Девоки,излезе вториот дел од оваа комедија,па дали планирате да го гледате и доколку сте го гледале како ви се допадна? Инаку,се прикажува во Cineplexx во City Mall
Втор е. Бидејќи е од истиот режисер и е оригинално надоврзување на првиот дел од '94. Филмот како се запознале е само заснован на тие карактери од оригиналниот филм, а и да се земаше како валиден in between дел, сигурно немаше да биде толку очајно дочекан од публиката. Барем според мене
Интересен, но ни налик првиот дел иако за тоа јас сум крива што одам со очекувања да биде барем исто добар или слично. Приказната на самиот филм е поинтересна од реализацијата, ама далеку од лош.
Тотално глуп филм. Американските комедии никогаш и немале некоја длабока хумористична поента. Се се сведува на евтини и глупави нереални фрази за да обичниот смртник што помалку го вклучува мозокот за размислување. Денес времето е пари.
Не можете да очекувате да го БУТНЕ првиот дел, тоа сигурно, ама филмот си е СМЕШЕН. Ако отидете со помислата дека нема да видите нешто подобро од 1от дел тогаш ќе уживате. Има некои смешни ситуации нормално, јас очекував искрено по Несмешен да биде, но се прелажав мило ми е што излезе 2 дел од овој филм, филмот на сите деца од 90тите , филм со кој сме пораснале .
Јас го изгледав филмот, според мене е предобар вреди да се изгледа, а и баш онака расположува. Цел филм е испреплетен од смешни ситуации и искрено мислев дека ќе биде понедобар од претходниот, но ме изненади и беше одличен.
Конечно и јас го гледав. Го чекав цела година и вредеше. Цел филм е со глупост до глупост, својствено за нив двајца. Само мене лично, првиот дел ми е се' уште на прво место, всушност не ни очекував вториов дел да го засени првиот. Тој филм ми е поим за комедија и ниту еден не може да го замени, можам да го гледам и илјада пати и пак нема да ми биде досаден. Не дека вториов не е добар, одличен е, ама првиот дел си е прв, ако одите со таа мисла нема да се разочарате. Како и да е, вреди да се гледа. Ќе се расположите и изнасмеете. И сега одвај чекам да излезе добра снимка, па и дома да го гледам уште еднаш. Ваквите филмови можам по сто пати да ги гледам.
Прилично интересен вториов дел, но сепак првиот си е култен, така да мислам дека нема место за дискусија. Има неколку сцени каде што стварно цела сала се утепавме од смеење. Ако сакате да се расположите и да си поминете убаво скоро два часа, гледајте го . Иначе ние имавме резервација за во понеделник и плативме 200 ден за карта.