1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глуми оргазми и продолжува со лаги

Дискусија во 'Секс' започната од Scorpion81, 31 август 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Дали вреди за ваква работа да растурите брак, знаејќи дека се сакате? Уште постои љубов во вас, ако се разведете само ќе патите, а ќе патат и вашите деца. Безвеза, секој има мали кризи во брак, караници, али ако не се сериозни се надминуваат, па не може на секоја кавга и ајде развод. Попуштите двајцата, и почнете одново, не мислите само за г'зот ваш, имате деца! Таа е крива пошто заради нејзините лаги дошло до ова, али ти си требало поинаку да се справиш со ситуацијата, ајде смири си ја душичката и попушти и пробајте пак.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Кажано е многу на темава...Од ова само може да се заклучи дека трепение има се помалку...љубов и не знам баш :?: ...и факт дека машки и женски стануваат егоисти,себични...И поради овие фактори, бракови и врски се распаѓаат ко кула од карти.Жално но вистинито. :|
     
  3. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    :o :o :o страшна работа-само тоа ќе кажам,глупости невидени!!
     
  4. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Боже Боже, ве читам и се чудам. Факт е дека и двајцата сте виновни, ама жално е што сте одвратни карактери. Се прашувам само, дали сте свесни колку ќе се каете еден ден поради ова :x
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Незнам што да кажам,ова за мене се чисти глупости,луѓето имаат сериозни проблеми а они ке се разведуваат заради повредено его,па и уште посмешно се расправаат преку форум |(
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    А да те прашам вака, кај си успеал во животот?? во тоа што си ја оставил сама за да земаш повеќе пари во странство?? тоа за тебе е успех?? човеку ти си толку нестабилен и неразумен што не можам да верувам! што? овде не можеше да ја гледаш фамилијата??? како многу луѓе што успеале да ги изведат децата на прав пат, така можеш и ти, но не сакаш! убаво ти е таму! моите родители ме гледале во сиромаштија, со позајмено брашно за да месат леб, па еве ме сега паметна и возрасна девојка што студира и ги почитува своите родители и живее во раскош! А твоите деца ќе ти бидат благодарни што те гледале еднаш во 3 месеци и тогаш кога ќе те видат памтат дека си ја тепал мајка му???? треба да ти е срам!
    а жена ти, јас не ја оправдувам што ти криела за оргазамот, но тоа не е причина за равод на брак, а ни таа лага што ти ја кажала за никот на фемина! Ти ставиле во умот дека таа има друг! а неа не мислиш ли како и е, кога не знае што правиш ти таму?? ако си ја сакал ќе си останел покрај неа или ќе си ја земел со тебе! брак со две деца не се живее на далечина! ако си немал доволно финансии не требало да се жениш и после заради сето тоа да го растуриш бракот! мислиш само на егото! не ти треба тебе порно глумица, ти треба жена што ќе те сака и со која што треба да водиш љубов, а не да ја плескаш!
    не ме сфаќај погрешно, јас немам ништо против тебе, но мораш малце да поработиш на себе, не е крива само таа, двајцата сте криви и мора да го решите, а не да страдаат невини деца заради вашите незрелости!
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Од целава приказна не ми се верува дека ке растураат брак за едно ебење , да простите, :lol: ако веке решиле да имаат деца треба да мислат прво на нив , а после на оргазми и слични ситници, лажела , па чудо големо, кој не лаже, ја со дечко ми идам 7 години, првите три беа бомба во сексот, сега веке не е така, али што, за тоа време развивме други мегусебни поврзаности, длабока љубов , почит , не се срамам да му кажам дека некогаш не свршувам , не е крај на светот. Сега планираме деца , се обидуваме, ке се земеме, и сигурно нема да си дозволам после толку време заедно за еден оргазам да растурам се.Па добога не сме порно ѕвезди, не е се во креветот!!!!!! :fubar:
     
  8. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    Koga rezijata bi bila podobra,..mozebi i scenarieto bi mozelo da se progolda...
    navidum tipichna sekojdnevna drama...so nesekojdneven rasplet.................
    ...sopruznicite zavrshuvat na ist zenski forum... :o :o...Interesno... :)

    Moram da mu priznaam na avtorot deka vo prv moment ne pomisliv deka e lazirano...
    mada malku mi nalikuvashe na eden drug nik...
     
    На Winter.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Јас имам една дилема..дали скорпион намерно ја постави темата на фемина и бараше помош и мислење иако знаел дека сопругата е регистриран корсиник?
     
  10. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ^ И јас истото се прашувам...
    Femina - Брачно советувалиште
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Скорпион тебе грешка ти беше што ја постави темата овде. Си се надевал дека ќе добиеш корисни совети, ама на крај уште повеќе ја влошивте ситуацијата. Не можеш така лесно да ја прекинеш комуникацијата со жена ти, како што викаш дека си ја избришал од мсн и дека не сакаш да контактираш веќе со неа :fubar: Тоа се глупости, такво нешто му личи на некое дето од 17 год. ама не и на фамилијарен човек. Глумела оргазам и ајде сега разведете се заради тоа :^) Малку нелогично, нели? Премногу лесно се откажувате и двајцата. Ако се сакате уште, седнете разговарајте, признајте си ја вината, не се обвинувајте еден со друг туку сфатете дека и двајцата сте биле криви и дајте си шанса да го решите проблемот и да го зачувате бракот. Луѓето се соочуват со многу поголеми проблеми па успеваат да ги надминат, а вие одма разводот го гледате како решение. Помислете малку и на децата. Секој пар има периоди на проблеми во сексот, ама сето тоа може да се реши кога без страв и срам ќе си кажете што сакате и што ви треба за да доживеете максимално задоволство.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Уф, ме испровоцира да пишам и јас. Абе што можеш да очекуваш....ај просто ке ти кажам да разбереш а јас да не давам тука. Ти на печалка така, и што очекуваш да ти се врти по глава таму ???? Сето тоа те полни со бес и гнев, нервоза, насилство над жена - срамота. Ако сака таа да те изневери ке те изневери бре брале и да си тука, така да тоа веднаш извади си го од мозочето. Што се однесува до сексот и таа неможе да сврши па ти глуми (за да не те повреди и зголеми притисокот) ке ти кажам дека е нормално. Сигурно и тебе некад ти се деси да неможеш да свршиш после толкава апстиненција а да не зборам за притисокот кој го имате и двајцата да после 6 месеци или што ти знам ја колку месеци да биде све екстра и совршено и свршено....
    Ова ти е само криза која ке помине само ако малкуу повеќе си го исконтролираш машкото его и нормално седнете и разговарате што ви смета и што сакате и дваицата. И едно ке ти кажам - ова малку и од искуство ;) ако си повеќе од 3 год. на печалка враќај се дома за да си го спасиш семејството-бракот, твоето мозоче...на пари никогаш доста 8) . Лесно е да растуриш брак ама пробај да го задржиш!
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Која патетика е човекот брееееј. Јака ти душа жено што си решила со овој да стапуваш во брак и да формираш фамилија. Цел живот сум сведок на такво малтретирање и слушам закани од тој тип за кои нема никаков повод, затоа знам дека таквите луѓе треба од далеку да се заобиколуваат.
    Нит пишувам со цел да држам предавања и да убедувам некој, туку си го кажувам сопственото мислење, кое патем сум го преживеала, и кое не се однесува стрикно на тебе Скорпион туку на сите мажи со таква ‘‘филозофија’’ дека тие се Глава на куќата, а жената нивна нема право на збор... всушност има право, ама ако нејзиното мислење не се поклопува со неговото, следува ќотек или во најмала рака закани дека ќе ја избрка, остави или ќе ја води на суд.
    Какви тешки зборови користи овде на форумот, а камоли кога е во афектна состојба или изнервиран... затоа го разбирам потполно и нејзиниот страв да прозбори за своите чувства.. а камо ли да се пожали дека не е задоволна од него.
    Па уште и глуми жртва тука на форумот, дека тој е повредениот и изиграниот. Ма оди бре човече додека е време кај некој психолог кој ќе те научи како да го контролираш твојот бес, а не да го истураш врз некој послаб од тебе.
    А ти повредена, немој да се кривиш себеси, и да му се потчинуваш и во никој случај немој да мислиш дека тој ќотек си го заслужила. Грешката е голема, ама последиците си ги сносила со самото тоа што не си уживала со години во сексот. А за него не му се секирај, нему сепак му било убаво...
    Поради децата, обиди се да разговараш и ако можеш да го спасиш бракот. Иако да не идам скептична, ама не гледам сјајна иднина за вас.
     
    На WomanInLove и tanja6 им се допаѓа ова.
  14. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Каков развој на настаните на оваа тема :)
    Јас сум една од тие што пишаа дека жената мора да има некој друг уште пред и таа да се појави.
    Ако си паметна под итно ќе си најдеш друг. Излези од тој шаблон на жртва. Ти живееш со насилник алоо! Нема никакво оправдување не две пет деца да имаш со него пак треба да си најдеш друг и да го оставиш. И тоа не заради што сексот не ви чини туку заради тоа што дигнал рака врз тебе. Што си мислиш ај ќе ќутам и трпам заради децата и заради светот тие што знаат како ми е ќе ме сожалуваат, а ако го оставам ќе речат ете ја таа си ај растури куќата го остави него и децата без татко. И да речат ич уво да не те боли. Ако останеш не им правиш услуга на децата туку цел живот ќе ги учиш дека можат да бидат насилници како татко им или жртви како мајка им а ни едното ни другото не е добро за нив. Како што пишав погоре тој може да оди да се лечи, да се советува да учи да се контролира ама тепачот е тепач и сега и по сто години.
    Имаш 27 години животот е пред тебе да најдеш некој што ќе биде покрај тебе да уживаш во врска со човек кој нема да те третира како стока. А тоа го сакам- ме сака остави им го на тинејџерите. Љубовта подразбира бакнежи а не тупаници.
     
    На Lolipop23 и violetblue им се допаѓа ова.
  15. Scorpion81

    Scorpion81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Eve jas ja pocnav temava pa i da ja zvrsam.Sakam da se zablagodaram prvo na nekoi clenovi sto navistina dadoa ubavi soveti za losite ne imenuvam ili citiram samo nemoj vie da bidete sudii ili pa tinejdzeri da davaat soveti na nekoj sto iskinal 2rala cevli povece od niv.Temava ja otvoriv ovde so toa sto sajtov e anonimen a ja imav problem koj me gusi i pobarav samo pomos a ne ostri kritiki i komentai deka sum psihopat.Za tie sto gi interesira eve vecerva se smirivme so soprugata i ne ocekuva dolg razgovor koga ke se vratam .Samo uste ova ne zivejte vo lagi zasto sekogas se doznava za se pa izleguvaat vakvi raboti.Inaku nemojte da ja stavate tugata ljubov na vaga za da ja merite zasto ljubovta na kraj sekogas pobeduva i gi leci site luzni pobrzo i od vremeto.Eve toa bi bilo za sega kako vika narodot:Pametniot sekogas popusta ne mi treba povece konflikti so vas i da se dokazuvam so nekoi ovde po net.zasto gi gledav vasite komentari i gledam deka poveceto ziveeat vo nekoja zabluda deka se sto leta se jade.Uste ednas blagodaram za korisnite soveti iako bea na prsti da gi izbrois.Te SАКАМ Povredena83 .Izvini za se.
     
    На povredena-83 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    :clap: :clap: :clap: :clap: Мило ми е што љубовта на крај победува а и како што кажа самиот љубовта ги лечи сите лузни и рани, Ви посакувам убав, среќен и долг брачен живот :)
     
  17. povredena-83

    povredena-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Mozebi nemase potreba od site ovie napadi i komemtari samo uste i jas dago dodadam svoeto sekoj si znae sto se slucuva vo negoviot zivot ,za raspravija sekogas se potrebni dvaica a edniot ima tezok karakter drugiot inaet pa doaga do nekoi vakvi raboti no ljubov sekako deka ima TE SAKAM I JAS TEBE NAJMNOGU.I ve molam dosta se navredite kakov e takov e TOJ E LJUBOVTA NA MOJOT ZIVOT toj i decinjata mise se na svetot.Sekoj brak ima i losa i dobra strana LJUBOVTA SEKOGAS POBEDUVA.TE SAKAM MNOGU I GI BROJAM DENOVITE KOGA CE BIDAM VO TVOJATA PREGRATKA :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Истото што му го кажав на маж ти ќе ти го кажам и тебе ЉУБОВТА победува на крај, браво за вас и оставете што зборат другите па секогаш на луѓето не им чиниш па си бил добар или лош.
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ова како во бајките...и на крајот среќно си живееа. :) Одлично штом сте се разбрале..од ова сигурно некоја поука сте извлекле.Инаку никој не треба да суди ни да му судат.Секој живот има различен тек...ништо не може да биде совршено...никому не може да му биде најубаво...Важно е да се разговара и да се има воља за решавање на било кој проблем и за да се оди понатаму.Секако љубовта игра најважна улога и таа е победник на се.Ви посакувам многу љубов и хармонија во бракот. :)
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле Скорпион и Повредена премногу ми е мило за вас :) . Секогаш навивам за љубовта :inlove: , посебно кога има и мали ангелчиња во прашање.


    Се надевам дека нема веќе да има лаги помеѓу вас, посебно не такви кои ви правеле непотребен притисок и на двајцата.
    И контролирајте ја малку повеќе вашата избувливост. :!:

    И ви посакувам многу вистински оргазми и на двајцата во иднина :tmi: :$ :D


    Се надевам дека моите мислења ви беа од корист.
    :hai: