Го гледав пред некој ден, мене ми беше пресмешен. Ќе го гледам пак. Првиот дел си го обожавам, башка е култен, не ни очекував вториов да го надмине ама сепак не ме ни разочара. Тоа и го очекував, правење глупости и смеење. Лесен, лабав за гледање и чудење до колку може да се глупави и двајцата. Јас ни во вториов дел не сфатив кој е поглупавиот . Подеднакво се глупи! Многу е смешен, секоја сцена ми е смешна. Многу ми се допадна тоа што направиле поврзување на случките од стариов филм со новиот.
Дојдов до добра снимка и го изгледав. Прво, се разочарав. Очекував поинтересно дејство, тема, настани и сл. Некоја блага реплика на првиот дел. Мислам дека да останев на треилерот, ќе имаше сега повисока оценка. Повеќе се имам смеено на рандом филмови и повеќе ми го имаат задржано вниманието.
Не ми се допадна, со сила го изгледав. Сите оние продолжетоци на филмови од типот 1, 2, 3 дел се само бледи копии на основниот филм.
Според мене вториот дел е поинтересен и посмешен. Карактеристична особина за Лојд и Хари е глупавоста која доаѓа до израз во секој нивна постапка. Во моментот кога помислуваш дека не може да се случи нешто поглупо од претходното, повторно има некоја глупа ситуација. Дефинитивно ќе го гледам уште еднаш, лесна комедија за релаксација.
Не ме разочара, не е како првиот, но сепак е мнооогу подобар од "комедиите" во последно време што излегуваат. Потсеќа на комедиите во 2000те, во тој стил е некако.
Не гледам многу комедии и такви смешни филмови ама другарка ми ме натера и го гледавме во Cineplexx. Значи почнаа солзи да ми течат од смеење, преинтересен беше. Имаше сцени каде што цела сала се смеевме.
Мене првиот дел повеќе ми се допадна. Во вториов дел хуморот ми беше некако "смотан". И крајот беше лош, измешано се.
Дефинитивно , со првиот дел не си може , го гледав до средина некаде и се откажав , не ми беше воопшто убав и смешен.
Една од најјаките фрази во првиот дел ми е кога Лојд и објаснува на Мери Свонсон како одгледува кучиња и последно што направиле е успешно спојување на раса булдог со шитсу од која се родила раса булшит
А кога во првиот дел Џим Кери ќе го утепа со тапа од шампањско сиротото исландско бувче и сите ќе останат шокирани, а тој онака кул несвесен што се случило вика,журкава некако замре А претходно толкав говор за бувчињата, кога викаа со ваша и божја помош овие ретки прекрасни суштества повторно ќе се размножуваат и после тоа само пердуви се разлетаа