што сака?Има ли воопшто право на глас таа таму или е подвижен предмет и се плаши да каже што и да е!
    Неа и треба нежност,убави моменти,да ја опуштиш и да и дариш љубов....Да седнете како луѓе и да ја прашаш што неа не и чини во сексот,зошто не може да сврше?А ти што си направил?Си ја тепал и навредувал....Која жена сака да биде вака третирана.да била некоја друга до сега ќе те нападела како 13 прасе.....
    Седни и разговарај со неа.Биди нежен.Не биди нападен и избувлив и пред се не и врши притисок.Ти за ова вака си изреагирал,ами за некои други работи ќе ја убиеш ли?
    Немој од ништо да правиш нешто.Тебе сега ти е повредено машкото его бидејќи мислиш сигурно дека не можеш да ја задоволиш.Разговор,средување пред се на твоите мисли и се ќе биде во ред.Ах,да и самоконтрола!
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Скорпион, верувам колку страдаш, но верувам и во тоа што го кажа иренна- можеби и таа мисли дека ти имаш таму друга. Знаеш како дојдов до тој заклучок? Велиш дека те обвинила дека ти се затворени очите- можеби мисли дека мислиш на некоја друга.

    Според мене не ви треба ни психолог, ни брачен советник- туку малку време да се навикнете повторно еден на друг. Друго е виртуелната комуникација- ги знам и јас тие муабети- ќе ти го направам ова, она- и јас сум го ветувала истото, ама кога ќе се видиш во живо плановите се менуваат. Од ветеното излегува како ти тоа да го очекуваш- демек веќе е договорено, а таа во тој момент не е расположена- често и од тоа што долго те очекувала, па коге ќе те види незнае како да реагира.
    Знаеш како е, чекаш нешто, чекаш и кога ќе го добиеш незнаеш што да правиш со него, па така и жена ти со тебе. Па така за неа тој почетен секс е изнуден секс, а ти си фрустриран- се чувствуваш како да ја молиш сопствената жена за секс.
    Те сфаќам тебе, ја сфаќам и неа и верувај- лекот е повеќе време да поминувате заедно и секако отворени разговори.

    Единствено не ја сфаќам твојата импулсивна реакција кон колегата- покажуваш типичен балканизам и си паднал на нешто што можеби не се однесувало на тебе- а ти си го протолкувал како отворена провокација.

    А секако жена ти не си смеел да ја тепаш- не дека не те испровоцирала, ама со твојот потег само си и додал сол на раната. Сега гледај да се искупиш некако ;)


    И да знаеш црвот на љубомората е опасен, полека но сигурно ја јаде љубовта. Ова од искуство ти го зборувам.
    Љубомората на дечко ми и неговите болни филмови дека го лажам и го изневерувам ја уништија мојата љубов кон него и направија да се разделиме. Немој и со тебе да биде ова случај, сепак имаш и две сонца кои треба да светат од среќа, а не да има солзи на нивните очи.

    Ти држам среќа да ги средите работите и да имате многу страстни ноќи заедно. А ти да не заборавиш, да си “работиш“ со отворени очи ;) , озбилно, така повеќе се поврзуваш и се предаваш во сексот ;)
     
    На LivingGlam, julie77 и Victorya им се допаѓа ова.
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ха типичен маж Балканац... со нејзиното признавање ти го повредила егото, си мислел дека си најдобар љубовник, секогаш си гледал на тебе да ти е убаво, а нејзините чувства си ги занемарувал... А таа, за да не се почувствуваш лошо глумила за да те задоволи. И што добива за возврат...
    Не ми е јасно како маж кој со години ја познава својата партнерка, не може да познае дали таа глуми или стварно доживува врв. Ама тоа е, за жал повеќето од мажите сте преокупирани самите со себе, фантазирате за нешто трето додека и го буткате, притоа не водејќи сметка за оние работи кои нас не возбудуваат. А ние, трудејќи се да ви биде подобро, на крај пак испаѓаме лоши.
    Не за џабе велат кога се раѓа женско дете и крововите плачат...

    Дечко проблемот е во тебе, не во неа.... тоа треба да ти е јасно. Ако после толку години решила да си го побара тоа што и припаѓа и отворено да прозбори за тоа што ја мачи, не значи дека има друг. Ама секако, подобро е на друг да се префрли вината отколку да се признае сопствениот неуспех...
    А, ако сакаш конкретен совет... поработи малку на предиграта, не секоја жена може да сврши со пенетрација, нека падне оралка, или остави ја неа сама да ја води играта, така барем ќе прави што и прија...
    И уште истиот момент да ја побараш и да и се извиниш за твоите испади!!!
     
    На FVP и julie77 им се допаѓа ова.
  18. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Ja mislam da prestanes da se izmacuvas i sebe i nea.odma da i se javis :call: i ke i se izvinis i povise od ednas ako e potrebno. mesto sto si ja udril, si trebal da ja gusnes, da napravite muabet, da se oseti sakano i sigurno. a so toa sto ne i se javuvas sto mislsi deka postigas??? samo negativen efekt pravis bidi siguren. da ne bide prikaznava da i tesko pa da se najde nekoj trpeliv i toleranten, e togas ke si ja udris glavata od dzid.
    zato, moras da i se javis, da bide psihicki mirna deka si dobro, deka mislis na niv, potrudi se dodeka si tamu kolku sto e mozno da i vlevas sigurnost, a koga ke se vratis, MUABET. se ima resenie. veke ti objasnija devojkive pred mene okolu zenskite orgazmi ne sakam da se poftaram.
    pozzz i pisi ni kako si
     
  19. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Shkorpin dokolku sakash da ti se pomogne,..a ochigledno e deka toa ti treba...
    jas bi predlozil temava da se zatvori...
    Mislam deka so ogled na okolnostite vo koj se naogash ne ti e od polza sega da
    vodish diskusii na vakvi ili slichni temi...naprotiv treba sveso da gi izbegnuvash...
    a vnimanieto da go nasochish na druga strana...
    Najdise vo rabota,..izmislija ako treba a se so cel da ne dozvolish mislata koja te
    progonuva da ti ja razori psihata...ako neznaesh shto iskontakiraj preku net so
    nekoj nash psihoterapeud da ti prepishe neshto za smiruvanje...nabavigo i raboti
    na toa da ja odrzish psihichkata stabilnost...poshto kje ti treba za da si go reshish
    problemot koga za toa kje dojde vreme...sega i onaka nishto nemozesh da storish...
    samo kje se jadesh bez potreba...
     
  20. Scorpion81

    Scorpion81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Marley прво да ти се заблагодарам за искрениот одговор да навистина ми треба помош па затоа и пишав на сајтов ми дојде како вентил зашто не можев веќе да молчам ке полудев.Еве на дел од останатите да ви кажам ме нападнавте многу ама ок секој има право на свое мислење па затоа не сакам да цитирам некој или да именувам за да не навлегувам во понатамошни конфликти.Само сакам да ви поставам неколку прашања за кои треба и вие како жени сериозно да размислите што правите со некои ваши постапки.Ако поубаво го прочитавте текстот на почетокот од темата ке видите дека ја повторно и дадов шанса и дека кога ќе се вратам сериозно ке разговараме и ке бараме заеничко решение.Кажав и дека откако си ги средив мислите видов дека и 2та направивме грешки и се извинив преку е-маил и кажав дека жалам што ја удрив се со цел да ја смириме работата да не излегува на поголемо.Но дали во понатамошниот текст прочитавте дека повторно следуваше (ЛАГА) за која и самата таа ми призна.Лага која повторно доведе до раскол на целата ситуација и јас едноставно полудев,пукнав искри летаа на сите страни и ми се вртеше мислата леле ова пак ме лаже,леле пак лажееееееее.А сигурно не би бил луд да идам на суд да дадам изјава еве се разведувам од сопругата зашто не може да сврши.Не но госпоѓата се сложи на тоа со судот и вети дека нема повторно да лаже.Па ајде бе вие за што ме сметате дека сум ментално заостанат па коментари од тој тип,затоа прочитај 2пати што напиша па после испрати а не непромислени коментари кои не се од никаква помош.Како понатаму што кажавте дека сум егоист и себичен и дека навистина треба да ги отворам очите а не само да бутам со затворени очи и да гледам да си завршам работа еве едно појаснување за тие што не читаат меѓу редови.Епа грешите ја љубов водам со отворени очи пратејки ги потезите на својата партнерка гледајки да и ги задоволам прво нејзините потреби па после моите.Ама залудно ке ги држите отворени ако во креветот имате порно глумица која вреска и скока наоколу и на секој ваш потег ве опсипува со комплименти од типот леле ме растури,неможам без тебе и јас сум само твоја и само твоја и глуми по 5оргазми на секоја партија па си викаш леле бе женава е лудница темпирана секс бомба која чека да експлодира.Тогаш иако со отворени очи ти си заледен и маѓепсан па не гледаш ништо.Па после ова ке ми кажете дека сум егоист и гледам само за себе па треба да и се јавам да разговараме и да и простам,па никогаш па да знам дека е последната жена на светот.Па добро како можете да помислите дека после ова а највеќе последната лага да и се јавам море ми иде да ја задавам со голи раце.Па ајде сега прашајте се вие вака!Што мислите како ни е нам мажите кога со крајни напори го задржуваме сопствениот оргазам за да и пружиме поголемо задоволство на партнерката и на крајот кога ке сватиш дека си излажан а сиот труд ти бил залуден и едноставно кажано си бил само секс машина која работи и се поти на празно во празен од.Па вие што глумите оргазми на дечковците ке биде подобро да се соочите со вистината а не да бегате од проблемот за да не излегуваат вакви работи како мојава.Па сево ова ја доведува во прашање машкоста на секое машко,како што читав овде по сајтов мнозинството од девојките имаат дечковци(ПАСТУВИ)со по 20см и повќе па се запрашав дали моиве 16см и се доволни.Ајде да ви кажам вака излезете од заблудите и лагите па ја овде сум со 100тина мажи кои секојдневно одат на туширање па да ви кажам дека имаме 3 натпросечни пастуви дали ке ми верувате.Ама ете човечката психа продолжува да работи и нема ништо на светов што ке ја запре.Сетете се на вас пример: Девојчиња во пубертет зарем не сте фрлиле поглед во веќе возрасните жени за веднаш по тоа не сте застанале пред огледало со мислата,,леле имам мали гради,,какво ви било чувството ама искрен одговор.За тоа дека денешниве жени се попаметни и пообразовани се сложувам ама дека требало да се вратам дома за да сме живееле посиромашно но среќно како во приказната за пепелашка епа МАЛО МОРГЕН.Како прво ни ја ни сопругата не потекнуваме од некоја имотна фамилија па таа или јас да сме дошле за нечие богатство.Мое мислење може грешам ама имам прво да кажам!За мене маж не е маж кој зависи или живее под закрила на своите родители или пак чека да биде нечиј домазет па да добива милостина од родителите на жена му да лежи по цел ден дома и да се фали по другарите,еве јас со кур спечалив(извинете на изразот)Па да ве прашам јас нешто вака.Ајде вие со отприлика 20000ден односно 10 000ден по сопружник месечно платете кирија,сметки и купете млеко,памперси и марамици за 2малолетни деца,па за вечера кога нема што ке си легнете така гладни правејки си шеги на своја сметка дека вечерата не била добра за вашата линија.Па тоа го доведува нашиот(БАЛКАНЕЦ)со типично МАКЕДОНСКО однесување да си го земе куферот и да тргне на гурбет по светот.За тоа што велите дека жената млада и требало маж па зарем мислите дека на мажот не му треба жена!!!Треба да јаде да се пере да не е парталав и испокинат итн.Или мислите ајде сега на печалка е има пари ке јаде по ресторани ке се пијанчи по барови и ке остава дебели бакшиши на келнерките.Има и такви не викам не ама до сега чувал бог а отсега натаму ке видиме.Па како што прочитав негде може да маструбира колку сака ама сексот си е секс.Па дали и јас сум луд да маструбирам???Не кажале џабе,,NO MONEY NO HONEY,,На сето ова како капак ке ми кажете дека сево ова е плод на мојата имагинација и љубомора.Па добро како би реагирале вие на ова ако некој долева масло на оган и продолжува да лаже и во тој афекат и налет на бес ја и викам ајде сега слободна си ако неможев јас некој друг нека ти заврши работа и нека се изживува на тебе а а таа ми одговара цитирам,,Од кај знаеш дека се изживува може ужива,,Какво чувтво ке пробуди кај вас доколку добиете ваков одговор ама кажете искрено.Која и е целта на сето ова? Што сака да докаже?Но сепак да одговорот гласи: Да мажите се криви не посветиле доволно внимание и како што рековте добра предигра и оралка ке заврши работа.Па дали вие би имале оралка ако партнерот ви каже дека другата уживала во него а тој пенетрирал длабоко во неа за да вие после тоа имате оралка па и да знаете дека биле измислици со цел да ве повреди некој.???Дали со вакви напади кон мене сака да се одбрани за своите лаги или па ме става на тест да види колку можам да издржам и што и е целта ако ме направи љубоморен?Еве ке ви кажам што напрви до сега само ја влоши ситуацијата.Па веќе не можам ни да маструбирам на неа сега ја не можам да свршам.Прашање:Дали вие ако сте одалечени од партнерот и вашиот брак или врска се темелела на лаги,глума и последново ви ставале сол на жива рана би ги затвориле очите и пак би го замислувале партнерот додека маструбирате или потајно ке почнете да замислувате некој друг?Тоа води кон следново ОДМАЗДА да сега сум спремен и на тоа па да си ја пробам машкоста да видам како беше да флертуваш и да освојуваш после 8години.Прашање:Зарем некоја од вас да е на мое место не би се одмаздиле да докажете прво на себе дека сеуште сте поскувана,привлечна и сексипилна личност а после и на другиот партнер дека и вие не сте парче за фрлање?Еве до каде и какви размислувања може да доведе вашата глума и лаги.Дали мислите дека ако пак се смирам со неа дека ке бидам истиот тој во кревет што сум бил порано и нема секој нејзин гест да го гледам како глума и лага а може и сигурен сум дека ке успеам во тоа да ја доведам до кулминација бидејки еднаш веќе успеав,илиии пак не и тоа било лага???Еве до кај ве води сега лагата не знам веќе во што да верувам а таа како што веќе кажав продолжува со лаги.Сега си мислам кога женава би се пријавила на Момент на вистината би паднала уште на првото прашање.Се извинувам на модераторите на сајтов за моиве долги и заморни одговори,ако има нареден одговор ке се обидам да биде што е можно по краток.Ако некој од читателките или читатели иако не именував никој се најде навреден го молам да ми прости и однапред се извинувам не сакам со никој да влегувам во конфликти.Едноставно не барам некој да ме сожалува ми треба само совет(помош)што понатаму.А изреката гласи доколку некому не можеш да му помогнеш не му одмогнувај.
     
    На veri, EnnieFabulous, Kala001 и 2 други им се допаѓа ова.